Турскиот ,,Робин Худ” им ги отплаќа долговите на сиромашните

Никој не знае кој е човекот што им ги плаќа долговите на сиромашните во Истанбул , а тој открил само дека сака да заслужи благослов од Бога.

Анонимен добротвор минува низ сиромашните населби во Истанбул, Турција и ги исплаќа долговите на граѓаните во локалните продавници или им остава пари на прагот. Сето ова се случува во време кога јавноста се повеќе се грижи за растот на бројот на самоубиствата, што се припишува на опаѓање на животниот стандард и драстичното зголемување на цените.

Жителите на Тузла, населба од работничката класа на азиската страна на градот, каде се наоѓа бродоградилиштето, беа воодушевени минатата недела кога откриле дека нивните долгови се исплатени во неколку продавници. Но, тие не знаат кој е добротворот, пишува „Гардијан“.

- Некој дојде и ме замоли да му покажам тетратка каде што ги запишувам долговите на моите муштерии. Четири лица имаа многу големи суми и му кажав каде живеат. Тој се врати откако разговараше со нив и им ги исплати долговите. Исто така, дознав дека тој им дал некои пари на повеќе семејства. Го прашав за неговото име, но тој само ми рече - викај ме Робин Худ - изјави сопственикот на продавницата  Демирен Коакун Јилмаз за турските медиуми.

Цените на храната и домувањето се зголемија од паѓањето на турската лира минатата година, и иако инфлацијата опадна, невработеноста сè уште расте, при што цената на електричната енергија се зголеми за десет пати од минатата година.

Се тврди дека истиот добротвор во март годинава оставал коверти од по 1.000 лири пред вратите на сиромашните семејства низ градот. Тој исто така во јуни отплати долг од 25.000 лири во разни продавници .

- Човекот ми рече дека дошол да ги исплати долговите на оние што не можеле тоа да си го дозволат. Јас работам тука веќе 30 години и го искусив ова за прв пат. Муштериите беа многу среќни и сакаа да го запознаат, но не знам кој беше тој. Не сакаше да се претстави и рече дека го прави тоа за да заработи благослов од Бога – изјави Тунгај Јашар, трговец во населбата Тузла.

Кој и сервираше појадок во кревет на Елизабет Харли?

Елизабет Харли е жив доказ дека годините се само бројка.

Сексапилната Англичанка во шестата деценија од својот живот има совршено тело, кое често го користи за да ја рекламира својата линија на костими за капење.

Таа своевремено имала бурен љубовен живот. Но Елизабет одамна не е видена во машко друштво а да тоа не е нејзиниот син или некој пријател. Пред неколку дена таа ги заинтригира своите фанови на Инстаграм кога објави фотографија од кревет.

Позираше покриена со јорган и со чинија овошје во рацете а многумина се запрашаа кој и сервирал појадок во кревет на Елизабет?

Научниците за прв пат ја измерија брзината на отчукување на срцето на синиот кит кога ќе нурне

Научниците со помош на електрокардиограф прицврстен за телото на синиот кит за прв пат во историјата ја измериле брзината на отчукувањето на срцето на ова животно.

Кога ќе се нурне под вода во потрага по храна, заклучиле дека има само неколку отчукувања во минута.

Научниците заклучиле дека, најголемиот цицач, синиот кит, кој може да достигне должина и до 30 метри и да тежи 200 тони, ја намалува активноста на срцето на само неколку отчукувања во минута кога ќе се нурне во вода.

Кога  синиот кит е под вода на моменти срцето му чука со само две отчукувања во минута а откако ќе излезе на површината на океанот и ќе вдише воздух срцето му чука со 37 отчукувања по минута, пишува „Ројтерс“.

Кај луѓето, срцето во состојба на мирување отчукува во распон од 60 до 100 отчукувања во минута а за време на напор или вежбање околу 200 отчукувања во минута.

.

Мекларен го претстави најмоќниот модел од својата Спорт серија

Британскиот Мекларен поприлично богатата година, кога се во прашање новите модели, ја заокружи со најмоќната верзија од својата Мекларен Спорт серија.

Се работи за ограничена серија од тркачкиот модел „620R“ прилагоден за цивилна употрева.

Мекларен ќе направи само 350 примероци со 3.8 литарски „V8“ мотор кој испорачува 611 коњски сили.

Овој модел базиран на тркачката верзија  „570S GT4“ забрзува од 0 до 100 км/ч за само 2,9 секунди.

За сопирање на „620R“ се задолжени карбон- керамички сопирачки со дискови со дијаметар од 390 милиметри напред и 380 милиметри назад.

Почетната цена на моделот е 299.000 долари.

притисни ентер