Ford vs Ferrari по само една недела од премиерата , ги урива рекордите (ВИДЕО)

Иако се прикажува помалкуод една недела во кината , филмот Ford vs Ferrari и критичарите и публиката го прогласија за феномен на годината.

Филмот Ford vs Ferrari ја следи приказната на возачот на тркачки автомобили Кен Мајлс ( Кристијан Беил) , кој се здружил со американски дизајнер на автомобили Керол Шелби (Мет Дајмон) , за да направат револуционерен автомобил на Форд , кој на трка би го победил легендарниот Ферари.

Но, филмот не е само за врвните автомобили, туку се работи и за комплицирани меѓучовечки односи, а благодарение на емотивниот набој, филмот заработи 31 милиони долари по првиот викенд и 92 проценти на Rotten Tomomat.

Доби пофалби и од критичарот на „Форбс“, Марк Хјус.

„Не мора да го сакаш Форд за да навиваш за него. Всушност, не мора да сакаш тркачки автомобили за да бидете воодушевени од овој филм. Ќе ти го зграби срцето на прв поглед и нема да го пушти. Приказната ја носат ликовите и е полна со убави конфликти. Автомобилите овде ја претставуваат амбицијата, имагинацијата, храброста и волјата на патот полн со пречки и ривали обидувајќи се да ги уништат надежите и судбините на оние кои се осмелија да сонуваат големи соништа “, пишува тој.

Судејќи според коментарите на луѓето кои го гледале филмот, и публиката се согласува.

Почнаа изборите во Индија - се гласа до 1 јуни, право на глас имаат 968 милиони луѓе

Во Индија денеска почнаа парламентарните избори со најголем број гласачи во светот, а премиерот Нарендра Моди ќе се обиде да добие трет мандат.

Главниот ривал на партијата Бхаратија Џаната (БЈП) на Моди е коалицијата „Индија“ на Рахул Ганди.

Парламентарните избори во Индија ќе траат до 1 јуни, а право на глас имаат 968 милиони луѓе.

Граѓаните ќе избираат 543 пратеници во Долниот дом на парламентот.

На претходните избори БЈП освои 303 пратенички места, а опозицискиот Индиски национален конгрес (ИНЦ) 52 места.

Гласачите ќе гласаат на електронски гласачки машини, а за да се обезбеди сигурност гласањето се одвива во седум фази - 19 април, 26 април, 7 мај, 13 мај, 20 мај, 25 мај и 1 јуни.

Ибраимоски и Глигорова: „СТОП за извршителите, брзите кредити и должничкото ропство“

Носителот на пратеничката листа на коалицијата „Храбро за Македонија“ во изборната единица пет, Самка Ибраимоски, денеска заедно со активистката и кандидатка за пратеничка Ана Глигорова ја посетија Битола. 

Носителот на пратеничката листа на коалицијата „Храбро за Македонија“ во изборната единица пет, Самка Ибраимоски, денеска заедно со активистката и кандидатка за пратеничка Ана Глигорова ја посетија Битола каде се потпишуваше петицијата „СТОП за извршителите и брзите кредити“.

Воедно, Ибраимоски и Глигорова нагласија дека оваа борба за правда, за враќање на извршителите кадешто им е местото и ослободување на народот од должничко ропство е еден од главните приоритети на предизборната програма на коалицијата „Храбро за Македонија“.

- Денеска бевме во Битола, на средба со граѓани. Имавме петиција за „СТОП на извршителите“ и стоп за кеш кредити, успешна петиција.

Суштината на нашата кампања во изборна единица пет, ќе биде токму оваа агенда: „СТОП за извршители и СТОП за брзи кредити“. - нагласи Глигорова.

- Ме радува што сите граѓани ја прифатија нашата иницијатива и се потпишаа многу луѓе и тоа е добро, што народот почна поинаку да размислува за разлика од претходно. И очекувам дека и во другите градови, како што се Ресен, Охрид, Струга, Демир Хисар и другите околни места, ќе ни ја дадат поддршката за парламентарните избори, истакна претседателот на ПЦЕР и носител на пратеничката листа, Самка Ибраимоски.

Центар за комуникации на ГРОМ, коалиција „Храбро за Македонија“

Арсовска изврши увид на градежни работи на реконструкција на водоводна мрежа во Гази Баба

Град Скопје денес реализира уште еден проект од големо значење за граѓаните. 

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска заедно со претставници од Секторот за планирање и уредување при Град Скопје и скопското јавно претпријатие „Водовод и канализација“ извршија увид во завршните градежни работи на реконструкција на водоводната мрежа на ул. Антон Попов во општината Гази Баба.

Со изведбата на водоводните приклучоци на овој потег кои се поврзуваат со постојната водоводна мрежа со профил од 150 милиметри, се решава повеќедеценискиот проблем на жителите со честите прекини во водоснабдувањето поради застареноста на системот, а се решаваат загубите на вода и трошоци за поправките на дефектите на водоводната мрежа.

Изведбата на овој проект претставува дел од програмата на градоначалничката Данела Арсовска за обновување на градската мрежа, во децениски заборавените населени места, што претставуваше и долгогодишно барање на жителите од тој дел на градот.

Град Скопје

притисни ентер