Најбрзиот електричен болид доаѓа од Јапонија и чини најмалку 2,9 милиони (ВИДЕО)

Најбрзиот електричен болид доаѓа од Јапонија и деновиве почна неговата продажба.

Болидот се вика Аспарк Оул , а премиерата ја имаше на салонот за автомобили во Дубаи. Само за резервација на овој болид треба да се плати 50 000 евра, а почетната цена е од 2,9 милиони евра. Ќе се изработат само 50 примероци од возилото. Најбрзиот електричен автомобил ќе достигнува 100км/час за 1,69 секунди , а до 300 км/час за помалку од 11 секунди. Ќе вози и над 400 км/час.

Сето ова е можно со најсилните електрични мотори вградени во еден автомобил. Четирите произведуваат 1480 kW / 2012 КС и 2000 Nm, и вртат дури 15,000 вртежи во минута. Батериите се само 45 kWh и ќе обезбедат опсег од 450 км.

Aspark Owl има височина од само 99 см.

Овој јапонски автомобил следната година ќе го нападне Нирбургоринг, а потоа ќе следуваат и првите испораки. Автомобилот ќе се произведува во Италија и за него е задолжен Manifattura Automobili Torino.

Во Мексико Сити измерени рекордни 34,2 степни Целзиусови

Во главниот град на Мексико вчера е регистрирана рекордно висока температура од 34,2 степени Целзиусови (93,6 Фаренхајти), изјави директорот на Националната комисија за води, Герман Мартинез Сантојо.

Тој додаде дека претходниот рекорд од 33,9 степени Целзиусови во Мексико беа измерени на 9 мај 1998 година. /МИА

Уапсен малолетник од Тетово кој одзел автомобил

- Полициски службеници ноќеска уапсиле малолетник во Тетово, кој украл возило „фолксваген пасат“. Возилото и е вратено на сопственичката, а против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава.

- Ноќеска, во 02.05 часот во Тетово, полициски службеници лишиле од слобода малолетник. Тој се сомничи дека околу 01.00 часот од ул. „Благоја Тоска“ во Тетово одзел патничко возило „фолксваген пасат“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на тетовката М.С.(46), по што бегајќи со возилото оштетил друго патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на тетовецот Ш.С.(45), информираат од МВР.

Возилото било пронајдено и вратено на сопственичката, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Разновидна исхрана за правилен развој на детскиот мозок

Храната што децата ја јадат влијае на нивниот развој, но и на развитокот на врските во нивниот мозок, објави списанието „Педијатрикс“ (Pediatrics).

Насоките на Американската академија за педијатрија (ААП), ги наведуваат протеините, цинкот, железото, фолатите, одредени витамини и незаситените масни киселини како најважни хранливи материи за бебето. Имено, исхраната во којашто недостасуваат овие хранливи материи може да доведе до доживотни последици во работењето на мозокот. Д-р Сара Џејн Шварценберг од Комитетот за исхрана на ААП вели дека се препорачува доењето да трае до околу шестмесечна возраст. После тоа, мајчиното млеко не ја обезбедува доволната количина железо и цинк што им е потребна на бебињата кои растат.

- И друга храна за бебиња е збогатена со цинк и железо, но пасираното месо е добар природен извор на овие хранливи материи. Житарките за доенчиња исто така се збогатени со овие хранливи материи и можат да бидат добра прва храна за бебињата, појасни д-р Шварценберг.

Кога ќе потпорасне, најдобра исхрана за едно дете е онаа разновидната - со малку месо богато со протеини, но и овошје и зеленчук коишто содржат разни и различни витамини и минерали.

- Доенчињата се многу чувствителни на недостаток на хранливи материи. Нивниот мозок се развива со висока стапка меѓу првата и втората година, така што педијатрите треба да препорачаат здрава палета на храна, додава лекарката.

Истражувањата покажуваат дека раната здрава исхрана е важна за развој на здрав мозок. Ако тоа се одложи, има помала можност за надоместување на изгубеното време потоа, според стручњаците. /МИА

притисни ентер