Драма во Белград – полицаец се заклучил во стан и се заканува дека ќе се самоубие (ВИДЕО)

Полицаец , за кого се смета дека е вооружен влегол во стан во Белград од каде се заканува дека ќе се самоубие , пренесуваат српските медиуми.

Според медиумите , мажот на 42 – годишна возраст се заканува дека ќе се самоубие . На местото се три противпожарни екипи , пет полициски возила и итна помош. Српски Телеграф јавува дека претходно полицијата добила дојава за семејсно насилство во станот. Додаваат дека сопругата и синот го напуштиле станот, а тој го зел оружјето и се заклучил.

Тој наводно претходно имал расправија со својата сопруга. Преговарачкиот тим е исто така на теренот.

Телеграф додава дека атмосферата е напната и дека во еден момент полицискиот службеник скокал од еден дел од терасата на друг, извикувајќи дека не сака да види никого.

Во еден момент тој ги фрли појасот и пиштолот преку оградата во дворот.

Џонсон испече пита , Корбин стана пред зори на последниот ден од британската кампања (ВИДЕО)

На неколку часа пред круцијалните избори, британскиот премиер Борис Џонсон и неговиот противник од лабуристите Џереми Корбин го обелоденија својот последен потег за победа на изборите.

На крајот на кампањата во која печеше крофни, промени тркало на Формула 1 и оголи картонски sид како симбол на кризата со Брегзит, конзервативниот лидер го започна денот со разнесување шишиња со млеко во селото Гвизели, Јоркшир, северна Англија

Потоа, тој подготви пита со говедско месо и пиво.

Ако победи, Џонсон планира да го „загрее“ текстот за Брегзит и повторно да им го сервира на пратениците.

„Да ја ставиме во рерна, да ја затвориме вратата, да ја извадиме и еве, Брегзитот заврши!“ рече Борис Џонсон додека печеше пита.

Неговиот противник Џереми Корбин, претседател на Лабуристите, ги собра приврзаниците пред зора во Глазгов, Шкотска, каде се надева дека ќе ги придобие приврзаниците за независност од Британија. Тој им вети на гласачите „надеж“ и „безбедност“ и го нападна Џонсон за неискреност, обвинувајќи го за „давање ветувања кои утре се претвораат во магла“.

Со оглед на неодамнешниот пораст на анкетите на Лабуристите, Џонсон се заканува со отсуство на мнозинство во парламентот што ќе ја продолжи политичката криза.

„Ќе се бориме за секој глас“, истакна деенска Корбин.

Според најновата анкета на YouGov, Конзервативната партија води со 339 од вкупно 650 места. Тоа се 20 пратеници помалку отколку во претходните проекции на институтот објавени на 28 ноември, но 22 повеќе од изборите за 2017 година.

Институтот наведува дека таков резултат би бил „најголемиот успех на конзервативците од 1987 година“ за време на мандатот на Маргарет Тачер. Но, маргината на грешка, влијанието на можното прагматично гласање и последниот тренд во корист на Лабуристичката партија, може да доведат до изгласување парламент без мнозинство.

Пендаровски, покровител на илјадагодишнината од основањето на Бигорскиот манастир

Претседателот Стево Пендаровски денеска за време на посетата на општина Дебар, која се релизира во рамки на проектот „Лице в лице со Претседателот" го посети и Бигорскиот Манастир, каде имаше средба со игуменот, Архимандрит Партениј и со братството.

Целта на посетата на Пендаровски, како што соопштија од Бигорскиот манастир е одблиску да се запознае со целокупната мисија на Братството, во пресрет на илјадагодишнината од основањето на Бигорскиот Манастир (1020-2020), на чијашто прослава покровител ќе биде токму тој.

Архимандритот Партениј по повод јубилејот го замолил претседателот да биде покровител на илајдагодишнината.

Во текот на следната година планирани се различни активности посветени на јубилејот, а на есен планирана е централна свечена прослава, заедно со архиереите од Синодот на МПЦ-ОА, гости од странство и многуброен народ.

-Бигорскиот Манастир е мошне значаен не само од духовна, туку и од национална гледна точка, затоа што голем дел од преродбениците од 19 век, народните будители, поминале токму низ неговото ќелијно училиште и дале голем придонес за културно-духовното богатство што го имаме денес. Затоа, треба сите да се вложиме и да го прославиме големиот роденден на нашиот славен Манастир, изјавил архимандритот Партениј.

Според древното манастирско предание, шефот на државата бил пречекан со свечен пречек – иподохи.

-Дозволете ми, најнапред, од името на целото наше братство, како и од името на нашите штитеници, да Ви се заблагодарам за честа што ни ја укажавте денес, доаѓајќи во посета на нашиот Манастир. Откако е возобновено Монашкото општежитие во овој свештен Манастир и нашето братство ја започна својата мисија за помош на личности од ранливи социјални категории, Вие сте првиот Претседател и висок државник воопшто, што така отворено и срдечно посака да се сретне со нашите штитеници и да оствари личен и присен контакт со нив. Тоа несомнено сведочи за благородството на Вашата личност, му порачал архимандритот Партениј на претседарелот Пендаровски.

Тој му напоменал дека традицијата на православната Црква е секогаш да се моли за оние што го предводат народот, „бидејќи молитвата за народните водачи е од витална важност за добробитот на една држава и на нејзиниот народ".

-Очигледно, Вие покажувате почит кон својот народ, меѓу другото и со тоа што посакавте да ја посетите нашата Обител, да ни укажете чест, да дадете една своевидна потврда и државнички легитимитет на делото што го правиме, особено со младите луѓе кои се лекуваат од различни зависности. Големо достоинство е за нас што Вие, како Претседател на нашата држава, посакавте да се сретнете со младите што се лекуваат кај нас од тие модерни страсти на денешницата, кои навистина се голема напаст за едно општество, нагласил архимандритот Партениј.

Пендаровски, прифаќајќи ја поканата да биде покровител на Илјадагодишнината нагласи дека во манастирот не доаѓа како политичар, туку како обичен граѓанин, изразувајќи благодарност за понудата да биде покровител на јубилејот.

-Сакам да се заблагодарам што ми предложивте да бидам покровител на манифестацијата: илјада години Бигорски Манастир, бидејќи овој Манастир има значење на столб на нашата духовност. Затоа, оваа покана за мене претставува голема чест. Самото времетраење и опстојување покажува дека станува збор за многу длабок корен, кој ние, денешните припадници, не само на православната вера, туку и сите луѓе кои гравитираат од овој простор, мораат да го почитуваат. Ако не ги почитуваме корените, сигурно нема да имаме ни иднина, изјави Пендаровски.

Претседателот изрази благодарност со Манастирот поради активностите за лекување на зависниците.

-Добро е што има институција која има илјадагодишнино траење; што има луѓе кои се полни со знаење и мудрост и искуство, собрани на едно место, и што можат да ви пристапат како втора фамилија, како втори татковци, втори мајки, втори родители. Имате уникатна прилика да се избавите од неволји со помош на овие благородни луѓе. Сакам да дадам поддршка на оваа мисија која ја прави братството, бидејќи, за жал, тие модерни пороци зафаќаат сѐ повеќе и повеќе од младата генерација. Сѐ помалку и помалку се оние кои им одолеваат. Вие сте единствени кои го враќате балансот и надежта дека не е сѐ изгубено во судирот со модерните предизвици, ако можам така да ги наречам. Дека не е нужно модерниот човек да биде роб на тие навики, туку можеме и ние самите да бидеме господари на нашите животи. Се разбира, под услов ако доволно длабоко и доволно интензивно веруваме во нешто повисоко, поморално, поетичко. А тоа се корените на кои почива и нашата нација и нашата држава, нагласи претседателот.

Пендаровски имаше можност повеќе да се запознае со содржините на Манастирот, како и да оствари личен контакт со манастирските штитеници, коишто се лекуваат од зависности и пороци./МИА

Путин го нападна ЕП поради пактот меѓу Хитлер и Сталин

Претседателот на Русија, Владимир Путин, го нарече ставот на Европскиот парламент „бесрамна лага“ за пактот „Молотов-Рибентроп“.

Пред два и пол месеци, Европскиот парламент усвои резолуција во која се вели дека договорот за агресија и пријателство меѓу Германија и СССР, именуван според дипломатите кои го потпишале во Москва, Вјачеслав Молотов и Јоаким фон Рибентроп, „го отвори патот за избувнување на Втората Светска војна “.

Русија го задржа советскиот став дека договорот бил неопходно зло за да се спречи нацистичката офанзива на Комунистичкиот Советски Сојуз, која сепак беше покрената две години по потпишувањето. Нацистичка Германија ја нападна СССР во 1941 година.

Обраќајќи се на организаторите на прославата по повод 75-годишнината од крајот на војната, Путин рече дека ставот на ЕП „не се заснова на ништо реално“, се наведува во соопштението на Кремљ.

За историскиот договор со нацистите во Русија ретко денес се зборува , но победата на сојузниците, особено на Советите над нацистичка Германија, предизвикува огромна национална гордост.

Во резолуцијата на ЕП се наведува дека договорот имал за цел да ја подели Европа „помеѓу два тоталитарни режими “ , на нацистичка Германија и комунистичкиот Советски Сојуз.

притисни ентер