На ФЕИТ презентација на радар за детекција на мини

Презентацијата ќе се одржи во Центарот за трансфер на иновации и технологии ИНОФЕИТ по што ќе има практично демонстрирање во дворот на Факултетот.

Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" – Скопје денеска ќе презентира резултати од проектот „Радар за продирање во земја интегриран со хексакоптер за автоматска детекција на мини".

Презентацијата ќе се одржи во Центарот за трансфер на иновации и технологии ИНОФЕИТ по што ќе има практично демонстрирање во дворот на Факултетот.

Од ФЕИТ најавија дека на настанот ќе присуствуваат министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, деканот на ФЕИТ Димитар Ташковски и професор д-р Венцеслав Кафеџиски, раководител на проектот.

Успешно оперирани уште две деца со сериозни срцеви аномалии во „Аџибадем Систина"

Уште две успешни кардиохируршки интервенции се извршени кај двомесечно бебе и дете на возраст од една година и осум месеци на Одделот за детска кардиохирургија во Клиничката болница „Аџибадем Систина".

Кај двомесечното бебе кај кое постои тешка пулмонална хипертензија и отсуство на еден бубрег е затворен дуктус артериозус, додека кај детето на возраст од една година и осум месеци кое било родено со срцева мана тоа беше втора операција, откако на возраст од само три недели му била направена палијативна хируршка интервенција на срцето со цел да порасне доволно и да биде подготвено да се направи комплетна хируршка корекција на срцето, по што неделава во „Аџибадем Систина" му беше извршен целосен оперативен третман на вродена срцева мана тетралогија фалот, информираат од болницата.

Двете операции се покриени од Фондот за здравствено осигурување и беа извршени со консултативна поддршка на исклучителни професионалци, специјалисти од болниците на „Аџибадем" од Истанбул.

Претходно во болницата „Аџибадем Систина" беа оперирани и бебиња на девет и 11-месечна возраст. Операциите ги надгледуваше проф. д-р Тајар Сариоглу, детски кардиохирург од болницата „Аџибадем Бакаркој" од Истанбул, кој е пионер на детската кардиохирургија во Турција.

– Пред две недели веќе направивме две големи операции на отворено срце кај деца во „Аџибадем Систина". Докторите од Турција се само поддршка на тамошните лекари и ние само ги надгледуваме операциите. Нив ги изведуваат тамошните лекари, кои се многу добро обучени и кои се специјалисти во оваа област. Болницата е многу добро опремена за извршување кардиохируршки интервенции и поседува најсовремена опрема, истакна проф. д-р Тајар Сариоглу пред македонските новинари кои беа во посета на болниците „Аџибадем" во Истанбул.

Потребата за отворање оддел за детска кардиохирургија во „Аџибадем Систина" во Скопје, посочува докторот, произлегува од големиот број пациенти од Балканот кои доаѓале за срцеви интервенции во болниците на „Аџибадем" во Турција и планот е да прерасне во регионален центар за детска кардиохирургија и во иднина да се извршуваат сите видови хируршки интервенции кај деца, а дотогаш најкомплексните операции ќе се препраќаат во болниците на „Аџибадем" во Турција.

Во овие болници на годишно ниво се извршуваат околу 600 операции, а над 95 отсто од нив се успешни. Најчести се вродените срцеви аномалии, а од голема важност, како што нагласи проф. д-р Сариоглу, е тие да бидат направени во првите три месеци по раѓањето. Потенцира дека поради специфичноста на детската кардиохирургија, операции кај деца може да извршува само детски кардиохирург.

– Детската кардиохиргија е многу специфична гранка. Разликата меѓу детски кардиохирург и кардиохирург за возрасни е огромна. Во никој случај не смее кардиохирург за возрасни да оперира деца. Детскиот кардиохирург мора да биде обучен и да има големо искуство зад себе. Не само кај нас, и во Европа и во целиот свет за да оперираш бебе или дете мора да бидеш специјалист за детска кардиохиругија, додаде д-р Сариоглу.

Тим од десетина специјалисти кардиохирурзи, кардиолози, сестри, анестезиолози, перфузионисти со над 20-годишно искуство ќе им бидат на располагање на македонските лекари од Одделот за детска кардиохирургија во „Аџибадем Систина". Тие имаат извршено повеќе од 15.000 операции. /МИА

Хуманитарен фестивал за деца со попреченост во развојот „Од децата за децата" во Кинотека

Хуманитарен фестивал за деца со попреченост во развојот „Од децата за децата" ќе се одржи денеска во Кинотека, во организација на Здружението за култура „Македонски вознес".

Наместо влезница посетителите треба донесат прибор за училиште. Сите прибори за училиште ќе бидат наменети за учениците од ПОУ „Д-р. Златан Сремец" – Скопје и ДУРДМОВ „Димитар Влахов".

Присутните ги очекува одлична атмосфера и многу другарување со децата од државава кои ќе бидат таму со своите родители и ментори. Децата со попреченост во развојот и нивните родители секојдневно се соочуваат со потешкотии и предизвици кои можат да ги надминат, верувајќи дека постојат луѓе во државава кои ги сакаат и можат да ги поддржат, посочуваат организаторите. /МИА

Дневен хороскоп за 7. декември 2019 година

Дневен хороскоп за сабота, 7. декември 2019 година. 

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Вашиот стил на забава надалеку е познат по оригиналноста. Денеска дури и ќе претерате.

Кариера

Можно е дека ќе изјавите нешто што ќе повреди некого од вашите колеги. Затоа контролирајте си го јазикот.

Здравје и совет

Бидете умерени.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Денот е идеален за да останете дома , било во двојка или сами. Многумина нема да сакаат да излезат со друштво.

Кариера

Со олеснување ќе го прифатите фактот дека се наближува викендот. Тоа ќе ви ги олесни работните часови.

Здравје и совет

Наспијте се добро.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Некои денеска би можеле да се покажат како вистински сонувачи. Ќе сонуваат за љубовта што ја нема или ќе ги малтретираат другите со такви приказни.

Кариера

Кога ќе ги сведете сите сметки , ќе видите дека има нови трошоци , но и нови добивки. Пак сте на исто , не се нервирајте.

Здравје и совет

Одморете се.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Ќе дојде до мало подобрување на вашите лични односи, но и натаму тешко ќе наоѓате вистински зборови во комуникацијата со партнерот.

Кариера

За да ги ослободите новите идеи , поврзете се со младите соработници . Тие ќе ви помогнат за да се изразите.

Здравје и совет

Следете ги своите сништа.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Повторно ќе најдете рамнотежа во личните односи . На некои во тоа ќе им помогнат пријателите. Саканата личност сепак ве сака.

Кариера

На работното место ќе чувствувате мир и стабилност. Тајните остануваат за некој друг да ги решава.

Здравје и совет

Продолжете да го градите започнатото.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Веројатно ќе ја споите саканата личност со друштвото и така ќе минете една убава вечер или попладне.

Кариера

Веќе ништо поврзано со работата нема да ве загрижува. Вашите задачи ви се целосно јасни и тоа ви е доволно.

Здравје и совет

Вежбајте гимнастика.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Ќе копнеете кон својот љубовен идеал, но како што ќе минува денот , така ќе бидете свесни дека тој е далеку од вас.

Кариера

Ќе чувствувате преодна потреба да се повлечете , па ако е некако можно ќе се обидете да делувате од сенка.

Здравје и совет

Грижите што ќе се појават се обична илузија.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Доколку излезете, има голема веројатностубаво да си поминете. Сепак , внимавајте што зборувате за да не направите збрка.

Кариера

На работното место нема да бидете кој знае колку ангажирани. Се ќе одработите рутински и ќе ви недостига мотив.

Здравје и совет

Вежбајте јога за подобра концентрација.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

На моменти ќе имате потреба да пресечете и да избегнете некои напори или мали проблеми во врската, но тоа нема да биде потребно. Се е во ред.

Кариера

Мали недоразбирања во односите со соработниците ќе имаат преоден карактер, па не им придавајте значење.

Здравје и совет

Останете мирни.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Вашиот партнер ќе покажува потреба за повеќе нежности , па без проблеми ќе го направите тоа. Добро е.

Кариера

Повремено во главата ќе си ги анализирате претходните работни денови и предизвиците што сте успеале да ги совладате. Потоа ќе се опуштите.

Здравје и совет

Вежбајте на отворено.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ќе имате потреба да ги покажете своите емоции и ќе ја доживеете саканата личност на нов начин. Ќе има малку немир ,но врската е во ред.

Кариера

Ве очекува непромиослено однесување на вашите надредени , поради што ќе се чувствувате повредени.

Здравје и совет

Не ги земајте работите при срце. Ќе помине.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Денеска наоѓате вистински начин некому да ги покажете своите чувства , било да станува збор за погледи или само за зборови.

Кариера

Поради добро завршената работа , некои денеска би биле малку под заштита и пуштени дома пред крајот на работното време.

Здравје и совет

Имате право да уживате.

притисни ентер