Земјотрес кај грчкиот остров Хидра

Слаб земјотрес со јачина од 4 степени по рихтер е измерен југоисточно од грчкиот остров Хидра.

Атинската национална опсерваторија соопштила дека потресот бил забележан во 10:15 во море на 51 километар од островот, пренесе „АНА“.

Како што се наведува епицентарот бил лоциран на 122 километри јужно од Атина.

Малолетник нападнат со нож во Бутел

Непознати млади лица синоќа во Бутел со нож нападнале две деца, од кои едното било повредено, потврдуваат од МВР.

-Во полициската станица Чаир, малолетник од Скопје пријавил дека околу 19:45 часот, на ул.„Александар Урдаревски“ бил физички нападнат од неколку малолетници, со остар предмет, при што се здобил со повреда. Тој бил префрлен во градската општа болница „Свети Наум Охридски“, а потоа е пуштен на домашно лекување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

Југоисточниот регион ги утврди приоритетните проекти за подобрување на локалната патна инфраструктура

За реализација на проектите Центарот развој на Југоисточниот плански регион ќе аплицира до Бирото за регионален развој за нивно финансирање преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2020 година. 

 За идната година Советот за развој на Југоисточниот плански регион утврди приоритетната листа за реализирање на проекти кои ќе ја подобрат патната инфраструктура и ќе се овозможи поврзување на локални патишта во регионот преку средства од Бирото за рамномерен регионален развој и сопствено учество на општините од Југоисточниот регион.

На листата се изградба на мост на река Турија, на локалниот пат меѓу селата Просениково-Сарај, со вкупен буџет од 14,5 милиони денари, изградба на локален пат од село Дамјан до село Погулево во должина од 1.928 метри во општина Радовиш со вкупен буџет од над 16 милиони денари и изградба на локален пат за поврзување на населените места Бориево и Колешино-прва фаза со вкупен буџет од 16 милиони денари./МИА

Сараево, Белград и Скопје меѓу 10-те најзагадени градови во светот

Сараево, Белград и Скопје изутринава се меѓу 10-те најзагадени градови во светот.

Главниот град на Босна и Херцеговина, утрово е на второто место на листата на најзагадени места во светот.

Во однос на регионот, загадени градови се Белград, Скопје и Приштина. Белград е на шестото место на листата, пред Скопје кое што е на седмото место.

притисни ентер