ГАК ќе го одбележи 17 Ноември – Светскиот ден на предвреме родените деца, годишно во државата се раѓаат 600 предвремено родени бебиња

Годишно во нашата држава се раѓаат 600 предвреме родени бебиња на кои покрај борбата за живот, правилната нега и грижа треба да им се овозможи и максимално можен квалитет на живот во иднина. 

Клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) како најповикана институција и прв дом на сите предвреме родени дечиња, ја продолжува традицијата и заедно со сите центри во светот денеска ќе го одбележи 17 Ноември – Светскиот ден на предвреме родените дечиња.

Мотото под кое ќе се одбележува годинава овој ден е „Роден прерано: Обезбедување на соодветна грижа, во соодветно време, на соодветно место", а целта е подигнување на јавната свест во општеството со цел подобри резултати во згрижување на предвремено родените бебиња.

На настанот во просториите на Клиниката за гинекологија и акушерство ќе се обратат директорката на ЈЗУ ГАК доц.др.Викторија Јовановска, началничката на Одделението за интензивна нега прим.др. Елизабета Петковска, како и претставникот од граѓанската организација „Лулка" со која Клиниката има потпишано меморандум за соработка при што ќе бидат изнесени реализираните заеднички активности во изминатата година. Најавена е и прес-конференција во амфитеатарот на ЈЗУ У ГАК на која ќе бидат презентирани новите статистики за намалување на смртноста кај новороденчињата, како и за набавката на нов апарат.

Како што соопштуваат од Клиниката, на настанот ќе присуствуваат и сопругата на претседателот на држвата, првата дама Елизабета Ѓоргиевска како и Зорица Заева, сопруга на премиерот на државата.

Предвидено е Ѓоргиевска и Заева да ги посетат просториите на Одделението за интензивна нега на недоносените новороденчиња, а ќе се одржи и настан посветен за најмалите дечиња кои биле поранешни пациенти на Одделението за интензивна нега на ГАК. /МИА

Кој и сервираше појадок во кревет на Елизабет Харли?

Елизабет Харли е жив доказ дека годините се само бројка.

Сексапилната Англичанка во шестата деценија од својот живот има совршено тело, кое често го користи за да ја рекламира својата линија на костими за капење.

Таа своевремено имала бурен љубовен живот. Но Елизабет одамна не е видена во машко друштво а да тоа не е нејзиниот син или некој пријател. Пред неколку дена таа ги заинтригира своите фанови на Инстаграм кога објави фотографија од кревет.

Позираше покриена со јорган и со чинија овошје во рацете а многумина се запрашаа кој и сервирал појадок во кревет на Елизабет?

Научниците за прв пат ја измерија брзината на отчукување на срцето на синиот кит кога ќе нурне

Научниците со помош на електрокардиограф прицврстен за телото на синиот кит за прв пат во историјата ја измериле брзината на отчукувањето на срцето на ова животно.

Кога ќе се нурне под вода во потрага по храна, заклучиле дека има само неколку отчукувања во минута.

Научниците заклучиле дека, најголемиот цицач, синиот кит, кој може да достигне должина и до 30 метри и да тежи 200 тони, ја намалува активноста на срцето на само неколку отчукувања во минута кога ќе се нурне во вода.

Кога  синиот кит е под вода на моменти срцето му чука со само две отчукувања во минута а откако ќе излезе на површината на океанот и ќе вдише воздух срцето му чука со 37 отчукувања по минута, пишува „Ројтерс“.

Кај луѓето, срцето во состојба на мирување отчукува во распон од 60 до 100 отчукувања во минута а за време на напор или вежбање околу 200 отчукувања во минута.

.

Мекларен го претстави најмоќниот модел од својата Спорт серија

Британскиот Мекларен поприлично богатата година, кога се во прашање новите модели, ја заокружи со најмоќната верзија од својата Мекларен Спорт серија.

Се работи за ограничена серија од тркачкиот модел „620R“ прилагоден за цивилна употрева.

Мекларен ќе направи само 350 примероци со 3.8 литарски „V8“ мотор кој испорачува 611 коњски сили.

Овој модел базиран на тркачката верзија  „570S GT4“ забрзува од 0 до 100 км/ч за само 2,9 секунди.

За сопирање на „620R“ се задолжени карбон- керамички сопирачки со дискови со дијаметар од 390 милиметри напред и 380 милиметри назад.

Почетната цена на моделот е 299.000 долари.

притисни ентер