Кофинансираните специјализанти за утре најавија протест, за Филипче нивното барање е легитимно

Група од 130 лекари на кофинансирана специјализација за утре најавија протест пред Министерството за здравство, на кој ќе го изразат своето незадоволство од условите и договорите по кои работат. 

Како причина за протестот го наведуваат тоа што нивните специјализации не се вклопуваат во Законот за здравствена заштита.

За протестот, кој беше најавен и на Фејсбук профилот на Здружението на лекари специјализанти – ЗЛС, министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека дознал ден претходно, при што напомена дека нивното барање го смета за легитимно.

Тој потенцира дека имале работна средба, а закажана е и нова за да видат што може да се направи, затоа што, како што посочи, станува збор за потреба од измена на Закон за здравствена заштита.

-Ве известуваме дека на ден понеделник, 18.11.2019 година, ќе се организира протест на кофинансираните приватни специјализанти пред просториите на Министерството за здравство поради следниве причини: Нашите кофинансирани приватни специјализации не се вклопуваат во Законот за здравствена заштита, бидејќи содржат елементи и од приватни и од државни и не се целосно дефинирани, се вели во нивната објава.

Почитувањето, односно непочитувањето на договорот од страна на Јавните здравствени установи за трансформација на работниот однос од определено на неопределено време по завршувањето на специјализацијата се уште претставува проблем, додава ЗЛС, со тоа што млади доктори кофинансирани кои се завршени специјалисти добиваат плата во висина на една просечна плата на ниво на Република Македонија.

-И покрај тоа што земаме пониска плата од нашите колеги кои немаат никаква обврска кон државата (ниту да работат во одредена институција, ниту да враќаат енормни суми на државата), плаќаме одреден дел од нашата партиципација за специјализација сами и годините што треба да ги одработиме за установата се исти како и државните специјализанти, финансиите што треба да ги вратиме се повисоки од тие на државните специјализанти кои се во однос 1:2, а ние кофинансираните сеуште остануваме со однос 1:5 (5 пати повисоки од износот кој што е кофинансиран) доколку би се откажале од истата, нагласува ЗЛС.

Во врска со висината на нивната плата, велат изнесува колку една просечна плата на ниво на Република Македонија, која е пониска од платата на државен специјализант во иста „ЈЗУ", кој е со иста ангажираност, исти услови, ист обврзувачки договор, како и кофинансираниот. Со тоа, како што појаснува ЗЛС кофинансираните специјализанти не се опфатени со никакво покачување на плата за лекари специјализанти предвидено со закон.

-Очигледно овој пилот проект на кофинансирана специјализација има суштински проблеми кој треба детално да се разгледаат. Бараме трансформација на работниот однос од определено во неопределено и прецизно дефинирање и усогласување на решенијата за горе наведените проблеми во најкраток можен рок, се нагласува во нивната објава на Фејсбук.

Министерот Филипче вчера истакна дека во текот на минатата недела имал состанок со кофинансираните специјализанти и нагласи дека оваа Влада е првата, која одвоила средства во 2018 година приватните специјализанти за прв пат да бидат платени за својот труд.

-Тие до тогаш работеа практично без пари. Кофинансираните специјализанти се една посебна група која што има направено посебни договори заради тоа што преку специјализацијата тие имаат направено и договор на определено работно време.

Согласно Законот, кога ја завршуваат специјализацијата, нивниот работен однос се трансформира во работен однос на неопределено работно време, истакна Филипче.

За него е сосема легитимно барањето да се направи трансформација уште за време на специјализацијата за што во овој момент не постои законска можност, а се со цел да го добијат зголемувањето на средствата. кое сега го добиваат здравствените работници.

-Ние договоривме дека ќе направиме неколку работни средби во рамки на Министерството со правната служба во рамки на нашата соработка со Фондот за здравствено осигурување и веројатно со пратениците со цел да се види каква е можноста тој Закон во тој дел да се промени. Закажавме уште една средба за тогаш кога ќе ги имаме информациите во текот на следната недела за да видиме што и како можеме да направиме во однос на динамиката за тоа што следува во Собранието, истакна Филипче./МИА

Франција им нареди на трговците да ги означуваат производите, на кои им го намалиле пакувањето

Француските трговци ќе мора да ги известат клиентите за намаленото пакување на производите кое не е придружено со соодветно намалување на нивните цени, објави Министерството за финансии, сигнализирајќи нова мерка за борба против скриените поскапувања.

Тајното покачување на цените преку намаленото пакување на производите предизвикува главоболки и кај потрошувачите и кај владите, бидејќи ја инхибира потрошувачката во услови на послаба куповна моќ на домаќинствата под притисок на високата инфлација и трошоците за задолжување.

Француските малопродажни компании од јули до септември ќе треба да ги информираат потрошувачите за храната и другите производи за широка потрошувачка чија цена не го следи намаленото пакување, соопшти Министерството. „Ќе ставиме крај на таквите практики. Сакам да ја вратам довербата на потрошувачите, а довербата оди рака под рака со транспарентноста“, рече министерот за финансии Бруно Ле Мер.

Цените на храната станаа главно политичко прашање во Франција минатата година бидејќи цените на храната скокнаа за рекордни 16 отсто по редовните годишни преговори меѓу трговците на мало и компаниите за храна.

Владата со закон го регулираше одложувањето на датумот за преговори годинава и побара од компаниите да го ограничат поскапувањето. Минатиот септември ланецот супермаркети „Карфур“ прикажа предупредувања за цените на некои производи со цел да изврши притисок врз големите производители на стоки за широка потрошувачка, како „Нестле“, „ПепсиКо“ и „Унилевер“ пред преговорите.

Анѓеловски: „Дуизацијата“ е најопасен процес на испумпување средства од буџетот

„Ниту некој ќе се определува меѓу Русија и ЕУ, ниту некој ќе се определува меѓу изолација и ЕУ“

И пред кампањата започна реториката на безалтернативност на СДСМ и онаа на „зелените“ дека имаме избор меѓу Русија и ЕУ. Ниту некој ќе се определува меѓу Русија и ЕУ, ниту некој ќе се определува меѓу изолација и ЕУ, тоа се големите лаги пред јавноста. Ние ќе се определуваме меѓу иднина за Македонија и македонските граѓани, внатре во државата без разлика како тој пат ќе се вика. И најубавата куќа ако внатре е нечиста, децата ќе сакаат да ја напуштат. Прво да си го средиме сопствениот двор.

Повикот за обединување на Мицкоски е за јасно и недвосмислено обединување на сите кои чувствуваат дека Македонија е доведена до ѕид, дека нема правда за никого, тоа е повик до сите што се чувстввуваат така за да се прекине поцесот на „заевизација“ и „дуизација“ на Макеоднија. Дуизацијата е најопасниот процес на испумпување на средства од буџетот на лица блиски до ДУИ, за да се создадат монструми што подоцна ќе владеат со економските, политичките и општествените процеси во државата, рече Страшо Ангеловски во Само Вистина.

Меган Маркл се враќа на телевизија, ќе води кулинарска емисија

Војвотката од Сасекс Меган Маркл се враќа на малите екрани, а наскоро би требало да ја видиме во ново шоу за готвење.

Дедлајн објави дека Арчевел продукција, продукциската куќа на Маркл и нејзиниот сопруг принцот Хари, е во „рана фаза“ на работа на две нови серии. Една од нив ќе биде за поло, спорт кој е голема страст на принцот Хари, а другата ќе биде за градинарство и готвење, а домаќинка ќе биде Маркл.

Моментално е познато, како што напиша Deadline, дека тоа ќе биде шоу кое „ги слави радостите на готвењето, градинарството, забавата и пријателството“, Маркл ќе биде извршен продуцент, а се знае и кои луѓе веќе работат на ова шоу.

Во целиот проект се вклучени режисерот Мајкл Стид, кој работеше на шоуто Ентони Бурдејн: Запознавање со непознатото, како и Леа Харитон, која стои зад готвачкото шоу на пејачката Селена Гомез, Selena + Chef, кое се емитува на HBO.

Серијата е во рана продукција, а насловите и датумите на издавање се очекува да бидат објавени во наредните месеци. Покрај тоа, извор потврди за Дејли Меил дека Нетфликс веќе изнајмил дом за снимање во Монтесито, Калифорнија.

Сето ова, како што пишува People, е дел од договорот што Меган Маркл и принцот Хари го потпишаа со Нетфликс, вреден 100 милиони долари. Кога го потпишаа во 2020 година, најавија дека ќе работат на документарни емисии и серии, играни филмови и емисии за деца, а сега изгледа решија да направат чекор понатаму.

притисни ентер