Редок син дијамант продаден за 10 милиони долари, очекувана била многу повисока цена

Најчистиот син дијамант од 7,03 карати, од приватна колекција е продаден на аукција во Женева за 10 милиони долари.

Очекуваната цена за овој дијамант изнесувала од 10 до 14 милиони долари. Меѓу другите предмети на аукцијата се наоѓале и прстен и обетки од познатиот француски изработувач на накит Жоел Артур Розентал. Прстенот се продал за 300.000 долари, што е двојно повеќе од очекуваното, пишува „Спутник“. А дијамантските обетки биле продадени за 723.000 долари.

Продаден е и брош со бурмански сафир со исклучителен квалитет од 43 карати за 2.1 милион а очекувани биле 3 милиони.

Словачкиот премиер Фицо ја затвора државната телевизија и ја претвора во нова

Словачката влада на популистичкиот премиер Роберт Фицо вчера одобри нацрт-закон со кој ќе се распушти јавниот радиодифузен сервис РТВС и ќе се претвори во нова медиумска институција, што предизвика загриженост кај опозициските политичари и новинарите.

Законот е последниот чекор во, како што велат критичарите, обидот на владата на премиерот Роберто Фико да ја зајакне контролата врз институциите во земјата.

Фицо, кој минатата година по неколку години во опозиција по четврти пат стана премиер, тогаш ја критикуваше јавната телевизија како пристрасна.

- Ситуацијата во РТВС е неодржлива, рече Фицо на вчерашната прес-конференција.

- Таа реално не може да биде објективна бидејќи е во спор со словачката влада. Со ова се нарушува основното човеково право на словачките граѓани да имаат објективни информации на располагање, додаде тој.

Владата на Фицо веќе ја затвори канцеларијата на специјалниот обвинител за борба против корупцијата, ги смени шефовите на полицијата и тајната служба и ја пренасочи својата надворешна политика подалеку од силната поддршка за Украина.

Европската радиодифузна унија (ЕБУ) објави дека нацрт-законот ефективно го заменува „почитуваниот јавен радиодифузер“ и ја загрозува неговата независност. Министерката за култура Мартина Шимковичова, која претходно работеше во таа телевизија и е позната по ширење теории на заговор, е главен автор на законот.

Според новиот закон, кој се очекува парламентот да го изгласа во јуни, директорот на РТВС ќе биде разрешен неколку години пред истекот на неговиот мандат, а на негово место ќе дојде деветчлен совет кој ќе избере нов.

Министерствата за култура ќе предложат четворица членови на Советот, а останатите ќе бидат експерти назначени од парламентот. Ќе биде формиран и програмски комитет за следење на содржината, што критичарите го нарекуваат наметнување цензура.

Словачката опозиција остро го критикува законот и ја обвинува владата дека се обидува да го замени јавниот радиодифузен сервис РТВС со свој пропаганден медиум.

Неколку невладини организации веќе најавија дека ќе се обратат до Европската комисија и до Европскиот парламент во врска со предлог-законот за јавна радиодифузија. Тие сакаат да го свртат вниманието на контроверзните планови на владата, кои според нив се во спротивност со новиот европски закон за слобода на медиумите. /МИА

Врховен суд денеска со втора јавна седница по жалбата на таткото на убиената Вања

Врховен суд денеска  со втора јавна седница по жалбата на Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања

Врховниот суд денеска ќе одржи јавна седница по жалбата на осомничениот Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања Ѓорчевска, против решението на Апелацискиот суд Скопје за мерката притвор. Ова ќе биде втора јавна седница пред Врховниот суд, по мерката притвор на таткото на Вања. Ѓорчевски, се сомничи дека помагал во грабнувањето со тоа што, споделувал информации со другите осомничени за движењето на неговата ќерка.

Претходно во март годинава, врховен ја одби жалбата против мерката притвор на Ѓорчевски како неоснована. Вања Ѓорчевска, која беше пријавена за исчезната на 27 ноември, беше пронајдена мртва во близина на Скопје на 3 декември, кога во близина на Велес беше пронајден мртов и велешанецот Панче Жежовски, кој, пак, беше пријавен за исчезнат на 24 ноември. За двете убиства, за две кривични дела – „грабнување“ и „убиство на свиреп начин“, првообвинет е Љупчо Палевски Палчо, за кого се чека екстрадиција од Турција, а за соучество се товарат и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се наоѓаат во притвор во Скопје.

ДИК: Стево Пендаровски 180.306, Gордана Сиљановска Давкова 362.682

Немам зборови со кои можам да ја изразам благодарноста, овој резултат е инспиративен за мене, порача Силјановска. 

Резултати што Државната изборна комисија ги објави утрово на својата веб-страница покажуваат дека од обработени речиси 100 проценти од гласачките ливчиња, најмногу гласови на вчерашните претседателски избори освои кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова 362.682 или (40,08%),со двојна предност пред Стево Пендаровски од СДСМ кој освои 180.306 или 19,93%.од гласовите ,Бујар Османи е на трето место со освоени 120.903 или 13,36% од гласовите.

Немам зборови со кои можам да ја изразам благодарноста, овој резултат е инспиративен за мене, порача Силјановска. Оваа власт паѓа, остваривме историска победа изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

притисни ентер