Србија од јануари водедува електронско аплицирање „е-странец" за дозвола за работа за македонски државјани

Секој граѓанин на Македонија или Албанија, границата ќе може да ја помине со лична карта или пасош и кога ќе влезе во Србија ќе може електронски да аплицира.

„Полесна трговија, минување на стока без царини и чекање, патување без пасоши, полесно вработување во Србија, Македонија и Албанија за граѓаните на тие земји, изјави српскиот министер за труд, вработување и социјални прашања Зоран Ѓорѓевиќ, објаснувајќи го за РТС договорот на претседателот Александар Вучиќ и премиерите Зоран Заев и Еди Рама за т.н. „Мал Шенген".

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Ѓорѓевиќ најави дека „Србија ќе направи чекор понатаму и почнувајќи од 1 јануари, ќе ја воведе апликацијата „е-странец" – можност за електронско аплицирање во амбасадите на Србија за добивање однапред виза за престој, како и можност за паралелно аплицирање во Националните служби за вработување, со што забрзано ќе може и пред пристигнувањето на работниците во Србија, да се добие дозвола за работа.

-Секој граѓанин на Македонија или Албанија, границата ќе може да ја помине со лична карта или пасош и кога ќе влезе во Србија ќе може електронски да аплицира, тој или работодавчот, преку мобилен телефон или преку интернет, да аплицира за продолжување на рокот за престој од 90 дена, со што ќе може воедно да биде пријавен и во Централниот регистер, рече министерот Ѓорѓевиќ, дополнувајќи дека со тоа за странскиот државјанин ќе важат истите правила и процедури како и за српските работници.

Според него, Србија работи на предлогот на нацрт договорот, кој треба да се усогласи и да се верификува во српското собрание и кој подразбира дека исти услови ќе имаат и српските граѓани кои ќе бараат работа во Македонија и во Албанија.

-Ние вчера го завршивме драфт-договорт и разгорите со колегите од другите земји се во тек и ќе влеземе во процедура и очекувам сето ова да оди многу бргу, изјави Ѓорѓевиќ, кој додаде дека „Србија сака да биде атрактивна, да нема лимит кога е во прашање работната сила."/МИА

Тевез итно пренесен во болница

Поранешниот аргентински репрезентативец Карлос Тевез синоќа беше примен во болница со силни болки во градите. 

40-годишниот поранешен напаѓач, кој моментално е тренер на локалниот клуб Индепендиенте, беше пренесен во болница во Буенос Аирес откако се почувствувал лошо, но првичните тестови не покажале ништо сериозно за неговата состојба.

-Нашиот тренер Карлос Тевез беше примен во болницата „Ла Тринидад“ во Сан Исидро со болки во градите. Тој ги направи соодветните тестови и тие беа задоволителни. Денеска тој ќе продолжи со нова серија на однапред планирани тестови како дел од поопшт преглед, се вели во официјалното соопштение од клубот, кој ја потврди ситуацијата.

Според локалните изданија, проблемите на Карлос Тевез се поради стрес.

Поранешниот репрезентативец на „гаучосите“ боледувал од висок крвен притисок и редовно се подложувал на тестови и се следи неговата состојба.

Ова доведе до шпекулации во локалниот печат за можноста тој да ја заврши тренерската кариера во обид да го намали притисокот и стресот околу него.

Се уште не е јасно дали Тевез ќе присуствува на денешниот тимски тренинг. /МИА

Мбапе подготвен да игра на нова позиција во Реал Мадрид

Напаѓачот Килијан Мбапе ја прифатил улогата за која е планиран по трансферот во Реал Мадрид, тврди „Ас“. 

Иако официјално не е објавен трансферот на фудбалерот од Пари Сен Жермен, на „Сантијаго Бернабеу“ веќе размислуваат како Французинот најдобро ќе се прилагоди во составот следната сезона.

За време на неговиот престој со парижаните, напаѓачот јасно стави до знаење дека претпочита да игра на левото крило на нападот на тимот, што му овозможува да се потпира на повеќе слободни простори на предните позиции. Во Реал оваа улога вообичаено му се доделува на Винисиус Јуниор, а ова е претпочитана позиција и за Родриго.

Сепак, според „Ac“, Мбапе е подготвен да игра повеќе во центарот на нападот како број 9 следната сезона, а тоа се поврзува и со неговата голема желба да ја освои „Златната топка“, бидејќи оваа позиција се смета за поволна за реализација на повеќе голови.

Францускиот репрезентативец оваа сезона постигна 41 гол на 43 натпревари за ПСЖ во сите натпреварувања. /МИА

Инцидент во грчкиот Парламент – пратеник физички нападна друг пратеник

На нападнатиот веднаш му била пружена прва помош од лекарот во Парламентот.

Независниот пратеник Константинос Флорос, кој беше избран со малата радикално десничарска партија Спартанци, претпладнево физички го нападнал пратеникот од Грчко решение Василис Граменос во Парламентот, пред салата во која се одржува пленарната седница, јави дописничката на МИА од Атина.

На инцидентот му претходела вербална расправија во самата сала, што во ходникот се претворила во физичка пресметка, кога Флорос со тупаници го нападнал Граменос.

На нападнатиот веднаш му била пружена прва помош од лекарот во Парламентот.

Медиумите во Грција коментираат дека станува збор за инцидент без преседан во Парламентот.

Претседателот на Парламентот Константинос Тасулас за насилното однесување на пратеникот побара највисока казна предвидена со правилникот на работа, односно исклучување на Константинос Флорос од Парламентот на 15 дена, а паралелно ќе биде побарано и одземање на пратеничкиот имунитет и кривично да одговара.

Флорос на изборите во јуни минатата година беше избран со малата радикално десничарска партија Спартанци, која подоцна ја напушти и стана независен пратеник.

Спартанци се поврзува со поранешниот пратеник од Златна зора Илиас Касидиарис кој издржува затворска казна./МИА

притисни ентер