Промовирана книгата „Дванасет македонски фотограф(к)и"

Книгата „Дванасет македонски фотограф(к)и", заедничко дело на авторите Драги Неделчевски од Тетово и Никола Гелевски од Скопје беше промовирана во Тетово. 

Дванаесетмината фотограф(к)и се претставени со по неколку фотографии и нивни одговори на прашањата: „Што е за вас фотографијата?" „Кажете ни неколку зборови за конкретните фотографии застапени во книгата".

-Неколку години имавме идеја за создавање на вакво дело и еве сега се поклопија работите. Добвиме грант од Министеството за кулурата. Тешко е да се одбере 12 фотографи, кога има експанзија на фотографијата, а има доста признаени фотографи дури и надвор од земјата. Не беше лесна задачата на само 12 да го сведеме изборот, сепак возбудливо беше истражувањето, рече Никола Гелевски.

Во книгата се застапени авторите Зоран Шекеров, Маја Аргакијева, Иван Блажев, Васе Аманито, Владимир Арсовски, Дејан Колевски, Билјана Јуруковски, Иван Илиев, Весна Каревска, Самир Љума, Лилика Стрезоска и Натали Башоски.

-Тука во Македонија нема книга за да ги претстави македонските фотографи. Голема чест и предизвик за мене беше како да биде концептот, какви фотографии да претставиме кога има многу фотографи кои работат добра фотографија. Се најдовме со Никола и имавме слична концепција, сакавме да претставиме македонски фотографи кои негуваат фотографија блиска до современите трендови. Да покажеме дека и Македонија има што да понуди. Без вакви книги тоа не се гледа, не е забележително. Тешко се правеше изборот, рековме да бидат 10 автори, ама потоа пресековме да бидат 12, дури цела година одлучувавме, изјави Драги Неделчевски.

Промоцијата на книгата беше составен дел од проектот „Медиумот е порака" во чии рамки се одржа и разговор на тема „Сликата на другиот" во кој учествуваа Никола Гелевски, Искра Гешовска, Бојан Иванов, Драги Неделчевски и Елмедина Шафи./МИА

Рашфорд може да го пропушти ЕП 2024

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд би можел да го пропушти Европското првенство во 2024 година, пишува „Телеграф“.

Според изворот на изданието, на селекторот на Англија, Герет Саутгеј не му се допаднал настапот на играчот.

За да добие место во формацијата на „трите лава“, фудбалерот мора да покаже подогри игри на претстојните натпревари.

Оваа сезона 26-годишниот Рашфорд одигра 35 натпревари, постигна 8 голови и 6 асистенции.

Словенија, Данска и Србија ќе играат против Англија во групната фаза на ЕП 2024. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Кумановска салата

Во четврток (28.03.2024) во емисијата гостин ни беше Нино Величковски.

Состојки за денешниот рецепт:

3 црвени домати

1 свежа краставица

1 главица кромид

1 морков

2 лажици лупен сончоглед

100 гр. сирење

балсамико, масло за јадење, сол по вкус

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

„Дубаи мол“ лани го посетиле рекордни 105 милиони луѓе

 Сопствениците на „Дубаи мол“ во Обединетите Арапски Емирати, сооопштија дека трговскиот центар лани го посетиле рекордни 105 милиони луѓе, што го прави најпосетуваното место во светот во 2023 година.

Така, трговскиот центар стана светска атракција, според управителите, привлекувајќи посетители од целиот свет. Управата наведува и дека е забележан скок од над 19 отсто во однос на 88 милиони во 2022 година. А пак, само во првите два месеци од оваа 2024 година, забележани се 20 милиони посетители, така што и годинава „Дубаи мол“ најверојатно ќе постави нов рекорди.

- Овие бројки го одразуваат импресивниот статус на трговскиот центар во Дубаи и го одразуваат напредното лидерство на Дубаи и силната економија. Нашиот трговски центар го отелотворува живиот дух на градот и посветеноста на извонредноста, претворајќи ја визијата на менаџментот во реалност. Како составен дел од економското ткиво на Дубаи, ние играме клучна улога во неговиот успех и иновативност, рече Мохамед Алабар, основач на компанијата „Емаар“ којашто управува со трговскиот центар.

„Дубаи мол“ има околу 1.200 продавници на познати брендови облека, обувки, модни додатоци, апарати за домаќинство итн, а тука се наоѓаат и околу 200 ресторани и кафулиња. Уште една причина за посетеноста е и аквариумот, каде што живеат 33.000 животни. /МИА

притисни ентер