И вториот кандидат на Орбан за наследник на Хан неприфатлив за европскиот парламент

Одлуката следи откако по денешното две и пол часовно сослушување, пратениците оцениле дека Вархелји не дал доволно гаранции дека се оградува од политиката на Орбан и функцијата комесар за проширување ќе ја врши независно.

Неславно заврши и вториот обид Унгарија да добие Еврокомесар за проширување Номинацијата на кандидатот за наследник на Јоханес Хан, Оливер Вархелји, не го преживеа гласањето во Комисијата за надворешни работи, откако против неговиот избор гласаа 36 пратеници наспрема 30-те „за“. Одлуката следи откако по денешното две и пол часовно сослушување, пратениците оцениле дека Вархелји не дал доволно гаранции дека се оградува од политиката на Орбан и функцијата комесар за проширување ќе ја врши независно. Во сослушувањето, не изостанаа ниту прашања за азилот на екс премиерот Груевски, одобрен од унгарската Влада.

-Конкретно, прашањето за Груевски, С.Македонија, азилот и коментарите на унгарската влада. Нели сте независен, заземете позиција., праша Стелиус Кулоглу, европратеник од Грција

-Јас веќе зазедов став. А, мојот став е став и на Комисијата по тоа прашање. Ставот на Комисијата е дека давањето азил е во надлежност на земјите членки. Јас и натаму ќе го бранам тој став., изјави Оливер Вархелји, кандидат за еврокомесар за проширување

Во однос на прашањето за проширување, Вархелји вети дека ако ја добие функцијата, до крајот на мандатот, Македонија и Албанија ќе бидат длабоко навлезени во преговорите. Актуелниот унгарски министер во Брисел посочи дека меѓу првите приоритети ќе му биде да ги убеди Франција, Холандија и Данска пред самитот во мај во Загреб да дадат зелено светло за двете земји. За најавената методологија за преговарање, вели дека ќе биде бескомпромисен ако има застој во реформите.

Вархелји деновиве ќе има уште една шанса да биде сослушан и да ја смени сликата за себе. Ова е нов удар за Будимпешта и Орбан, откако минатиот месец беше отфрлена кандидатурата на Ласло Трочањи поради конфликт на интереси.

Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето

Во планинските подрачја утре ќе има краткотраен локален дожд, а во сабота попладне ќе има услови и за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи потоа следува период на стабилно и топло време.

Времето денеска променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а само на повисоките планини со повремен слаб снег. Локално краткотрајно врнежите ќе бидат поројни, проследени со ретки грмежи, а до крајот на денот насекаде ќе престанат. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18 степени.

Времето во скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои кон крајот на денот ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи до 15 степени целзиусови.

Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск ги повика завојуваните страни во Украина и Газа да преговараат за мир бидејќи „договорениот мир е подобар од бескрајна војна“. 

-Ги молам, земјите во војна, сите нив, прекинете ја војната. Барајте преговори, барајте мир, рече папата во интервју за Си-Би-Ес Њуз.

Папата кажа дека секојдневно е во контакт со свештениците од Газа за да ги праша за нивните искуства и дека може да помогне да се постигне мир само преку молитва.

Зборувајќи за влијанието на војната во Украина врз децата, папата додаде дека „тие деца заборавиле како да се насмевнат“.

-Многу е тешко кога детето ќе заборави да се смее. Тоа е многу сериозно, додаде првиот човек на римокатоличката црква. /МИА

Пентагон потврди: На Украина веќе и се испорачани проектилите со дострел од 300 километри

Украина веќе почнала да ги користи американските балистички ракети со долг дострел, тајно доставени од САД за борба против руските сили, потврдија американските власти.

Како што јави Би-Би-Си, овие проектили се дел од пакетот вреден 300 милиони долари што американскиот претседател Џозеф Бајден го одобри во март и ѝ биле доставени на Украина на почетокот на овој месец.

Ракетите ATACMS, кои имаат дострел од 300 километри, досега се користени барем еднаш за уништување цели на Крим, кој е под руска контрола од 2014 година. Потсетуваме дека ноќеска Бајден го потпиша претходно усвоениот закон за испорака на воена помош за Украина во износ од 61 милијарда долари.

САД претходно ѝ испорачаа на Украина верзии на ракетата ATACMS кои имаат скратен дострел од околу 100 милји и можат да носат помала боева глава. Сега шефот на Белата куќа одобри испраќање ракети со долг дострел:

- Можам да потврдам дека САД ѝ испорачаа на Украина ракети со долг дострел ATACMS по директива на претседателот Бајден. Ова не го потврдивме порано за да ја одржиме оперативната безбедност на Украина на нивно барање - изјави Ведант Пател, портпарол на Стејт департментот.

Не се знае точно колку проектили се испорачани, но американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан рече дека Вашингтон планира да испрати нов контингент:

- Тие ќе направат разлика. Но, како што реков претходно, нема сребрен куршум од ова место - рече тој.

Минатата недела за прв пат беа употребени проектили со поголем дострел за напад на руски воен аеродром во окупираниот Крим, објави Ројтерс, цитирајќи неименуван американски функционер. Новите проектили биле користени и во нападот врз руските војници во окупираниот пристанишен град Бердјанск во текот на ноќта во вторникот, според Њујорк Тајмс.

Во последниве месеци, Киев ги засили апелите за помош од Запад, бидејќи резервите на муниција се смалуваат, а Русија напредува на фронтот. Новиот пакет помош ќе следи по неколкумесечниот застој поради противењето на помошта од страна на републиканците во Конгресот.

– Ќе ја направи Америка побезбедна, ќе го направи светот побезбеден – рече Бајден по потпишувањето на новиот закон за испраќање помош во Украина и додаде:

- Ќе се погрижам испораките да започнат веднаш. Во следните неколку часа, буквално за неколку часа, ќе почнеме да испраќаме муниција за системи за противвоздушна одбрана, артилериски ракети и оклопни возила во Украина.

Володимир Зеленски, претседателот на Украина, брзо реагираше:

- Сега ќе направиме сѐ за да надоместиме половина година помината во дискусии и сомнежи. Она што рускиот окупатор можеше да го направи за ова време, што Путин го планира сега, треба да се свртиме против него.

Зеленски неодамна предупреди дека се очекува руска офанзива во наредните недели откако Украина го загуби градот Авдијевка во текот на зимата. Украинските сили претрпеа порази во последниве месеци поради недостаток на муниција и системи за противвоздушна одбрана, а официјалните лица го обвинија доцнењето на воената помош од САД и другите западни сојузници за загубата на животи и територии.

притисни ентер