Жбогар: Демократските општества на удар од злоупотреба на податоци и лажни вести

Демократските општества денес се на удар од злоупотреба на податоци и лажни вести. Оттука најголемиот предизвик за општествата е како да се справат со злоупотребите, без притоа да ја загрозат слободата на изразување. 

Поради тоа медиумската пименост треба да биде дел од наставниот процес но и активност на целото општество.

Ова се заклучоците на дводневната конференција „Денови на медиумска писменост 2019" што се одржува во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ).

На конференцијата беа претставени најновите наоди од истражувањето за аспекти на медиумската писменост кај популацијата во државата, кои покажуваат дека паметните уреди се во постојан пораст во домаќинствата, од кои најбројни се паметните телефони 83 проценти, потоа компјутерите, а веќе 62 отсто од домаќинствата веќе имаат паметен телевизор. При тоа поголем дел од популацијата, особено помладата, се информираат за разни содржини од социјалните медиуми.

Во однос на информациите што ги добиваат од медиумите, и дали домашните медиуми различно информираат за еден ист настан, 68 отсто сметаат дека тоа се телевизиите, 57,7 отсто ги посочиле информативните портали, 34,7 проценти дневните весници, 34,3 радио станиците, и 28,3 неделните списанија.

Во врска со „негативните" содржини на социјалните мрежи, 50 отсто ги навеле навредите, омаловажувањата и заканите врз основа на сексуална ориентација или родов идентитет. Потоа 43 отсто одговориле дека забележале дека ги демнат луѓе он лајн, како и луѓе кои лажно се претставуваат, 58 отсто одговориле дека тоа е навредување, омаловажување и закани врз етничка или верска основа. Ист толкав процент сметаат дека тоа се навреди, омаловажувања и закани врз политичка основа, додека 61 отсто сметаат дека се конструирани лажни информации што намерно ги шират групи и поединци заради политички и други цели.

Евроамбасадорот Самуел Жбогар, во обраќањето на конференцијата, рече дека демократските општества денес се на удар од злоупотреба на податоци и лажни вести.

– Интернетот стана начин на живеење за сите нас, комуникацијата стана брза и тоа го направи глобалното село уште помало. Тоа носи големи бенефиции, но и големи предизвици. Новите технологии ни овозможија сите информации да ни бидат на дофат, но тоа направи и превртување на фактите и ширење лажни вести користејќи ботови и ширејќи омраза, и сето тоа ја направи демократијата покршлива, рече Жбогар.

Оцени дека најголемиот предизвик за демократските општества е како да се справат со злоупотребите, без да ги загрозат бенефитите и без да ја нарушат слободата на изразување.

– Младите генерации особено треба да научат како да ги препознаат дезинформациите, лажните факти, зад некое известување. Исто така тие треба да знаат и да учествуваат во дебати почитувајќи ги различните мислења, дебатирајќи, во исто време почитувајчи ја проиватноста и дигнитетот на соговорникот, рече Жбогар.

Евроамбасадорот подвлече дека медиумската пименост треба да биде дел од наставниот процес но и активност на целото општество и оти ЕУ ги поддржува активностите организирани од Македонскиот инстотут за медиуми, Школата за новинрство и односи со јавност, Институтот за комуникавциски студии, метамориозис, Младинскиот образовен форум и други.

Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје Клеменс Која рече дека граѓаните се изложени на големи влијанија на информации.

– Зголемувањето на бројот на медиумите и технологиите го зголемува простапот до ризични извори на информации, што доведува до пристап до различни извори на информации и го зголемуа ризикот за лажни вести. Ваквите трендови претставуваат и закана за медиумската слобода, рече Која.

Изрази уверување дека информирани и медиумски писмени граѓани ќе бидат отпорни на лажните вести и тие ги препознаваат работите знаат како да ги препознаат изворите на информации.

Од презентираното истражување произлегуваат препораки дека за медиумска писменост е потребно интегрирано развивање на дигиталните и медиумските компетемнции, критичко размислување, како и да се развиваат програми за доживотно учење за повозразни групи или други сегменти на популацијата, со цел да се намали „дигиталниот јаз".

Хамас објави видео од израелско-американски заложник

Хамас објави триминутно видео на кое наводно е прикажан 23-годишниот израелско-американски заложник Херш Голдберг-Полин.

На видеото, Голдберг-Полин го потврдува својот идентитет и бара од израелските власти да го вратат дома, а се гледа како му недостига дел од раката поради повреда за која се верува дека била предизвикана во нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година.

„Во заробеништво сум речиси 200 дена“, вели Голдберг-Полин во видеото, што укажува дека тоа е неодамна снимено, пренесува Тајмс оф Израел.

Голдберг-Полин беше киднапиран од забава организирана на 7 октомври во близина на границата со Појасот Газа.

Помалку од час до затворањето на гласачките кутии – мирен и без инциденти изборен круг

Од аналитичкиот центар на канал 5 одиме во скопско влае, каде, како и на три и пол илјади избирачки места привршува гласањето..

Сандра Спасовска ја имаме во живо.. Сандра, можеме ли да се процени - дали интересот за гласање попладнево е поголем отколку претпладнето..

Вучиќ од Њујорк: Не сум оптимист за резолуцијата за Сребреница, но продолжуваме да се бориме

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска во Њујорк изјави дека за време на денешните разговори со земјите од азиско-пацифичкиот регион ги објаснил сите причини зошто Србија е против усвојувањето на резолуцијата за Сребреница.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска во Њујорк изјави дека за време на денешните разговори со земјите од азиско-пацифичкиот регион ги објаснил сите причини зошто Србија е против усвојувањето на резолуцијата за Сребреница и дека многу земји го разбрале тоа и рече дека треба да се усогласат ставовите, но дека одложувањето не зависи од Србија, објави Телеграф.

„Гледаме дека притисокот врз малите земји е позабележлив и посилен. Мали сме и не е лесно да се спротивставиме. Направивме одлична работа во ОН. Имавме средба со претставникот на Бразил, сега со Гутереш, со специјалниот советник на ОН за прашањето за геноцидот, со уште пет-шест европски земји од кои барем можеме да бараме да не бидат против нас“, рече Вучиќ.

Тој исто така рече дека на некои од форумите во Брисел може да се слушне дека кога Приштина го укинува динарот, формулацијата е дека ниту една страна не е подготвена за компромиси, а тоа го спореди со тоа што кога некој ќе ве удри, други велат дека ниту една страна не е подготвен за компромис.

„Ќе ја продолжиме борбата, има резултати, но тешко е, мали сме во споредба со најмоќните сили, но на сила не можеш да ја добиеш вистината, а за нас тоа значи“, рече Вучиќ.

Тој рече и дека не е оптимист оти ќе успее да го спречи донесувањето на Резолуцијата за Сребреница, но дека тоа нема да го спречи да продолжи да се бори.

„Го знаев тоа од самиот почеток, дека тоа е речиси невозможна мисија, но тоа не значи дека не можете да се борите. за нас, а не страв од силата и моќта на оние кои се многу поголеми и посилни од нас“, рече Вучиќ во изјавата за новинарите во Њујорк, каде што присуствуваше на седницата на Советот за безбедност на ОН за Косово.

Тој нагласи дека разговарале со сите и ја објасниле ситуацијата.

„Морам да ви кажам дека во сите групи постои огромна резерва за процедурата и многу наши пријатели од исламските земји, дури и кога гласаат за, не се среќни, бидејќи им е јасно дека повредуваат пријател. “, рече Вучиќ и додаде дека и во таа насока направиле многу и го подигнале угледот на Србија.

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска во Њујорк дека не сака да го навреди народот на Словенија и дека го мисли најдоброто од нив, но дека нема намера да им се извинува на нивните политичари бидејќи, како што рече, водат одвратен политика.

„Реков дека Словенците се одвратни, мислејќи на седницата на Советот за безбедност. Тоа беше темата и на сите им беше јасно дека се однесува на поединец и се однесува на нивната политика. Сигурно не е вокабуларот што треба да се користи. , но јас сум човек, кажав што мислам за нивната политика“, рече Вучиќ во обраќањето пред новинарите.

Тој додаде дека на Словенците им мисли најдобро како народ и дека има многу пријатели и роднини во Словенија.

„Ако некого сум навредил, сакам да и се извинам на целата јавност во Словенија и истовремено да кажам дека нема да им се извинувам на словенечките политичари, бидејќи тие водат одвратна политика кон Србија и српскиот народ“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека неговата изјава е извадена од контекст и оценета како нешто „страшно“, но дека нарушувањето на територијалниот интегритет на Србија не е оценето како „страшно“.

притисни ентер