Обичен ден за прошетка на Шварценегер со неговото чудовиште (ФОТО)

Граѓаните на луксузен кварт во Лос Анџелес беа вознемнирени од татнежот , сличен како на тенк ,за потоа да се изненадат кога видоа кој е зад воланот.

Легенда на акциските филмови и поранешен гувернер на Калифорнија, кој сака големи возила, пазаруваше во оклопно возило што личи на тенк.

Додека повеќето sвезди копнеат по приватноста во слободното време, Арнолд Шварценегер очигледно нема проблем со тоа , бидејќи е тешко да остане незабележан во огромниот теренец додека купувал низ градот.

Актерот раскажа дека неговата љубов кон воените возила започнала на необичен начин: „Еднаш возев покрај конвој со педесетина воени возила. Воодушевен од глетката , нагазив на сопирачката, а возачот зад мене се заби во мојот автомобил. Јас дури и не го забележав тоа, само зјапав.”

Тој додаде дека од тој момент бил „опседнат и сакал да купи возило како воено “. И така купил Хамер.

Затоа преку посредник се јавил кај претставниците на фабриката АМ генерал за да му продадат, но тие му рекле дека не е можно затоа што автомобилот не ги исполнува спецификациите за цивилен технички преглед.

Шварценегер одбил да се смири, отишол лично да преговара со директорот на компанијата и на крајот успеал да го купи оригиналниот H1 Humvee, но дури откако бил редизајниран за да ги исполни цивилните спецификации. Откако обидот на Шварценегер бил успешен , се создаде цивилна верзија на возилото и започна производството. Првите два џипа Hummer кои излегоа од производната линија во 1992 година ги купил токму Шварценегер.

Минатиот месец, Шварценегер беше во центарот на вниманието и за друг автомобил. Поддржувајќи ги активностите на младата активистка за животна средина, Грета Тунберг (16), тој и набави електричен автомобил „Тесла“ за да може девојчето да отпатува од самитот на ООН во Њујорк до Монтреал, каде се одржа голем протест за климатски промени, поддржани од Шварценегер.

Манекенка исчезнала лани, телото ѝ го нашле во друга држава- ја препознале по тетоважите

Телото на манекенката Кајкан Каенакам (31) е пронајдено во Бахреин, една година по нејзиното исчезнување.

Нејзиното тело било во мртовечница, а полицијата успеала да ја идентификува преку тетоважите.

Минатата година се преселила во Бахреин и почнала да работи во ресторан за да го издржува семејството откако кариерата ѝ пропаднала.

Манекенката редовно објавувала фотографии и видеа од својот живот на социјалните мрежи, а потоа одеднаш мистериозно исчезнала.

Нејзината последна објава била во април минатата година, а нејзиното исчезнување предизвика голема паника кај Тајланѓаните.

Членовите на нејзиното семејство со месеци се обидувале да ја најдат, а во потрагата се вклучила и амбасадата на Тајланд.

На 18 април, тајландската амбасада во Бахреин го известила нејзиното семејство дека нејзиното тело е пронајдено.

Во обдукцискиот извештај е наведено дека таа починала поради акутен пулмонален и срцев удар предизвикан од труење со алкохол.

Интернет сензација: Никој не може да поверува колку е стар (ВИДЕО)

Овој жител на Сингапур е вистинска интернет сензација.

Кога ќе ги видите неговите фотографии, ќе сфатите зошто се здоби со популарност, но има уште еден – многу поинтересен „детал“.

Чуендо Тан редовно објавува свои фотографии на Инстаграм и на други платформи, а луѓето не можат да поверуваат дека тој има 58 години.

Да, добро прочитавте. Овој човек е стар повеќе од половина век, а не би му дале над триесет. И тоа е многу!

Чуендо е роден во 1967 година, а своевремено работел како модел, пеел и глумел.

Успешно се занимава со модна фотографија и ја води својата агенција AVE Management.

Младешкиот изглед го одржува со редовни тренинзи, а особено внимава што јаде.

Патнички авион се излизга од пистата и заврши во нива (ВИДЕО)

Бразилски деловен авион во сопственост на приватна фармацевтска компанија полетал од аеродромот Чапеко до аеродромот Ерехим, на само петнаесет минути лет, и се излизгал од пистата за време на слетувањето.

Луксузниот Learjet 75 на фармацевтската компанија CIMED, регистриран под ознаката PP-DYB, полета со дел од раководството кон дестинацијата на облачно време во 13:35 часот. Авионот поминал само 13 минути во воздух и се вратил на аеродромот.

Меѓутоа, наместо да слета без проблем, авионот завршил од пистата на аеродромот Команданте Краермер во Ерехим.

За среќа, сите патници биле безбедно евакуирани, а CIMED, компанијата која го поседува овој луксузен авион, излезе со соопштение дека „сите патници се добро и нивната безбедност е приоритет на компанијата“.

Видео кое кружи на социјалните мрежи го покажува моментот кога авионот ја „напушта“ пистата на аеродромот.

Претседателот на компанијата, Жоао Адибе Маркес, објави дека истрагата ќе ја спроведе Регионалната служба за истрага и спречување на авионски несреќи.

Тој нагласи дека се надева оти истрагата ќе биде завршена што е можно поскоро.

Во несреќата која завршила со сериозни оштетувања на деловниот авион, еден од двајцата членови на екипажот и тројца патници се здобиле со полесни повреди што биле санирани на лице место, пренесува G1Globo..

притисни ентер