„Животот е прекрасен“ на МНТ гостува во Народно позориште во Белград

Македонскиот народен театар со претставата „Животот е прекрасен" од Николај Ердман, а во режија на Александар Морфов, на 8 декември ќе гостува на сцената на Народното позориште, Белград, Србија.

Гостувањето се реализира во рамките на билатералната соработка помеѓу двете театарски куќи.

Премиерата на претставата се одржа на 10 април 2016 г. на големата сцена во Македонскиот народен театар. Оттогаш, покрај изведбите на репертоарот на матичната сцена, „Животот е прекрасен" патува и надвор од границите на државата. Во 2017 г. гостуваше во Хрватското народно казалиште, потоа на 41. Денови на сатира во организација и реализација на Сатиричниот театар Керемпух, Загреб, Р Хрватска, како и на театарскиот фестивал МИТЕМ во Р Унгарија во 2017 г.

Според режисерот: „Ова не е претстава за самоубиството, не е пиеса за смртта, туку за еден човек кој повторно го открива животот, открива колку животот е прекрасен. Еден човек кој доаѓа до пеколот, за да разбере, всушност, дека животот е нешто многу драгоцено. Слоевита смешно-тажна и многу раскошна постановка, која ги поставува најважните прашања на секоја епоха, имено: До кога ќе ни се потребни човечки жртви, за да се чувствуваме живи."

Актерската екипа во претставата ја сочинуваат: Никола Ристановски, Николина Кујача, Звездана Ангеловска, Сашко Коцев, Тања Кочовска, Емил Рубен, Гораст Цветковски, Славиша Кајевски, Благој Веселинов, Александар Ѓорѓиевски, Александар Михајловски, Арна Шијак, Тина Трпкоска, Александар Микиќ, Никола Стефанов, Кире Ѓоревски, Марија Новак, Драгана Левенска, Никола Кимовски, Марија Димитрова, Анастазиа Христовска и оркестарот „Раскрши се".

На визуелниот дел на претставата работеа уметници меѓу кои: Никола Тороманов – сценограф, Марија Пупучевска – костимограф и Инга Красовска – кореограф , соопштуваат од НУ Македонски народен театар.

Кремљ: Сопственикот на Телеграм треба да биде повнимателен

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека нема планови за блокирање на апликацијата, но оти Дуров треба да биде повнимателен.

Кремљ го предупреди сопственикот на Телеграм, Павел Дуров, да биде повнимателен откако се појавија информации дека апликацијата била користена за да се помогне во регрутирањето на вооружените лица, кои го извршија нападот на концертната сала во близина на Москва.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека нема планови за блокирање на апликацијата, но оти Дуров треба да биде повнимателен.

- Ќе очекуваме зголемено внимание од Павел Дуров, бидејќи овој уникатен и феноменален ресурс од технолошка гледна точка, кој всушност растеше пред нашите очи, сè повеќе станува алатка во рацете на терористите, користена за терористички цели, посочи Песков.

Руската државната новинска агенција РИА Новости објави дека напаѓачите биле регрутирани преку радикален канал на Телеграм, кој припаѓа на групата Исламска држава - Хорасан.

Во текот на изминатите 2 дена, рускиот регулатор за комуникации „Роскомнадзор“ го ограничи пристапот до 11 канали на Телеграм поради „содржини поврзани со тероризам“.

Го забрзавме откривањето и верификацијата на каналите на Телеграм. Поконкретно, регистрираме создавање на канали, кои наводно известуваат за нови терористички напади. Тие се создадени со цел да се заплаши населението. Во изминатите два дена ограничен е пристап до 11 такви канали, се наведува во соопштението на „Роскомнадзор“.

Телеграм, основан од Дуров, е со седиште во Дубаи. Дуров (39) ја напушти Русија во 2014 година и живее во Дубаи, има двојно државјанство на Франција и Обединетите Арапски Емирати. Форбс го проценува богатството на Дуров на 15,5 милијарди долари.

Аустриан ерлајнс го започна својот штрајк кој ќе трае 36 часа

Триесет и шестчасовниот штрајк на вработените во Аустриан Ерлајнс (Austrian Airlines) почна денеска и веќе има откажани летови, јавија австриските медиуми. 

Според одлуката на синдикатот „Вида“, денеска и утре ќе бидат откажани вкупно 400 летови. Најмногу беа погодени аеродромите во Виена, Инсбрук, Грац и Клагенфурт, како и околу 50 илјади патници, според податоците на авиокомпанијата.

Аустриан Ерлајнс проценува 24 милиони евра загуби предизвикани од откажување летови во текот на тековните колективни преговори за договарање. Спорот за колективниот договор за труд трае веќе со недели, а досега 17 рунди преговори се без резултат. Синдикатот најави нова работна средба за 4 април.

Стотици летови се откажани од почетокот на преговорите. Откажани се и летовите од Виена до Скопје и обратно. На официјалната веб страница на Меѓународниот аеродром Скопје не се ставени ниту полетувањата, ниту слетувањата со оваа авиокомпанија.

Дебата на тема„Има помош за живот без насилство“ во организација на УНФПА

Веќе трета година по ред во Македонија се спроведува  проектот „Превенција и заштита од родово-базирано насилство во Македонија“ под покровителство на министерството за труд и социјала, британската амбасада и УНФПА.

Во рамки на проектот досега функционира програмата за реинтеграција на жртви, моделот за шелтер-засолниште на жртви на семејно насилство, а се даваат и препораките за подобрување на услугите на сос линиите за помош на жртвите.

притисни ентер