Огромни бранови стигнаа над ѕидините на Дубровник (ВИДЕО)

Огромни бранови денесдка се забележани во невремето што го зафати регионот на Дубровник, на хрватското крајбрежје.

Како и вчера, и денеска Јадранот беше зафатен од силно невреме со ветришта и дожд, а дополнително ветрот предизвика и огромни бранови.

Ловци на невреме во Дубровник снимија фасцинантни сцени од најсилното југо, што го погоди градот. Старите градски sидови се високи 25 метри, а кога брановите удараа во нив, морето и пената се префрлаа преку древните ѕидови.

Во Брисел продолжува дијалогот меѓу Белград и Приштина за употребата на динарот во Косово

Во Брисел денеска ќе продолжат разговорите во рамки на дијалогот меѓу Белград и Приштина, а се очекува повторно главна тема да биде одлуката на Централна банка на Косово да ја забрани употребата на динарот во Косово.

Тоа е петтата рунда од дијалогот за оваа одлука на официјална Приштина.

„Одиме со надеж дека ќе најдеме решение за динарот, иако не сум оптимист, имајќи ја предвид неподготвеноста на Приштина да бара решенија преку компромис“, рече Петар Петковиќ, директор на српската владина Канцеларија за Косово и Метохија.

Специјалниот пратеник на Европската Унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, во понеделникот изјави дека ќе биде домаќин на главните преговарачи на Белград и Приштина подоцна оваа недела за нова рунда разговори, со цел да се најде привремено решение за луѓето засегнати од одлуката на Централната банка на Косово да го укине динарот.

Американскиот Конгрес на 20 април ќе гласа за помошта за Украина и Израел

 Претставничкиот дом на САД на 20 април ќе го одржи долгоочекуваното гласање за помош на Украина, Израел и Индо-Пацификот, изјави претседавачот Мајк Џонсон. 

Гласањето е по повеќе од два месеци откако пакетот беше одобрен во Сенатот.

Надлежниот комитет претстави закон што ќе обезбеди 60,84 милијарди долари за Украина и регионалните партнери, од кои 23,2 милијарди долари ќе бидат искористени за обнова на резервите американско оружје и објектите.

Поддршката за Израел изнесува вкупно 26,38 милијарди долари, вклучително и средства за покривање на трошоците за американските воени операции како одговор на неодамнешните напади.

Средствата наменети за Индо-пацификот изнесуваат 8,12 милијарди долари.

Бесплатен влез во музеите и на локалитетите по повод Светскиот ден на спомениците и локалитети

По повод 18 Април, Светскиот ден на спомениците и археолошките локалитети, денеска е овозможен слободен влез во сите национални установи од областа на заштитата на културното наследство,.

По повод 18 Април, Светскиот ден на спомениците и археолошките локалитети, денеска е овозможен слободен влез во сите национални установи од областа на заштитата на културното наследство, кои ќе бидат отворени во текот на целиот ден, со што граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со археолошките локалитети и спомениците низ државава.

Од Министерството за култура соопштија дека птворени ќе бидат вратите на националните установи: заводи и музеи во Битола, Штип, Охрид, Прилеп и во Струмица; Стоби и Хераклеја; Спомен-куќа на Тоше Проески; Археолошки музеј; Национална галерија со сите свои објекти; Музеј на современата уметност; Музеј на македонската борба; Историски музеј во Крушево; Музеј на албанската азбука; Уметничка галерија во Тетово; „Д-р Никола Незлобински“ во Струга; Музеј на Западна Македонија во НОВ – Кичево; Музеј на тетовскиот крај; Природонаучен музеј; Музеј на Северна Македонија; музеите во Куманово и во Гевгелија.

Меѓународниот совет за споменици и локалитети (ИКОМОС) во 1982 година го прогласи 18 Април за Светски ден на културното наследство, а ИКОМОС секоја година препорачува тема за прославата и активностите на тој ден организирани од страна на националните и меѓународните научни комитети.

Секоја година темите се актуелни, и се однесуваат на подигнување на свеста на јавноста за значењето на светското културно наследство, за заштитата, чувањето и афирмацијата на непроценливото богатство откриено преку археологијата.

Годинашна тема за Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите, се додава во соопштението, е „Катастрофи и конфликти низ призмата на Венецијанската повелба“.

На тригодишното генерално собрание на ИКОМОС во 2023 година во Синдеј, темата „Наследство отпорно на катастрофи и конфликти – подготвеност, одговор и закрепнување“ беше избрана како тема за Тригодишниот научен план 2024 – 2027 година. За таа цел, ИКОМОС Македонија во текот на април го разгледува скопскиот земјотрес во 1963 година и неговиот ефект врз културното наследство низ призмата на годинашната тема.

притисни ентер