Српската опозиција со различни ставови за „Малиот Шенген" и договореното во Охрид

Српската опозиција има различни ставови за идејата за „Мал Шенген" и за договореното на состанокот на премиерот Зоран Заев со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Албанија, Еди Рама во Охрид.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Демократската партија (ДС) е со став дека овој договор е во интерес на сите во регионот, додека Народната партија (НС) на Вук Јеремиќ, Двери на Бошко Обрадовиќ и Глас на Никола Самарџиќ со неодобрување гледаат на идејата.

За разлика од нив, најголемиот опозициски блок, Сојузот за Србија (СзС) се уште нема јасен став за иницијативата, како и Партијата на слободата и правдата (ССП) на Драган Ѓилас, која досега се нема огласено за ова прашање.

Како што пишува весникот „Данас", во СзС „се поделени мислењата, од оние кои сметаат дека овој договор е катастрофален, до оние кои мислат дека треба да се почека со изјаснувањето за темата, кога ќе стане појасно што размислуваат Западот и Истокот за иницијативата, односно кој стои зад оваа приказна, Русија, Турција, дел од Западот или некој друг".

Политичкиот клуб Глас, основан од Никола Самарџиќ, е на став дека со ова Србија „наместо да влезе во Шенген зоната, влегува во зона на самракот".

– „Малиот Шенген" е остварување на интересите на Русија на Путин во Втората студена војна против ЕУ. Вучиќ вчера се ракуваше со Рама, а денеска ја продолжува својата кампања против целиот албански народ. Вучиќ денеска се среќава со Макрон, а вчера доби поддршка од Путин за секоја коалиција, дома и во странство, со неонацисти и неосталинисти. Ако Брисел е задоволен од сегашната претпоставка дека Албанија и Македонија не заслужуваат европска интеграција, а Вучиќ работи на уништување на нивните европски капацитети, реконструкцијата на Советскиот Сојуз ќе продолжи внатре во Шенген зоната. Таа зона ќе настане по влегувањето во Шенген на Романија, Бугарија и Хрватска, на што им се честитаме како наши соседи и пријатели, се вели во соопштението на Глас.

Претседателот на ДС, Зоран Лутовац, изјави за „Данас" дека меѓусебното поврзување, слободното движење на луѓе, стоки и капитал е во интерес на сите во регионот.

– Проблемот е во тоа што на луѓето кои треба ова да го спроведат во живот не им се верува, бидејќи тие водат политика на конфликт и поделба, оцени Лутовац.

Претседателот Двери Бошко Обрадовиќ, пак, кратко одговори: „Мал Шенген – Голема Албанија".

Она што предизвика најголема реакција во дел од опозицијата е изјавата на српскиот претседател Вучиќ дека спроведувањето на планот „ќе им олесни на албанските производители на домати да извезуваат полесно производи кои се лесно расипливи, да заработат пари и да планираат ново производство".

Реагираше и потпретседателот на НС, Мирослав Алексиќ, кој смета дека ова е скандалозно и срамно. Тој изјави дека е сосема јасно дека надворешната политика на Вучиќ е во функција на неговата пропаганда, наместо во интерес на Србија и нејзините граѓани, додавајќи дека искуството покажало оти сè што најавил Вучиќ досега како голема корист за Србија, завршило сосема спротивно, главно на штета на Србија.

– „Малиот Шенген" сигурно ќе донесе многу поголема корист за Албанија и Македонија, затоа што ние, пред сè, сме поголеми пазари од нив, особено ако се земе предвид дека тие со години инвестираат во производство што може да биде конкурентно на српските производители, како што е земјоделството и преработувачката индустрија. Ние како држава мора да бидеме отворени и да бараме нови пазари, но клучен проблем е што овој режим не и помага на домашната индустрија да ја зголеми својата конкурентност, туку се повеќе ја гуши, така што честопати не можеме да бидеме конкурентни ниту на домашниот пазар, истакна Алексиќ./МИА

Ученик влегол со нож во училиште во Милано и ја барал наставничката, нејзин колега настрадал

Ученик (15) се појавил во училиштето „Луиџи Галвани“ во Милано со нож и побарал да се види со својата наставничка, но за среќа двајца професори го запреле и го разоружале.

Во таа интервенција еден од наставниците е повреден и моментално е во болница.

За среќа, повредите во болницата му биле окарактеризирани како полесни, па се очекува тој да биде добро и наскоро да биде отпуштен дома.

Според карабинерите, инцидентот се случил вчера, а се претпоставува дека ученикот имал намера да ја повреди или заплаши наставничката.

Тинејџерот имал тенденција да ја таргетира наставничката и ги прашал сите што ги сретнал на училиште за неа.

Откако бил спречен инцидентот, 15-годишниот ученик се обидел да побегне, но полициските патроли го уапсиле во близина и го однеле во станица.

Георгина и Роналдо објавија снимка од плажа- веднаш добија 3 милиони лајкови (ВИДЕО)

Георгина Родригез на Инстаграм објави романтично видео на кое ужива на плажа со својот партнер Кристијано Роналдо, ставајќи крај на гласините за проблеми во врската.

„Во рајот со тебе“, напиша таа покрај видеото како шетаат по плажа и се бакнуваат, а видеото им се допадна на повеќе од 3 милиони луѓе.

Роналдо на својот Инстаграм сподели и фотографии од одмор на кои се гледа како се забавуваат, попишувајќи ги: „Среќа“.

Јанчев: Кавадарци ја доби наградата „Зелени шампиони“ на Западен Балкан

Мрежата на асоцијации на локални самоуправи на Југоисточна Европа на општина Кавадарци ѝ додели награда за проектот „Практики за одржливо земјоделство“.

Кавадарци наградата „Зелени шампиони“ за Западен Балкан ја доби за поставување на 18 агрометеоролошки станици за рана детекција на болести на винова лоза, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев.

притисни ентер