„Мал шенген“ ги скара Албанија и Косово

„Мал шенген“ ги скара Албанија и Косово. Албанскиот премиер Еди Рама распали по косовските политичари, потенцирајќи дека нивното противење на иницијативата ја поткопува албанската надворешна политика.

Во изјава за „Топ Ченел“, Рама влезе во отворен судир со најверојатниот нов косовски премиер Албин Курти, кој претходно забележа на албанскиот премиер дека неговата одлука да влезе во сојуз со Србија и Македонија е избрзана и без консултации со косовските власти. За Рама, се работи за нелогичен став, зашто како што вели, дали кога Приштина вовела такси на српските производи, ја прашале Албанија за мислење.

-На Курти долго време му го објаснував значењето на Мал Шенген. Ако тој се преправа дека разбира или не разбира, тоа е негов избор, но изгледа дека надворешната политика на Албанија се користи за внатрешна политика, изјави Еди Рама, премиер на Албанија

Рама во исто време го стави под знак прашалник и барањето на Курти за отворање на границите меѓу Албанија и Косово, порачувајќи му дека за тоа ќе треба да биде прашана и Србија. За лидерот на Самоопределување, влегувањето на Рама во „Малиот Шенген“ била погрешна.

-Наместо да брза на состаноци во Охрид и во Нови Сад, Албанија требаше прво да го почека формирањето на косовската влада. Ваквите проекти, Албанија треба да ги започне со Косово, а не со Србија. Мислам дека средбите во Нови Сад и Охрид беа погрешни чекори. , изјави Албин Курти, кандидат за премиер на Косово

Албанскиот премиер упати критики на сметка на Приштина и во Охрид, каде косовскиот претседател Тачи одби да присуствува, со образложение дека не сака да ја замени европската перспектива со регионална иницијатива. Од Косово стигнаа и пораки дека во заднина се крие создавање на „нова Југославија“, со Албанија, а без Словенија и Хрватска.

Рома ќе го задржи Де Роси на тренерското место

 На официјалниот сајт на калчолигашот Рома е објавено дека Даниел Де Роси ќе ја задржи тренерската функција.

- Во неговиот краток мандат како главен тренер, позитивното влијание што го имаше врз целиот клуб говори само по себе. Даниеле го води тимот со почит и храброст, а неговата сила и длабока верба во клубот навистина одговараат на вредностите на Рома, градот и навивачите, се вели во соопштението на Рома.

Четириесетгодишниот Де Роси ја презеде Рома во јануари, потпишувајќи шестмесечен договор.

Под водство на Де Роси, Рома одигра 16 натпревари, забележа 11 победи, три нерешени и два пораза.

Рома вечер од 21 часот го пречекува Милан во реваншот од четвртфиналето на Лига Европа. Првиот натпревар заврши со победа на римјаните 1:0.

ЕУ го забрани името „Пабло Ескобар“ како трговска марка

Судот на правдата на Европската унија го отфрли барањето за регистрирање на името „Пабло Ескобар“ како трговска марка, бидејќи тој назив се поистоветува со дрога и организиран криминал.

Порториканска компанија поврзана со семејството на Ескобар поднесе барање во септември 2021 година да го регистрира името на озлогласениот колумбиски наркобос како заштитен знак за своите стоки и услуги во ЕУ. Во меѓувреме, и Канцеларијата за интелектуална сопственост на ЕУ (ЕУИПО) одби да ја прифати регистрацијата на брендот, затоа што „за европската јавност тоа е спротивно на вредностите на ЕУ“, се вели во образложението.

„ЕУИПО го одби барањето за регистрација со образложение дека ознаката е спротивна на јавната политика и ги прифати моралните принципи“, се вели во соопштението на Судот, и се додава дека ЕУИПО се потпира на „гледиштето на шпанската јавност каде што Ескобар е најпознат поради поврзаноста меѓу Шпанија и Колумбија“.

Според барателите, пак, имињата како Бони и Клајд, Ал Капоне и Че Гевара веќе се регистрирани како заштитен знак во ЕУ, па следствено - и за „Пабло Ескобар, кој поради неговите многубројни добри дела за сиромашните во Колумбија, стана митска фигура во мејнстрим популарната култура“, треба да важи истото. Аргумент повеќе е тоа што Ескобар не е судски осуден криминалец.

Според Судот, „фундаменталното право на презумпција на невиност на Пабло Ескобар не е повредено бидејќи, иако тој никогаш не бил кривично осуден, во Шпанија јавноста го доживува како симбол на организираниот криминал и бројни злосторства“.

Ескобар, убиен во 1993 година, беше сметан за водач на озлогласениот картел во Меделин и со десетлетија важеше за еден од водечките и најбогати криумчари на кокаин во светот.

Приведени крадци во Битола

 Полициски службеници од СВР Битола вчера ги лишиле од слобода битолчаните К.Б.(30) и Н.Б.(41) поради тешки кражби.

- При претрес во домот на К.Б., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пари во различни апоени и повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Додека, при претрес во домот на Н.Б., извршен исто така со судска наредба, биле пронајдени повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, информираат од МВР.

притисни ентер