Нови рочишта за „Ласкарци", „Траекторија" и „Транспортер"

Во Основниот кривичен суд во Скопје за денеска се закажани нови рочишта за случаите „Ласкарци", „Траекторија" и „Транспортер".

Судењето за автобуската несреќа што се случи на 13 февруари годинава кај селото Ласкарци, во која загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени, се наоѓа во доказна постапка и се сослушуваат сведоци.

Случајот го води судијката Дијана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Дарко Јакимовски.

За автобуската несреќа обвинети се шест лица. Сопственикот на „Дурмо турс", Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во формата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноил Трифуновски се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело.

Судењето за постапката за избор на компанија за изградба на автопатиштата Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид, „Траекторија", се наоѓа во доказна постапка и во него се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, кому му се суди во отсуство, ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и ексдиректорот на ЈП Државни патишта, Љупчо Георгиевски.

Според обвинението на СЈО, обвинетите во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејства со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатиштата Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и ги пречекориле своите овластувања. Со тоа му нанеле штета на буџетот од најмалку 155 милиони евра.

Рочиште денеска е закажано и за предметот „Транспортер", во кој поранешниот битолски градоначалник Владимир Талески и уште 20-тина лица се товарат за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра.

Предметот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Добрила Кацарска, а застапник на обвинението е Трајче Пеливанов./МИА

На пат за Копаоник се преврте македонски автобус, има повредени

Едно лице е тешко повредено, а 11 се полесно повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Прокупље – Блаце, кај Белољин, кога околу 10 часот се преврте автобус од Македонија, кој превезувал патници до Копаоник, јавува РТС.

Според првичните информации, едно лице е тешко повредено и е пренесено во болница во Прокупље. Единаесет лица со полесни повреди и се згрижени во Здравствениот дом во Блаце.

-Екипата за Итни случаи на нашиот здравствен центар веднаш излезе на теренот, им помагна на повредените и во тек е нивна згрижување, велат од Здравствениот дом во Блаце.

Засега не е позната причината за несреќата, а овој пат, на кој има чести сообраќајни несреќи, е во фаза на реконструкција од минатиот месец, со посебен режими на сообраќај во зависност од работите. /МИА

Лавров ќе го посети Вашингтон следната недела

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ќе го посети Вашингтон следната недела за да се состане со државниот секретар Мајк Помпео.

Помпео во вторник ќе го угости Лавровм а се очекува и дека по разговорот ќе следи заедничка конференција за новинари, соопштиле две неименувани службени лица.

Не е познато дали Лавров за време на патувањето планира и други состаноци, за кои во четвртокот се зборувало во руските медиуми, пренесува „АП“. Службените лива сакале да останат анонимни затоа што не се овластени јавна да говорат за планираниот состанок.

Изворите наведуваат дека Помпео и Лавров ќе разговараат за контролата на наоружувањето, ситуацијата во Украина и Сирија и други прашања кои се однесуваат на односите меѓу САД и Русија.

„АП“, меѓутоа, наведува дека таа посета веројатно ќе биде помрачена со постапката за отповикување на претседателот Доналд Трамп во врска со Украина, како и објавувањето на извештајот на генералниот инспектор на Министерството за правосудство околу истрагата за руското вмешување во претседателските избори 2016 година.

Тетовското музико училиште со традиционален концерт во чест на Свети Климент Охридски

Ученците од државното музичко училиште „Тодор Скаловски Тетоец" одржаа традиционален концерт по повод патрониот празник, а во чест на Свети Климент Охридски. 

Во еден час пред публиката беа изведени вкупно 21 композиции од дваесетина ученици од основниот и од средниот оддел на училиштето.

-Комисијата имаше неблагодарна работа да одбере кој да настапи на годинешнито патронат. Убаво е чувството, се множат годините, ни оди во пресрет 70-годишнината. Се надевам дека следната година предизвик за поголелма и помасовна организација и ќе ги видиме на концертно достигнување на наученото кај ученциите и нивните наставници досега во текот на годината, изјави директорот Љупчо Перински.

На денот посветен на Свети Климент Охридски пуштена во употреба новоизградената концертна сала.

-Секоја година поголем е интересот за запишување музичкото училиште и со тоа се одржува големата традиција.Освен патронатот, имаме и новогодишен концерт како и задолжителниот концерт за сите ученици по класи, рече Перински.

Во текот на годината училиштето го бележи еден од најголемите успеси на 10 годишниот Ерденај Сали кој освои специјална награда на седмиот меѓународен натпревар за млади музичари „Охрид те сакам". Меѓу триесетина учесници, доби по 100 бодови од сите четворица професори членови на меѓународното стручно жири. /МИА

притисни ентер