Во белградски хотел уапсен македонски и српски државјани , кои краделе документација за куршуми за снајпер (ВИДЕО)

Српските специјалци од БИА ги упасија работникот на ,,Први партизан” од Ужице , Боривоје Глишовиќ и македонскиот државјанин Шефќет Демировски , кои краделе документација за производство на муниција.

Тие се уапсени во хотел во Белград , каде Глишовиќ земал пари од Демировски , кому му продал украдена документација за производство на куршуми со калибар од 12,7 мм за снајперски пушки, пишува весникот Вечерње новости.

Глишовиќ признал дека ги копирал документите и до апсењето зел од Демировски 30 000 евра. Тие биле приведени по неколкумесечна акција на српските специјалци за ,, протекување” на доверлива документација од фабриката за оружје и муниција во Ужице.

Куршумите , за чии нацрти бил заинтересиран Демировски , освен за снајперски пушки, може да се користат и за митралези за против воздушна одбрана. Од Вишото јавно обвинителство во Белград потврдуваат дека се уапсени и други лица поради сомневање за злоупотреба на службената положба и за давање мито.

,,Упасени се тројца вработени во ,,Први Партизан во Ужице, како и С. Д., државјанин на Северна Македонија и сопственик на фирмата Атс груп од Скопје, за злоупотреба и давање мито. Уапсен е поранешен инженер во „Први Партизан“ БГ од Ужице, Н.И. од Пожега, конструктор во фабриката и М.М. Осомничените се приведени 48 часа и ќе добијат кривична пријава од надлежниот обвинител. Тие се обвинети за сторени кривични дела со продажба на проекти и други документи кои припаѓаат на Први партизан од Ужице, поврзани со производство на оружје и муниција, соопшти обвинителството.

Блинкен ги повика Вашингтон и Пекинг на „одговорно“ управување со разликите

Американскиот државен секретар Антони Блинкен денеска ги повика САД и Кина „одговорно“ да управуваат со нивните разлики, на почетокот на неговата втора посета на земјата за помалку од една година.

-Имаме обврска кон нашиот народ - и всушност кон светот - одговорно да управуваме со односите меѓу нашите две земји, рече Блинкен во Шангај, пренесе Хина.

Шефот на американската дипломатија вчера во Шангај се сретна со локалниот лидер на кинеската Комунистичка партија (ККП), при што за време на разговорите кажа дека американскиот претседател Џо Бајден е посветен на воспоставување „директен и одржлив“ дијалог меѓу двете земји.

-Мислам дека е важно да се нагласи вредноста - дури и неопходноста - од директен ангажман, да разговараме едни со други, да зборуваме за нашите разлики, кои се реални и да се обидуваме да ги надминеме, рече Блинкен.

Секретарот на Шангајскиот комитет на ККП, Чен Џининг, од своја страна, инсистираше на важноста на американските компании во локалната економија.

Блинкен потоа се сретна со студентите на Универзитетот Њујорк во Шангај, каде што кажа дека се надева дека повеќе Американци ќе студираат во Кина, додавајќи дека американските универзитети се подготвени да ги пречекаат кинеските студенти.

Од своја страна, Пекинг ги осуди жестоките испрашувања на кои се подложени некои негови граѓани, вклучително и студенти, по пристигнувањето на американска територија, иако поседуваат валидни документи.

-Претседателот Бајден и претседателот Си се решени да ги зајакнат нашите врски меѓу луѓето, рече Блинкен. /МИА

Петмина тинејџери се обвинети за тероризам по нападот со нож во црква во Сиднеј

Петмина тинејџери се обвинети за терористички дела за време на истрагата за прободувањето со нож на две лица во црква во Сиднеј претходно во април, соопшти австралиската федерална полиција (AFP).

„Пет малолетници се обвинети бидејќи Заедничкиот антитерористички тим (JCTT) Сиднеј продолжува да ги испитува соработниците на наводниот сторител кој го изврши прободувањето со нож во црква во Вејкли“, се вели во соопштението на федералната полиција.

Повеќе од 400 државни и федерални полицајци синоќа извршиле 13 налози за претрес низ Сиднеј.

Двајца тинејџери, 17-годишник и 14-годишник, се обвинети за поседување или контрола на насилен екстремистички материјал добиен или набавен со користење на транспортни услуги.

Двајца 16-годишници се обвинети за заговор за подготвување или планирање терористички чин, додека друг 17-годишник е обвинет за заговор за подготвување или планирање терористички чин и поседување нож на јавно место.

Во полициската акција запленети се повеќе предмети меѓу кои и електронски материјал.

Минатата недела, 16-годишно момче беше обвинето за кривично дело тероризам во врска со прободувањето со нож во црквата на Христос Добриот Пастир во Вејкли, на западниот дел на Сиднеј, на 15 април.

Во таа прилика 53-годишниот свештеник се здобил со тешки повреди на главата, додека 39-годишник во обид да интервенира се здобил со расекотини и рана на рамото. Тинејџерскиот напаѓач бил спречен од граѓаните.

Прогласувањето на кривичното дело за терористички акт ѝ дава на полицијата дополнителни истражни овластувања да утврди дали некое лице дејствувало самостојно или било дел од поширока мрежа.

Уште еден гигант тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити

Иднината на Бернардо Силва беше тема на разговор во последните месеци, а се очекува Португалецот да го напушти Манчестер Сити на лето. Најголем интерес за неговите услуги покажа Барселона, која сепак има силна конкуренција.

Според шпанските медиуми, и ПСЖ на лето сака да го привлече играчот од средниот ред. Минатата година клубот се обиде, но безуспешно. Силва сега ќе биде достапен за 50 милиони евра, а неговата откупна клаузула ќе биде активна од јули.

Францускиот шампион има очигледна предност пред Каталонците – финансиски. Силва останува главна цел на Барселона во следниот преоден рок. Тој исто така сака да се пресели на „Камп Ноу“, според новинарот Феран Кореас.

Силва е под договор со Манчестер Сити до летото 2026 година, но се чини дека сака нов предизвик во кариерата. Јасно е дека доколку ја избере Барселона, ќе биде поблиску до родниот Лисабон. Тој е младински играч на Бенфика. Пред да се пресели во Манчестер Сити играше и за Монако.

За португалската репрезентација постигна 11 гола на 88 натпревари. /МИА

притисни ентер