Трамп откри дека се близу до локацијата на третиот по ранг човек на ИД

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека САД  ја знаат локацијата на третиот човек во џихадистичкиот команден ранг на Исламската држава, чиј лидер Абу Бакр ал-Багдади беше ликвидиран минатиот месец.

„Го држиме на око “, рече Трамп за „третиот човек“ одговарајќи на прашања по говорот во њујоршкиот економски клуб.

„Нивниот трет човек има многу проблеми затоа што знаеме каде се наоѓа“, рече Трамп.

По смртта на Багдади, САД и Турција започнаа да ги таргетираат неговите евентуални наследници и симпатизери и уапсија членови на семејството на Багдади во обид да спречат џихадистичката група повторно да се зајакне.

Трамп не ја идентификуваше новата цел. На почетокот на овој месец, САД соопштија дека вршат истраги за Абу Ибрахим ал-Хасеми ал-Кураиши, кој беше прогласен за нов водач на ИД.

Грета ги повика медиумите да посветат повеќе внимание на другите млади активисти

Познатата активистка Грета Тунберг денес ги повика медиумите да посветат повеќе внимание на другите млади климатски активисти.

„Нашите приказни се кажани повеќе пати“, рекла Грета додека говорела на климатскиот состанок на ОН во Мадрид заедно со истакнатата германска активистка Луиса Нојбауер, пренесе „АП“.

„Нема потреба веќе да не слушате“, порача таа и додаде дека луѓето, посебно оние од глобалниот југ, од домородни заедници, треба да ги раскажат своите приказни.

Грета потоа го дала микрофонот на другите млади активисти од САД, Филипини, Русија, Уганда Кина и Маршалските острови.

Во Загреб се отворила дупка на патот, едено возило пропаднало

Возачот е повреден и префрлен во болница.

Како што јавуваат од загребската служба за итни ситуации, околу 17 часот на една улица  во Загреб се отворила голема дупка.

Јавуваат дека се работи за дупка со длабочина од 160 до 180 центиметри и ширина од 250x350 центиметри. Едно возило пропаднало во отворот а возачот е повреден и пренесен во болница.

Улицата потоа е затворена за сообраќај а на терен се загребските пожарникари, брзата помош, полициската управа,  и други тимови за справување со вакви ситуации.

Заев: Стануваме дел од најмоќната воено-безбедносна и политичка алијанса на светот

Премиерот Заев заедно со министерката за одбрана Шекеринска и претседателот на собранието, Џафери, остварија средба со адмирал Џејмс Фого, командантот на американските поморски сили за Европа и Африка. 

Средбата се одржа на носачот на авиони „Хари С. Труман“.

Тоа беше можност одблиску да се доживеат импресивните воени способности на воено поморските сили на САД, кои им служат на американските, но и на сите граѓани на земјите – членки на НАТО алијансата, напиша на Фејсбук премиерот Заев.

притисни ентер