Заев : Го слушаме гласот на граѓаните за да ги утврдиме нивните потреби и во тоа име да ги креираме приоритетите на нашите политики

Премиерот Зоран Заев во пресрет на владината седница во Тетово истакна дека за оваа политичка гарнитура најважно е здравјето на граѓаните и затоа внимателно се одлучува кога во прашање се области од заштита на животната средина. 

Владата на Република Северна Македонија вечерва во полн состав, својата редовна 165-та седница вечерва ќе ја одржи во зградата на Општина Тетово.

Ова втората, од утврдените седници што во наредниот период еднаш месечно, ќе се одржуваат во десет различни региони во државата.

Оваа иницијатива тргнува од нашата намера да бидеме колку што е можно поблиску до граѓаните и до локалната самоуправа за да ги слушнеме нивните приоритети и потреби.

На оваа седница како гости учествуваат и градоначалниците од овој регион, од општините Тетово, Гостивар, Јегуновце, Врапчиште, Боговиње, Брвеница, Теарце и Желино.

,,Ги поканивме градоначалниците за овие општини за да ги добиеме информациите од интерес на граѓаните од нивните заедници од прва рака, и согласно тоа да ги димензионираме нашите идни политики и одлуките за проекти кои може да се реализираат заедно со централната власт.За таа цел, во текот на денот, на седницата ѝ претходеа повеќе теренски активности на замениците претседатели во Владата, на министрите, замениците министри и на некои од директорите на јавните претпријатија и на акционерските друштва во сопственост на Владата.

,,Дозволете да спомнам само неколку од повеќето од овие активности на терен: Министерката за труд и социјална политика Мил Царовска посети една мала компанија во Тетово која својата дејност ја започна благодарение на мерката самовработување преку Оперативната Програма за вработување која во буџетот оваа година изнесуваше рекордни 1,1 милијарда денари. Денеска Владата го утврди Буџетот за 2020 година каде што за оваа програма има издвоено уште повеќе средства.

Ги охрабрувам граѓаните да го следат добриот пример на малото претпријатие, пекарата „Римини“, кое започна бизнис со поддршка на оваа програма.

Министерот за здравство, Венко Филипче ја посети Општата Болница во Тетово, и го информираше раководството за претстојните набавки за нова, современа опрема која на граѓаните од градот и од регионот ќе им овозможи соодветна дијагностика и терапија.

Заменик претседателот во Владата, Бујар Османи и министерот за економија, Крешник Бектеши извршија увид во реконструкцијата на транзитната делница низ Тетово до регионалниот пат Тетово-Јажинце.

Изградбата на гасоводот на делницата Скопје-Тетово-Гостивар, во должина од 76 километри е во полн ек и целосно ќе биде изградена 2020 година. Со овој проект вреден 29 милиони евра ќе го доведеме гасот до граѓаните и компаниите во Гостивар и Тетово со што значително ќе влијае на намалување на трошоците на бизнисот и домаќинствата.

Гасот, заедно со другите мерки за намалување на загадениот воздух, како што се субвенциите за клима инверторите, програмата за субвенционирање на филтри за прочистување на штетните емисии на гасови кај малите и средни компании, и повеќе други, е нашиот придонес за решавање на ова прашање.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски беше во посета на локацијата и направи увид во градежни работи на системот за наводнување Реван-Речица, како проект од витално значење за зголемување на наводнуваните земјоделски површини во полошкиот регион.

Вчера министерот за економија, Бектеши и директорот на Електрани на Северна Македонија ја разгледаа физибилити студијата за Попова Шапка и наскоро ќе се креираат најисплатливите и најодржливите решенија за создавање современ скијачки центар кој ќе влијае на развојот на Општина Тетово на Полошкиот регион и на целата држава, се наведува во соопштението од Владата.

Блинкен ги повика Вашингтон и Пекинг на „одговорно“ управување со разликите

Американскиот државен секретар Антони Блинкен денеска ги повика САД и Кина „одговорно“ да управуваат со нивните разлики, на почетокот на неговата втора посета на земјата за помалку од една година.

-Имаме обврска кон нашиот народ - и всушност кон светот - одговорно да управуваме со односите меѓу нашите две земји, рече Блинкен во Шангај, пренесе Хина.

Шефот на американската дипломатија вчера во Шангај се сретна со локалниот лидер на кинеската Комунистичка партија (ККП), при што за време на разговорите кажа дека американскиот претседател Џо Бајден е посветен на воспоставување „директен и одржлив“ дијалог меѓу двете земји.

-Мислам дека е важно да се нагласи вредноста - дури и неопходноста - од директен ангажман, да разговараме едни со други, да зборуваме за нашите разлики, кои се реални и да се обидуваме да ги надминеме, рече Блинкен.

Секретарот на Шангајскиот комитет на ККП, Чен Џининг, од своја страна, инсистираше на важноста на американските компании во локалната економија.

Блинкен потоа се сретна со студентите на Универзитетот Њујорк во Шангај, каде што кажа дека се надева дека повеќе Американци ќе студираат во Кина, додавајќи дека американските универзитети се подготвени да ги пречекаат кинеските студенти.

Од своја страна, Пекинг ги осуди жестоките испрашувања на кои се подложени некои негови граѓани, вклучително и студенти, по пристигнувањето на американска територија, иако поседуваат валидни документи.

-Претседателот Бајден и претседателот Си се решени да ги зајакнат нашите врски меѓу луѓето, рече Блинкен. /МИА

Петмина тинејџери се обвинети за тероризам по нападот со нож во црква во Сиднеј

Петмина тинејџери се обвинети за терористички дела за време на истрагата за прободувањето со нож на две лица во црква во Сиднеј претходно во април, соопшти австралиската федерална полиција (AFP).

„Пет малолетници се обвинети бидејќи Заедничкиот антитерористички тим (JCTT) Сиднеј продолжува да ги испитува соработниците на наводниот сторител кој го изврши прободувањето со нож во црква во Вејкли“, се вели во соопштението на федералната полиција.

Повеќе од 400 државни и федерални полицајци синоќа извршиле 13 налози за претрес низ Сиднеј.

Двајца тинејџери, 17-годишник и 14-годишник, се обвинети за поседување или контрола на насилен екстремистички материјал добиен или набавен со користење на транспортни услуги.

Двајца 16-годишници се обвинети за заговор за подготвување или планирање терористички чин, додека друг 17-годишник е обвинет за заговор за подготвување или планирање терористички чин и поседување нож на јавно место.

Во полициската акција запленети се повеќе предмети меѓу кои и електронски материјал.

Минатата недела, 16-годишно момче беше обвинето за кривично дело тероризам во врска со прободувањето со нож во црквата на Христос Добриот Пастир во Вејкли, на западниот дел на Сиднеј, на 15 април.

Во таа прилика 53-годишниот свештеник се здобил со тешки повреди на главата, додека 39-годишник во обид да интервенира се здобил со расекотини и рана на рамото. Тинејџерскиот напаѓач бил спречен од граѓаните.

Прогласувањето на кривичното дело за терористички акт ѝ дава на полицијата дополнителни истражни овластувања да утврди дали некое лице дејствувало самостојно или било дел од поширока мрежа.

Уште еден гигант тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити

Иднината на Бернардо Силва беше тема на разговор во последните месеци, а се очекува Португалецот да го напушти Манчестер Сити на лето. Најголем интерес за неговите услуги покажа Барселона, која сепак има силна конкуренција.

Според шпанските медиуми, и ПСЖ на лето сака да го привлече играчот од средниот ред. Минатата година клубот се обиде, но безуспешно. Силва сега ќе биде достапен за 50 милиони евра, а неговата откупна клаузула ќе биде активна од јули.

Францускиот шампион има очигледна предност пред Каталонците – финансиски. Силва останува главна цел на Барселона во следниот преоден рок. Тој исто така сака да се пресели на „Камп Ноу“, според новинарот Феран Кореас.

Силва е под договор со Манчестер Сити до летото 2026 година, но се чини дека сака нов предизвик во кариерата. Јасно е дека доколку ја избере Барселона, ќе биде поблиску до родниот Лисабон. Тој е младински играч на Бенфика. Пред да се пресели во Манчестер Сити играше и за Монако.

За португалската репрезентација постигна 11 гола на 88 натпревари. /МИА

притисни ентер