Дане Талески и Тимчо Муцунски во „Само вистина“

Вечерва гости во „Само вистина“ беа Дане Талески и Тимчо Муцунски.

ВМРО-ДПМНЕ жали што Македонија не доби датум за преговори, рече вечерва во „Само вистина“ меѓународниот секретар на партијата Тимчо Муцунски. Неговиот соговорник, советникот за меѓународна политика на премиерот Дане Талески пак изјави дека само претседателот на опозицијата Христијан Мицкоски се израдувал на тоа за ситни политички поени

Нарачани судски пресуди имаше само во најмрачните денови на ВМРО-ДПМНЕ тврди советникот за меѓународна политика на премиерот Дане Талески во вечерашното издание на „Само вистина“. Неговиот соговорник меѓународниот секретар на партијата Тимчо Муцунски призна дека во минатото се правеле грешки но праша зошто СДСМ три години од доаѓањето на власт не направи никакви реформи во правосудството

Владата на Зоран Заев е „ќе“ влада која води антипазарна даночна политика и која прави само фиктивни реформи во Македонија смета меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски. Советникот за меѓународна политика на премиерот Дане Талески пак во вечерашното издание на „Само вистина“ кажа дека токму ВМРО-ДПМНЕ работела против домашната економија затоа што, како што рече тој, претходната власт правеше се’ исклучиво за странските компании

Погледнете ја целосно вечерашната емисија „Само вистина“ овде.

Алија има најдолга коса на светот- ја мие еднаш неделно и ја суши 24 часа (ВИДЕО)

Алија Насирова е навикната луѓето да ги вртат главите по неа, најмногу поради нејзината неверојатно долга и раскошна коса.

Поточно, нејзината должина е 2,57 метри, поради што неодамна стана горда сопственичка на Гинисов рекорд.

Алија е родум од Украина, додека како светски рекордер беше претставена во италијанската ТВ серија „Lo Show dei Record“.

Триесет и петгодишната девојка е висока 165 сантиметри, а никогаш во животот немала „правилна“ фризура.

Таа сака нејзиниот рекорд „да ги инспирира луѓето да уживаат во убавината и да бидат природни“.

Алија живее во Словачка, каде се занимава со уметност, графички дизајн, а работи и како модел на долга коса.

Нејзина најголема инспирација се нејзината мајка и баба, кои исто така имале многу долга коса, како и хероината од бајките Златокосата, со која ја споредуваат.

Таа ја мие косата еднаш неделно, за што ѝ се потребни околу 30 минути, со дополнителни два часа за нанесување на маска и пакување.

Таа не користи фен и ја суши природно, што обично трае 24 часа!

„Ја четкам косата само кога е сува, што трае еден час. Следам едноставни правила за да ја одржувам здрава. Не ја бојадисувам и земам природни препарати“, открила таа.

Државниот правобранител бара прекин на истрагата против сопругата на шпанскиот премиер

Шпанскиот државен правобранител, назначен од кралот по препорака на владата, денеска побарал од судот во Мадрид да ја затвори истрагата за корупција против сопругата на премиерот Педро Санчез бидејќи „нема индиции за кривично дело“.

Судијата во Мадрид вчера пријавил дека отворил прелиминарна истрага за 59-годишната Бегоња Гомез. Сопругата на премиерот е пријавена кај судијата од синдикатот Манос Лимпиос (Чисти раце) врз основа на медиумските написи дека давала препораки со нејзин потпис на претприемачи кои се пријавиле на јавни тендери. Со тоа, било наведено во пријавата, таа ја искористила својата положба и влијание за блиски луѓе да добијат народни пари и работа.

Организацијата Манос Лимпијас претходно соопшти дека ја засновала својата тужба врз основа на медиумски извештаи и не може да гарантира за нивната вистинитост, а шефот на организацијата, Мигел Бернад, рече дека извештаите биле проследени до судијата од „граѓанска должност“ и негираше дека акцијата била политички мотивирана.

Во 1980-тите, Бернад се натпреварувал на два европски избори како кандидат на екстремно десничарскиот Национален фронт.

Манос Лимпијас одлучиле да побараат од судот да отвори истрага за бизнисот на Гомез откако обвинителите не постапиле самоиницијативно, а истражниот судија ќе одлучи дали медиумските извештаи се точни или не, рече тој.

Консултантската компанија на претприемачот Карлос Барабес, според пријавата, добила 10 милиони евра од јавно претпријатие во надлежност на Министерството за економија. Тој претприемач подоцна основал постдипломски курс со кој раководела Гомез на Универзитетот Комплутенсе во Мадрид.

Во извештајот се споменува и односот на сопругата на премиерот со туристичката компанија Globalia, која била спонзор на едукативниот центар „Africa Centre del Instituto de Empresa“ управуван од Гомез. Шпанската влада со 600 милиони евра народни пари ја спаси „Ер Европа“, во сопственост на Глобалија.

Државното правобранителство испратило жалба до судот во Мадрид во која се наведува дека нема „индиции дека сторила кривично дело“, јави радио станицата Ла Секста.

Вчера Санчез ја обвини „десницата и екстремната десница“ дека користат „лажни“ информации за да го соборат политички и приватно.

Тој е на власт од летото 2018 година, а пред шест месеци формираше нова малцинска левичарска влада со поддршка на сепаратистичките партии на Баскија, Каталонија и Галиција.

Директорот на онлајн весникот El Cofidencial, кој објави информации за сопругата на Санчез, во колумна објавена вчера навечер ја обвини владата за „притисоци“ и „закани“.

Бегоња Гомез не коментирала, а Санчез рече дека ќе соработува со судството.

„Сега судијата треба да утврди дали информациите на новинарот се точни или не“, се вели во денешното соопштение на синдикатот Манос Лимпијас, откако еден ден претходно биле критикувани од Санчез и левичарската опозиција за поднесување на извештајот.

Европската комисија со години бара од Шпанија да го реформира судството за да не зависи од владата. Поддржувачите на каталонската независност исто така го обвинија Мадрид дека го користи судството за политички цели.

Меѓународните набљудувачи со прелиминарна оценка за првиот круг на изборите

Добро организирани, но извалкани со остра реторика – ова е оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на Парламентарното собрание на Советот на Европа за првиот круг од изборите...

Според нив, гласачите имале простор за избор, но реториката станала многу негативна како се ближел денот на изборите....

притисни ентер