,,Наполеон” , кој си ја распарчи младата љубовница, се распадна во судницата (ФОТО)

На рускиот историчар кој призна дека ја убил и распарчил својата љубовница и студентка , му е одреден истражен затвор , а во исто време јавноста бара да се истражи неговото однесување и кон други студентки.

Олег Соколов, истакнат стручњак за Наполеон, во саботата беше упсен покрај реката Мојка со ранец во кој имало отсечени женски раце.

Судот во Санкт Петербург вчера му одреди две месеци затворска казна по убиството на неговата 24-годишна партнерка и негова поранешна студентка , Анастасија Јешченко.

Соколов, професор на престижниот државен универзитет во Санкт Петербург, призна дека ја убил и распарчил девојката. Против него вчеравечер беше поднесено обвинение.

„Јас сум скршен поради тоа што се случи, се каам“, рече Соколов на суд.

Блед и неизбричен, 63-годишниот професор неколкупати сед расплака.

Тој живеел со Анастасија Јешченко последните неколку години.Полицијата, пак, пронајде повеќе остатоци од нејзиното тело во реката, пренесе Интерфакс.

На судот, Соколов се обиде да ја префрли вината на жртвата, кажувајќи му на судијата дека таа полудувала секој пат кога тој зборувал за своите деца од претходниот брак и дека го нападнала со нож.

Соколов е автор на неколку книги за францускиот император Наполеон Бонапарта и честопати водел историски сцени од неговата војна против Русија. Награден е со највисок француски орден - Легија на честа.

Тој и Јешченко напишале низа дела заедно и сакале да носат облека од тој период, а Соколов често се облекувал како Наполеон.

Јашченко, наводно, била убиена со огнено оружје за време на расправијата, по што професорот и ги отсекол главата, рацете и нозете.

Откако се ослободил од деловите од телото, тој наводно планирал да се самоубие во тврдината Петропавловск во униформа на Наполеон.

Овој ужасен случај го привлече вниманието за сексуалната злоупотреба и насилството врз жените во Русија, вклучително и на универзитетите .

Сега се појавуваат приказни дека Соколов претходно ги злоупотребувал своите студентки.Универзитетот вчера објави дека Соколов ќе биде отпуштен поради „монструозното злосторство“.

Повеќе од 30.000 луѓе потпишаа петиција преку интернет, во која ги повикуваат властите да ја испитаат администрацијата на Државниот универзитет во Санкт Петербург.

Во петицијата се тврди дека Соколов се однесувал „монструозно“ и објавија изјава од студентка која рече дека ја тепал во 2008 година, се заканувал дека ќе ја запали со жешко железо и ќе ја убие.

„Убиецот успеа да избегне казна од непознати причини“, се вели во петицијата и се додава дека полицијата, која ја игнорирала пријавата на жената, исто така треба да биде под истрага.

Рускиот претседател Владимир Путин исто така студираше на овој Универзитет.

Кремљ вчера го нарече убиството на Јешченко „монструозно дело на лудило“, но се обиде да го прикаже како изолиран случај.

Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, одби да ги коментира извештаите за злоупотреби на руските универзитети, прашувајќи: „Каква врска има тоа со претседателската администрација?“

Русија нема конкретен закон со кој се казнува семејно насилство или сексуална злоупотреба на работното место, а феминистичките движења како #MeToo имаат многу мало влијание во земјата.

Тајланд воведува данок за богатите пензионери од Западот

Според новиот тајландски даночен закон, сите даночни резидентни кои ги остваруваат своите приходи во странство, а трошат пари на Тајланд, во иднина ќе мора да плаќаат данок.

Овие одредби важат не само за тајландските граѓани, туку и за илјадници странски пензионери кои ги поминуваат пензионерските денови на Тајланд. Меѓу нив има и многу пензионери од Европа, а пред се од Германија.

Пензионерите живеат удобно на Тајланд од заштедите и приходите што ги заработиле додека работеле во своите матични земји.

„Ова е многу тежок удар за германските пензионери“, вели даночниот советник Мартин Либенов од меѓународната ревизорска фирма Мазарс во Бангкок, пренесува Тпортал.

Пензионерите не се единствените што се погодени. Ова е тежок удар за секој што ќе се пресели во Тајланд и ќе живее од своите заштеди и приходи од странство, без разлика дали се пензионери или е некој од многубројните дигитални номади, вели Либенов. /МИА

ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто

Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 6.756 до 12.393 денари по KWh по групи на потрошувачи.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто полугодие од 2023 година, просечната цена на електричната енергија за домаќинствата во земјава изнесувала 7.289 денари по KWh, што претставува пораст од 8.2 % во споредба со првото полугодие.

Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 6.756 до 12.393 денари по KWh по групи на потрошувачи.

Просечната цена на природниот гас без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 36.858 до 48.300 денари по нм3 по групи на потрошувачи.

Просечната малопродажна цена на природниот гас за домаќинствата е 51.257 денари за nm3.

Девет лица приведени во Таџикистан поради поврзаност со нападот во Москва

Државниот комитет за национална безбедност на Таџикистан уапси девет лица за кои верува дека се поврзани со осомничените за нападот во концертната сала во Москва.

Светските агенции повикувајќи се на извори во безбедносните сили на Таџикистан, денеска наведуваат дека осомничените се уапсени и поради нивните врски со огранокот на терористичката организација Исламска држава во Хорасан (ИСИС-К).

Според нивните информации, сите девет лица биле приведени на 25 март во градот Вахдат и се одведени во Душанбе.

Истражниот комитет на Русија вчера соопшти дека е уапсено уште едно лице осомничено дека учествувало во финансирањето на нападот во Москва. /МИА

притисни ентер