Првите Европјани на Месечината ќе стапнат за најмалку осум години

НАСА сака повторно да испрати космонаути на Месечината и размислува за идејата тоа да биде меѓународен потфат , што отвора можност за прв пат по Месечината да се движат ,,неамериканци”.

„Има многу простор на Месечината и нам таму ни требаат сите наши меѓународни партнери“, изјави првиот човек на НАСА, Џим Бриденштајн на неодамнешниот астронаутски светски конгрес.

„Ако се согласиме за придонесот на сите земји“, продолжи тој, „Не гледам причина зошто нашите меѓународни партнери да не одат на Месечината заедно со нас“. Само 12 луѓе во историјата се прошетаа по Месечината и сите беа Американци.

НАСА сега развива вселенско летало (Орион) и мала вселенска станица (Порта) што ќе орбитира околу Месечината. Планот е да се испрати човек на Месечината во 2024 година.

Овој прв чекор сигурно ќе биде само американски, исклучувајќи го техничкиот придонес од Европа во Орион. Само откако ќе се прошири станицата Гејтвеј, не-Американците ќе можат да дојдат на Месечината.

„Апсолутно сакаме да имаме Европејци на Месечината“, вели шефот на Европската вселенска агенција (ЕСА) Јан Вернер.

„Годината 2024 година ќе биде исклучиво американска“, рече тој за АФП. „И не знам за Европејците, можеби 2027 или 2028 година“.

И Јапонија сака да се приклучи на мисијата и „да испрати свои астронаути на Месечината“, изјави претседателот на Јапонската вселенска агенција (Јакса), Хироши Јамакава.

Потпретседателот на САД, Мајк Пенс, неколку пати изјави дека САД во врска со оваа програма сакаат да соработуваат само со „слободољубиви земји“.

ЈСП: Јавниот превоз утре по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека утре јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи.

Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

Националниот џез оркестар со програмата „Џез лектира" ќе гостува во Велес

По концертот во Скопје, Националниот џез оркестар со програмата насловена „Џез лектира" вечер од 20 часот  ќе гостува во театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес. 

Концертот ќе биде осврт на творештвото на Каунт Бејси биг бендот - Вилијам Џејмс (Каунт Бејси) познат како „Кралот на свингот" - американски џез пијанист, органист, водач на бенд и композитор.

-Во 1935 година тој го формира оркестарот „Каунт Бејси“ и ја води оваа група речиси 50 години. Неговата работа резултира со низа иновации во музичкиот израз, како употреба на два „поделени“ тенор саксофони, нагласување на ритам секцијата, рифови во биг бенд композиции, аранжери за дополнително проширување на биг бенд звукот и слично, соопшти Националниот џез оркестар.

Најмалку пет мигранти се удавија обидувајќи се да го преминат Ла Манш

Најмалку пет мигранти денеска се удавија во обид да го преминат Ла Манш со брод од францускиот град Вимеро, јави локалниот француски весник „Гласот на северот“.

Портпаролката на локалната полиција рече дека не може да каже колку луѓе имало во чамецот, но додаде дека се пронајдени неколку безживотни тела.

Портпаролот на крајбрежната стража изјави дека во тек е потрага по исчезнати на море. /МИА

притисни ентер