Прва детска градинка во Сопиште

Прва детска градинка „Виножито" во која се згрижени триесеттина деца почна да работи во Општина Сопиште. Градинката е изградена и опремена со средства од ИПА програмата.

-Намера на Владата е постојано да го зголууваме инфраструктурниот капацитет за опфат на деца во предучилишно образование затоа што инвестицијата во децата помеѓу три и пет години е најважна. На тој начин децата покажуваат подобри резултати и во основно и во средно образование и натаму во економската продуктивнодст што ја даваат во државата, рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Таа додаде дека во изминатиот период почнале со изградба на 43 градинки, и оти дел од нив се во тек на градба или во процес на доопремување. На ваков начин, рече министерката, сакаме да си го исполниме индикаторот што си го поставивме, а тоа е за период од четири години да се зголеми опфатот на деца до 50 отсто, кој претходно изнесувал околу 30 отсто.

Сигурна сум, додаде Царовска, дека оваа инвестиција во децата од три до пет години на долг рок ќе има големи позитивни резултати за нашата држава.

Градоначалникот на Општина Сопиште Стефче Трпковски истакна дека детската градинка „Виножито" е изградена и опремена со средства од ИПА програма 2014 година.

– Во Сопиште ова е прва градинка. Се надевам дека за скоро време ќе почнеме со изградба и отворање на уште една градинка. Бројот и капацитет на дечиња во моментов е 30, а се надеваме на проширување на бројката, рече тој.

Градоначалникот додаде дека во општината има 623 деца кои чекаат згрижување во една ваква установа. Со отворањето на детски градинки во општината, додаде, не само што се задоволува потребата на згрижување дечиња, туку се намалува и притисокот врз соседните општини.

Директорката на градинката Светлана Матеска Трпеска истакна дека со вложување и инвестирање во детската заштита се дава шанса секое дете да се вклучи во воспитнообразовниот процес.

Ова, рече, е прва градинка во нашата рурална средина, што е од голема важност бидејќи секое дете добива шанса и можност за полесно вклучување во основното образование. /МИА

Манекенка исчезнала лани, телото ѝ го нашле во друга држава- ја препознале по тетоважите

Телото на манекенката Кајкан Каенакам (31) е пронајдено во Бахреин, една година по нејзиното исчезнување.

Нејзиното тело било во мртовечница, а полицијата успеала да ја идентификува преку тетоважите.

Минатата година се преселила во Бахреин и почнала да работи во ресторан за да го издржува семејството откако кариерата ѝ пропаднала.

Манекенката редовно објавувала фотографии и видеа од својот живот на социјалните мрежи, а потоа одеднаш мистериозно исчезнала.

Нејзината последна објава била во април минатата година, а нејзиното исчезнување предизвика голема паника кај Тајланѓаните.

Членовите на нејзиното семејство со месеци се обидувале да ја најдат, а во потрагата се вклучила и амбасадата на Тајланд.

На 18 април, тајландската амбасада во Бахреин го известила нејзиното семејство дека нејзиното тело е пронајдено.

Во обдукцискиот извештај е наведено дека таа починала поради акутен пулмонален и срцев удар предизвикан од труење со алкохол.

Интернет сензација: Никој не може да поверува колку е стар (ВИДЕО)

Овој жител на Сингапур е вистинска интернет сензација.

Кога ќе ги видите неговите фотографии, ќе сфатите зошто се здоби со популарност, но има уште еден – многу поинтересен „детал“.

Чуендо Тан редовно објавува свои фотографии на Инстаграм и на други платформи, а луѓето не можат да поверуваат дека тој има 58 години.

Да, добро прочитавте. Овој човек е стар повеќе од половина век, а не би му дале над триесет. И тоа е многу!

Чуендо е роден во 1967 година, а своевремено работел како модел, пеел и глумел.

Успешно се занимава со модна фотографија и ја води својата агенција AVE Management.

Младешкиот изглед го одржува со редовни тренинзи, а особено внимава што јаде.

Патнички авион се излизга од пистата и заврши во нива (ВИДЕО)

Бразилски деловен авион во сопственост на приватна фармацевтска компанија полетал од аеродромот Чапеко до аеродромот Ерехим, на само петнаесет минути лет, и се излизгал од пистата за време на слетувањето.

Луксузниот Learjet 75 на фармацевтската компанија CIMED, регистриран под ознаката PP-DYB, полета со дел од раководството кон дестинацијата на облачно време во 13:35 часот. Авионот поминал само 13 минути во воздух и се вратил на аеродромот.

Меѓутоа, наместо да слета без проблем, авионот завршил од пистата на аеродромот Команданте Краермер во Ерехим.

За среќа, сите патници биле безбедно евакуирани, а CIMED, компанијата која го поседува овој луксузен авион, излезе со соопштение дека „сите патници се добро и нивната безбедност е приоритет на компанијата“.

Видео кое кружи на социјалните мрежи го покажува моментот кога авионот ја „напушта“ пистата на аеродромот.

Претседателот на компанијата, Жоао Адибе Маркес, објави дека истрагата ќе ја спроведе Регионалната служба за истрага и спречување на авионски несреќи.

Тој нагласи дека се надева оти истрагата ќе биде завршена што е можно поскоро.

Во несреќата која завршила со сериозни оштетувања на деловниот авион, еден од двајцата членови на екипажот и тројца патници се здобиле со полесни повреди што биле санирани на лице место, пренесува G1Globo..

притисни ентер