Буџетот за следната година ќе „тежи“ 3,9 милијарди евра

Буџет тежок 3,9 милијарди евра скрои власта за наредната 2020 година. 

Планира да собере 3,6 млијарди евра, а останатите околу 300 милиони евра дефицит да ги финансира со кредитирање. Овој буџет по обем е за 5 проценти поголем од годишниот.

Централно место во него ќе биде грижата за човечкиот капитал, вака премиерот Заев и министерката за финансии го претставија буџетот во кој две третини, или 2,5 милијарди евра, ќе одат за здравството, образованието и социјалната заштита. Кај сите три ставки има раст во однос на лани од 5 до 10 процетни.

Зголемувањето во нјаголем дел се должи на планираните покачувања на платите за наставниците за 10 % и здравтевните работници од 10 до 25 %.

Од Владата уверуваат дека пари ќе има за се. Планирано е задолжување од околу една милијрда евра, но 700 милиони ќе одат на отплата на стари долговои, а 300-те милиони со кои ќе се покрива дефицитот ќе се трошат единствено за капитални проекти.

За капитални инвестиции, власта планира да потроши 374 милиони евра, односно на исто ниво како и годинава. Најмногу ќе се инвестира во железницата, автопатот Кичево - Охрид, пругата кон Бугарија, гасоводот.

Пари ќе има и за покачување на пензиите, за нешто над 700 денари. Премиерот уверува дека тоа нема да ја зголеми дупката во ПИОМ, туку напротив дефицитот во Фондот за прв пат оваа година почнал да се намалува. Годинава од буџетот биле префрлени 335 милиони евра, а догодина ќе се префрлат 313 милиони евра. Вкупно, за пензии во 2020 ќе се потрошат 1 милијарда евра, што е за 50 милиони евра повеќе од годинава..

Надлежните очекуваат невработеноста да падне на рекордни 16%, платите и бруто инвестициите да пораснат за 6%, цените да останат стабилни, а економскиот раст да достигне 3,8%.

Брачна двојка се пофалиле со патување од соништата, па добиле телефонска сметка од 134.000 евра

Рене Ремунд и неговата сопруга ќе го паметат своето патување во Швајцарија, не само по магичните и колоритни пејзажи, туку и по телефонската сметка што ја добиле при враќањето дома.

Сопружниците често патуваат, а тврдат дека секогаш го известуваат мобилниот оператор пред да ја напуштат земјата. Велат дека истото го направиле и овој пат.

Рене наведува дека истиот оператор го користи веќе 30 години.

„Отидовме во филијалата и го изготвивме планот за патување. Рекоа дека сме покриени. Што и да значи тоа, вие сте покриени“, изјави тој за локалните медиуми.

Сопружниците пристигнале во Швајцарија, посетувале различни локации и испраќале пораки/фотографии до пријателите и семејството за да се покажат.

Откако се вратиле на Флорида, каде што живеат, добиле телефонска сметка, пренесува ABC Action News.

На почетокот Рене мислел дека пишува 143 долари, но неколку дена подоцна ја открил вистинската сума. Компанијата му наплатила 143.000 долари, бидејќи користел 9,5 гигабајти во странство, односно за роаминг.

„Се јавив на операторот и му кажав што е проблемот. Ме ставија на чекање, а потоа ме известија дека сметката е добра. Што сакаш да кажеш под добра, прашав. Ми одговорија дека толку должам“, изјавил Рене.

Човекот ангажирал адвокат кој директно му пишал на претседателот на компанијата, но тврди дека не добил одговор. Потоа контактирале со медиумите.

Новинарите се јавиле кај операторот и го објасниле случајот, а Рене добил уште еден повик неколку дена подоцна.

„Тие рекоа дека ќе ја кредитираат целата сума и да не се грижам“, рече Рене, заблагодарувајќи им се на медиумите за помошта.

Мобилниот оператор испратил и официјално соопштение во кое се вели:

„Препорачуваме клиентите да ги проверуваат информациите додека патуваат, како што е меѓународниот роаминг на податоци. Ако сте на постар план кој не вклучува меѓународен роаминг, ќе треба да користите Авионски режим и Wi-Fi за да бидете сигурни дека вашиот уред не е поврзан на странска мрежа“.

Снимен е ужасниот момент на судирот на два хеликоптери во Мелезија- нема преживеани (ВИДЕО)

Во Малезија дошло до страшен судир на два хеликоптери во воздух при што животот го загубиле десет лица, а несреќата се случила околу 09:30 часот по локално време.

Страшната несреќа се случила за време на тренинг вежба во поморска база во северната држава Перак, на околу 100 милји од главниот град Куала Лумпур.

Во несреќата учествувале поморски оперативен хеликоптер АВ139, со седум членови на екипажот, и морнарички Фенек, со тројца членови на екипажот.

На видеото се гледа како главното сечило на еден од нив удира во високиот ротор на другиот. Делови од двата хеликоптери, се видени како паѓаат на земја, додека и двата се урнаа.

На лице место пристигнале и противпожарните служби кои го изгаснале пожарот, а по гаснењето останало куп јагленисан и извиткан метал.

Ништо не можело да се направи за да се спаси екипажот и сите 10 лица беа прогласени за мртви на местото на настанот.

„Потврдена е смрт на сите на местото на настанот“, се вели во соопштението на морнарицата, додавајќи дека посмртните останки се испратени во болница за идентификација.

Министерот за одбрана Мохамед Калед Нордин изјави дека во тек е идентификација на загинатите членови на екипажот, кои се на возраст под 40 години.

Локалните медиуми објавија дека AV139 удрил во спортскиот комплекс на базата, додека Fennec удрил во блискиот базен.

Морнарицата соопшти дека ќе започне истрага за да се утврди што ја предизвикало несреќата.

Силен земјотрес ја погоди Португалија, нема информации за жртви

Многу силен земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди Португалија.

Епицентарот на земјотресот бил во близина на Азорските острови, на длабочина од десет километри.

Засега нема информации за жртви или материјална штета.

притисни ентер