Ѓорѓевиќ: На Србија и претстои долг процес за да се реализира договореното во Охрид

За да се спроведе Договорот меѓу Србија, Македонија и Албанија, во делот поврзан со заедничките работни дозволи, Србија мора да го измени Законот за вработување на странци и Законот за странци.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, министерот за труд, вработување, боречки и социјални работи Зоран Ѓорѓевиќ, коментирајќи го договореното на состанокот во Охрид минатиот викенд, изјави дека Србија ја очекува долг процес за да се спроведе.

Тој верува дека оваа работа ќе биде полесна, бидејќи во земјите на ЕУ веќе постојат работни дозволи добиена во која било земја на ЕУ, која воедно е валидна и во сите останати земји-членки на ЕУ.

– Ние сакаме да го искористиме тоа и на некој начин да го копираме и кај нас. Србија се стреми да влезе во ЕУ и тогаш ќе ни биде многу полесно да се префрлиме на системот на ЕУ, изјави Ѓорѓевиќ за Танјуг.

Најпрво треба да се измени Законот за вработување на странци, кој е негова надлежност и Законот за странци, кој е во надлежност на МВР.

Потоа, додаде тој, ќе започнат преговори со Македонија и Албанија за склучување на некаков вид на договор кој би го дефинирал начинот како ќе се издаваат овие работни дозволи, кои би биле официјално важечки и ќе ги опфаќаат сите три земји.

Ѓорѓевиќ кажа дека веќе разговарал за измените на законот со министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ и дека двајцата ќе имаат состанок утре.

– Што се однесува до српското законодавство, ние брзо ќе решиме што треба да се промени, но после тоа мора да видиме како ќе го спроведеме тоа, а да бидеме ефикасни и да имаме сигурност на некој начин, рече Ѓорѓевиќ, кој додаде дека во Србија има недостиг на работна сила и дека Белград се обидува да привлече повеќе нови инвестиции.

– Секако, се поставува прашањето дали имаме доволно работна сила, и таа сигурно ќе ни биде потребна. Ние сакаме да бидеме лидери во регионот. Во вакви околности, неопходно е да се отворат границите и да се обезбеди можност луѓето од регионот да дојдат да работат во Србија, изјави Ѓорѓевиќ.

Определбата на Србија е да се избори за нови работни места, кои, како што кажа, може да се обезбедат само со пристигнување на големи инвестиции кои ќе дадат импулс на економијата, но и на малите и средни претпријатија кои ќе ги следат тие инвестициите.

Постапката за вработување на странци е поврзана со дозволата за привремен престој и работната дозвола, а во согласност со постојните закони дефинирани се и сите услови за вработување на странски државјани, констатираше министерот Ѓорѓевиќ.

Еден од условите за вработување на странци, кој конкретно се однесува на издавање виза за долг престој, ќе се применува од 1 јануари 2020 година, со кој работодавачот, односно компанијата што сака да вработи странец, ќе има можност од 1 јануари да ја започне постапката за издавање работна дозвола во исто време додека трае постапката за одобрување на виза за долг престој.

Постојат неколку начини на кои странец може да престојува во Србија, а еден од нив е понудата за работа од земјата во која се пријавува. Постапката за издавање работна дозвола се води пред Националната служба за вработување, а сите активности поврзани со добивање работна дозвола ги иницира работодавачот. /МИА

Облачно со повремен пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (и над 20 л/м²) и поројни, проследени со грмежи особено во западните и јужните делови од земјата.

Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од југоисточен правец, соопшти УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степен.

Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд повремено пороен и проследен со грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Ветерот долж Повардарието ќе продолжи да засилува и во среда. Во среда и четврток ќе има локална појава на повремено пороен дожд и услови за грмежи. Потоа следи период на претежно стабилно и постепено потопло време.

Дневен хороскоп за 23. април 2024 година

Дневен хороскоп за вторник, 23. април 2024 година. 

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Оние кои сеуште бараат сродна душа , денеска на лесен и пријатен начин би можеле да ја најдат меѓу колегите од работа или на место поврзано со работата.

Кариера

Слободно може да и се препуштите на работата , зашто во активностите ќе најдете се она што сте го очекувале.

Здравје и совет

Одличен ден за вработените.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Во вториот дел на денот би можеле да доживеете вистинска љубовна екстаза и остварување на соништата што долго време сте ги сонувале.

Кариера

Одличен ден за сите дејности поврзани со луѓе или со смисла за естетика. Работите се одвиваат се подобро и подобро.

Здравје и совет

Се чувствувате одлично.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Доколку во емотивните прашања се потпирате на вашиот внатрешен глас, денеска тоа може да ви донесе многу среќа и задоволство.

Кариера

Сите работи поврзани со алтернативното , како и оние поврзани со психологијата ,денеска ќе се одвиваат исклучително добро.

Здравје и совет

Бидете она што сте.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Неврзаните контакти денеска би можеле да ви донесат лично освежување. Оние кои се сами , нека излезат барем на кафе.

Кариера

На кусо службено патување ќе сфатите дека треба да прифатите она што другите ви го предлагаат , заедно со ризикот што оди со тоа.

Здравје и совет

Не анализирајте премногу.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Вашата најдрага личност веројатно со недоличен потег или говор ќе навреди некого од вашето семејство. Обидете се да ја ублажите кавгата.

Кариера

Премногу размислувања за тоа како соработувате со други ќе ви го одземе скапоценото време.

Здравје и совет

Верувајте и на својата интуиција.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Нивото на вашата самодоверба ќе биде високо , а шансите за дружење отворени. Многумина осамени денеска ќе запознаат нови лица.

Кариера

Со добра финансиска поддршка денеска би можеле да дефинирате дел од работите со странство.

Здравје и совет

Одете до крај без двоумење.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Додека минува денот, полека ќе сфаќате дека некои особини на саканата личност ве возмнемируваат. Прифатете ги , зашто чувството на немир е минливо.

Кариера

Некој од вашите надредени денеска би можел да застане на патот на вашите напредни идеи.

Здравје и совет

Издржете.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

На повеќето љубовни настани вие ќе најдете некаква забелешка. Обидете се работите да ги гледате со помалку строгост и опуштете се.

Кариера

Можни се неконтролирани финансиски издатоци. Држете се до зацртаниот план и правете минимални поместувања.

Здравје и совет

Некои ќе го изгубат гласот поради болки во грлото .

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Денот е добар за неврзано дружење на кафе. Излезете на воздух, прошетајте се , а особено ако се уште сте сами.

Кариера

Нема ништо да се случи доколку само чекате. Треба да се покажете , дас е јавите , дасе претставите.

Здравје и совет

Комуницирајте.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Фазата на уживање во љубовниот живот ќе продолжи и денеска. Ќе имате речиси се што би можеле да посакате.

Кариера

За да успеете , потпрете се на самите себеси. Вие сте најдобар патоказ , како за себе , така и за луѓето околу вас.

Здравје и совет

Се враќате низ сеќавањата.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Партнерот ќе очекува нежност , а вие ќе бидете повлечени во својот свет. Се ќе биде подобро со малку поголема отвореност.

Кариера

Луѓето со кои соработувате денеска нема да бидат целосно сигурни во која насока да се продолжи со започнатото.

Здравје и совет

Кашлица.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Во емотивните прашања ќе имате големи очекувања. Ќе сакате другите да ве галат и чуваат. Како ќе биде , зависи од партнерот.

Кариера

Ќе продолжите да ги развивате своите инвентивни идеи , додека во исто време ќе наопредува и соработката со колегите.

Здравје и совет

Во добра форма сте.

Потрошила 1.400 евра на операција на очните капаци

Ѝ се случило нешто на што не се надевала, но одлучила да истрае

Џема Гилфо е шминкерка која никогаш не била задоволна од својот изглед.

Џема Гилфо (39) е шминкерка од англискиот град Ливерпул, која отсекогаш ги мразела своите спуштени очни капаци кои изгледале како „клапнати“. Како што стареела, тоа станувало се поочигледно, па на прагот од петтата деценија решила конечно да оди на операција на очните капаци.

Потрошила 1.400 евра за отстранување на вишокот кожа од очните капаци. Според неа, како некој што работи во индустријата за убавина веќе 19 години, порано не можела а да не се споредува со жените што ги шминкала.

- Очните капаци природно ми се спуштени и ги мразам од кога знам за себе. Не можев а да не им се восхитувам на жените со совршени очни капаци, бидејќи нивната шминка беше совршена. Направив операција за подобро да ми стои шминката и не се покајав - објаснила таа.

Операцијата ја направила во Амстердам, а несаканиот ефект е лузна од 5 сантиметри над десното око во периодот на закрепнување. И покрај лузната, Џема не се кае за интервенцијата и вели дека е многу возбудена што ќе може да ги нашминка своите „нови очни капаци“.

Гилфо првпат слушнала за можноста за отстранување на вишокот кожа на очните капаци од своите клиенти. Жените во нејзиниот салон за шминка редовно разговарале на оваа тема. Џема претходно истражила некои клиники во Ливерпул, пред да одлучи тоа да го направи во Амстердам. Таа преку телефон имала триесетминутна консултација со специјалист, за да биде подетално информирана за постапката.

Операцијата била изведена со локална анестезија и траела околу 30 минути. Сепак, по операцијата, очите добиле модринки и имале оток во следните шест дена. Лекарите ѝ објасниле дека крајниот ефект од операцијата ќе го добие по четири месеци. Џема е воодушевена од резултатите, иако процесот на закрепнување е во тек.

- Се чувствувам одлично, ми се допаѓа што го направив тоа. Сосема е безболно и не ми е толку гајле за лузната, иако имам уште два месеци до целосно заздравување. Очите ги мијам со солен раствор, строго избегнувам сапун на лице, додека од аналгетици пијам парацетамол и ибупрофен. Конечно сум целосно задоволна од својот изглед и среќна сум што решив да направам нешто што долго време го посакував – објаснила таа за Дејли стар.

Извор: srecna.republika.rs

притисни ентер