Брендот Генесиси од 2021 година во понудата ќе има два „SUV“ модела, компактниот „GV70“ и поголемиот „GV80“.
GV70“ ќе претставува кросовер верзија од седанот „G70“, а ќе биде директен конкурент на БМВ „Х3“ и Мерцедес „GLC“.
„GV70“ го краси спортска предна маска во облик на штит, ЛЕД фарови и ознака на врвот на хаубата во стилот на Бентли.
Во задниот дел се издвојуваат дифузорот со двоен издув и задната врата која наликува како онаа кај Киа Про-Сид.
Ентериерот се одликува со висококвалитетна кожа, црна кабина и централната конзола со голем екран.
Со оглед на тоа дека е заснован на „G70“ и „GV70“ би требало да има ист погон, кој вклучува 2.0 литарски турбо-бензин мотор со 252 коњски сили, 2.5 литарски со 303 коњски сили и 3.3 литарски твин-турбо со 365 коњски сили.
Меѓу потенцијалните но се уште непотврдени опции се и 2.2 литарски и 3.0 литарски трутбо-дизел агрегати, како и веројатно хибридна верзија.
„GV70“ го очекува жестока битка на пазарот кој изобилува со врвни автомобили од таков тип, освен споменатите БМВ и Мерцедес, во оваа категорија свои автомобили имаат и Ауди, Порше, Рејнџ Ровер, Волво,Јагуар, Ифинити...
Една година по „GV70“ треба да пристигне и поголемиот GV80“ како одговор на БМВ „Х5“ и слични модели.
Што се однесува на „GV70“, се очекува да чини околу 40.000 евра.