БиХ и Црна Гора немаат став, Косово не сака никаква регионална иницијатива

На самитот во Охрид присуствуваа и премиерот на Босна Денис Звидиќ, како и министерката за економија на Црна Гора, но се уште немаат конкретен став околу евентуалното вклучување во иницијативата.

Косовскиот претседател Хашим Тачи, пак, на Фејсбук објави дека одбил да присуствува на самитот во Охрид, наведувајќи дека Косово не сака да ја замени својата евроатлантска перспектива со ниту една регионална иницијатива.

Според Тачи, оваа регионална иницијатива е „бесмислена " сè додека Србија и Босна и Херцеговина не ја признаат независноста на Косово.

Димитров: Решени сме да бидеме победници останувајќи посветени на европските реформи

 Министерот Димитров изрази почитување за реакцијата на поддршка на ЕП преку донесената резолуција со која се повикува ЕУ да донесе одлука за почеток на пристапните преговори со  Македонија и Албанија, веднаш по октомврискиот самит на ЕУ.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров на вториот ден од работната посета на Брисел, оствари повеќе средби во Европскиот Парламент со: Дачијан Чолос, претседател на групата Обнова на Европа, со Андреас Шидер, копретседавач со Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-МК, Илхан Кјучук, известител за Македонија во Европскиот Парламент, како и со групата европратеници Пријатели на  Македонија во ЕП.

Како што соопшти МНР, на брифингот со неформалната парламентарна група Пријатели на  Македонија, чиј иницијатор е словенечката европратеничка Ирена Јовева, министерот Димитров изрази благодарност за континуираната поддршка од страна на ЕП за евроинтегративниот процес на Република  Македонија, со очекување дека таа ќе биде зајакната со новиот состав на ЕП. Во оваа прилика, се додава, тој ги информираше соговорниците за последните реформски активности и конкретните резултати, а се осврна и на регионални прашања и нашите напори за унапредување на добрососедските односи. Министерот Димитров изрази почитување за реакцијата на поддршка на ЕП преку донесената резолуција со која се повикува ЕУ да донесе одлука за почеток на пристапните преговори со  Македонија и Албанија, веднаш по октомврискиот самит на ЕУ.

-Државите, како и луѓето, имаат потреба од пријатели. Со пријателите патот е помалку стрмен! Решени сме да бидеме победници останувајќи посветени и напорно да работиме на европските реформи, рече Димитров.

Европратениците  од своја страна, се наведува, позитивно ги оценија реформските постигнувања и дадоа силна поддршка за исполнување на европската стратешка цел на  Македонија, што поскоро.

Министерот Димитров денеска се сретна и со Бјорн Сиберт, шеф на кабинет на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на која од двете страни беше искажана цврста заложба за зајакнување и валидирање на европската позиција на  Македонија.

-Доколку новите ЕУ институции имаат похрабри стратешки цели и поширок геополитички видик, нашиот пример е одлична можност да се докаже дека пристапниот процес е вистинска алатка за европска трансформација на државите во регионот, истакна Димитров на средбата, стои во соопштението од МНР. 

Вучиќ: Македонија е подготвена да влезе во иницијативата „Појас и пат" за изградба на брзата пруга Атина-Скопје-Белград

Пред неколку дена разговарав со премиерот на Македонија, Зоран Зајев и тој кажа дека неговата земја е подготвена да се приклучи на иницијативата, рече Вучиќ.

Српскиот претседател Александар Вучиќ по средбата со грчкиот претседател Прокопис Павлпулос во Атина изјави дека на средбата е разговарано и за подобрувањето на транспортните врски меѓу двете држави во рамки на кинеската иницијатива „Појас и пат", за што имал и телефонски разговор со премиерот Зоран Заев.

– Пред неколку дена разговарав со премиерот на Македонија, Зоран Зајев и тој кажа дека неговата земја е подготвена да се приклучи на иницијативата, рече Вучиќ.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, тој на новинарите по средбата им посочи дека Грција има одлична пруга од Атина до Солун, но дека останал дел од Солун до Северна Македонија.

-Железничката пруга низ Северна Македонија е еднонасочна, тоа би требало да се промени. Мораме да промениме сè и да изградиме сè и подготвени сме да влеземе во тој аранжман во рамките на  „Појас и пат". Разговаравме со нашите грчки пријатели затоа што мислиме дека тие со ова би добиеле многу поголем број на туристи, изјави Вучиќ.

Изградбата на брзата пруга, како што наведе, од Белград до Ниш со возови што одат 200 километри на час, потоа од Ниш до границата со Северна Македонија, каде одат од 120 до 160 километри на час, би значело побрзо да се стигне до Халкидики и Солун.

-Да не спомнувам колку е важно ова за товарниот сообраќај и колку може да се извезе од пристаништето Пиреја до Белград, Будимпешта и Виена во цела Централна Европа. Мора тоа да го сториме заради нашиот инвестициски план, кој планираме да го претставиме и предложиме, изјави српскиот претседател, а за ова тема, како што најави ќе разговаара и утре со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

На прашањето како Атина ја гледа иницијативата „мал Шенген" со Северна Македонија и Албанија, Вучиќ кажа дека „не мисли дека Грција се меша во тоа, затоа што тој пазар е мал за нив".

-За нив тоа е премалку, тие имаат поголеми цели, но можат да покажат почит и јас им се заблагодарувам за тоа, рече Вучиќ.

Во врска со кинеското влијание во регионот, Вучиќ кажа дека „ако за никого не е проблем тоа што во Хрватска, земја членка на ЕУ, Кинезите го градат мостот „Пељешац", зошто е проблем кога Кинезите работат и градат во Србија", прашал српскиот претседател, откако разговарал со неговиот грчки колега Павлопулос, чиј принцип на почитување на меѓународното право и националните интереси, го разбира целосно, додавајќи  дека „никогаш не се случило во Србија да се добијат европски пари, па Кинезите да градат, како што беше случај со мостот „Пељешац" во Хрватска.

Говорејќи за односите со Грција, Вучиќ рече дека Грците и Србите традиционално се сакаат меѓусебно, но сега треба да се стори повеќе за да се подобри соработката, како и дека Белград ќе ја има грчката подршка на патот на евроинтеграциите.о

Градоначалникот Богдановиќ го посети Здружението на пензионери во Општина Центар

 Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ денеска го посети општинското Здружение на пензионери и оствари средба со неговиот претседател Павле Спасев.

На средбата, како што соопшти Општина Центар, Спасев ја истакна традиционално добрата соработка со општинските власти, му се заблагодари на Богдановиќ за она што општината и тој лично досега го имаат направено за пензионерите и ја изрази својата поддршка за идните заеднички проекти и активности.

– Спасев и Богдановиќ разговараа за постојните општински политики наменети за пензионерите, пензионерските клубови, кои општината ги отвори за социјализација и за слободни активности, како и за сервисот „Нега плус", кој функционира во рамки на општината. „Нега плус" е сервис кој на пензионерите им овозможува два различни пакети на секојдневна помош и грижа од стручно лице, се вели во соопштението.

Богдановиќ, како што се наведува во соопштението, вети дека грижата за пензионерските клубови во Центар ќе продолжи и во иднина и најави дека од идната година ќе има нови пензионерски клубови. Богдановиќ и Спасев се заложија за интензивирање на соработката во понатамошниот период, со цел овозможување на поубави и безгрижни пензионерски денови.

Со над 10.000 членови, Здружението на пензионери на Општина Центар е едно од здруженијата со најмногу активни членови во државата. 

притисни ентер