Кинескиот претседател Си Џинпинг пристигна во официјална посета на Грција

Кинескиот претседател Си Џинпинг пристигна во Атина во дводневна официјална посета на Грција .

Си Џинпинг беше пречекан на атинскиот аеродром од министерот за надворешни работи Никос Дендијас.

Утре тој ќе се сретне со претседателот Прокопис Павлопулос, кој ја посети Кина минатиот мај,како  и со премиерот Киријакос Мицотакис. Си и Мицотакис се запознаа пред неколку дена, на кинескиот меѓународен саем во Шангај.

Си и Мицотакис ќе го посетат пристаништето Пиреја, најголемото грчко пристаниште во сопственост на кинескиот пристанишен оператор Коско. Тоа е најголемата кинеска инвестиција во Грција и Коско неодамна го започна новиот инвестициски план што вклучува изградба на нов карго-терминал.

Си, исто така, ќе присуствува на отворањето на првата филијала на Кинеската Банка во Грција.

Двете земји ќе потпишат низа договори за економска соработка, како и договор за екстрадиција.

Во вторник, Си Џинпинг ќе го посети музејот Акропол, пред да си замине од  Атина , пишува Катимерини.

Македонски државјанин киднапиран во Тирана, го спасила полицијата

Албанската полиција уапсила две лица под обинеие дека во Тирана вчера киднапирале 23-годишен македонски државјанин, кому му барале 250.000 евра.

Судија на претходна постапка им одредил мерка притвор.

Во рамки на полициската акција „ Lake", уапсени се Алберт Џ.(41), и Сокол М. (42), жители на Тирана, додека од слобода ќе се брани Суби Е.(50) жител на Струга, Македонија.

-Тројцата граѓани во соработка еден со друг кај планината Фарка,во близина на седиштето на Архиепископијата во Тирана, го киднапирале македонскиот државјанин Давор В.(23). За да го ослободат, под закана со оружје, барале сума од 250.000 евра, пренесуваат полициско соопштение албанските медиуми.

Досието е доставено до Јавното обвинителство во Тирана за понатамошно постапување. /МИА

Покрената истрага против едно лице за пронајдено оружје и муниција во Арачиново

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице.

Нардбата е донесена бидејќи постои основано сомнение дека лицето сторило кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл.396 ст.1 од Кривичниот законик.

Во својот дом во Арачиново осомничениот држел огнено оружје и муниција – еден полуавтоматски пиштол “Smith&Wesson” MOD 6906 со калибар 9мм Para, еден полуавтоматски пиштол “Walther” P99 со две рамки, како и 41 куршум со калибар 9мм Para. Оружјето и муницијата биле пронајдени и одземени при претрес во неговиот дом.

Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност осомничениот да ги сокрие трагите од кривичното дело или да ја попречува постапката со влијание врз сведоците, како и опасност тој да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

Маж загинал од експлозија во Сараево: Копал земја и активирал непозната направа

Еден маж загинал додека ископувал земја на подрачјето Ступа кај автопазарот во Сараево.

Тој активирал непозната експлозивна направа и како последица на тоа настрадал, соопштуваат од Обвинителството на Кантонот Сараево.

„За време на увидот со кој и понатака раководи дежурното обвинителство утврдено е дека настрадал маж роден 1960 година. Се утврдуваат сите околности за несреќата. Издадена е наредба за обдукција на телото на настраданиот“, велат од Обвинителството.

притисни ентер