Задолжен Италијанец си ја минирал куќата за да земе пари од осигурување, па ги убил пожарникарите (ВИДЕО)

Презадолжен Италијанец ја минирал својата селска куќа за да наплати пари од осигурувањето , но по грешка уби тројца пожарникари , кои дошле на помош .

Обвинителот Енрико Цери изјави дека Џовани Винсенти им кажал на истражителите дека тој имал намера да ја уништи својата фарма во Пиемонте, северозападна Италија, со минирање на боци за гас, но наводно погрешил со тајмерот ,предизвикувајќи две експлозии.

Кога, по првата експлозија, во вторникот наутро, пожарникарите стигнале до куќата на фармите, се случила втора, помоќна експлозија.

Винсенти вчера беше приведен во притвор .Обвинетиот  изјави дека тој немал намера да ги убие пожарникарите.

Инспекторите пронајдоа прирачник за тајмер во домот со кој Винсенти се плеткал и погрешно го наместил.

Телевизијата Скај ТГ24 објави дека селската куќа била реновирана и била неуспешно понудена на продажба пред две години.

На погребот на тројцата пожарникари вчера присуствуваше и италијанскиот премиер Џузепе Конте и други јавни лица.

Избрани петте естетски најуспешни автомобили на деценијата

Кога станува збор за естетиката , не може да се донесе прецизна оценка , се додека не се употреби и науката.

Токму тоа го направи британскиот Carwow , кој одлучи да го примени златното правило за естетика врз автомобилите. Математички базираниот структурен термин се користи во уметноста со векови, и едноставно кажано, тоа е начин да се одреди естетска вредност со делител од приближно 1,6 што е златниот број на убавина.

Доколку се примени овој закон, во кој помалиот дел кон  поголемиот се однесува како поголемиот према целината, се добива неочекувана листа. Најубавиот автомобил во изминатата деценија е малиот Смарт, бидејќи златното правило за убавина го исполни со 98,83%.

Во топ 5 се рангирани и  Volkswagen Up! (98,62%), Opel Mokka (98,57%), Тоyota Corolla (98,56%) и Nisan Micra (98,55%). Ако се прашувате каде се супер автомобилите на Lamborghini, знајте дека се на дното, некаде околу 500-тo место . Најгрдиот автомобил на ова тестирање е Ford Fiesta ST на 626.  место со само 34,31% поклопување со  древното правило за убавина .

Разделба на ќерката од таткото , осуден на затвор поради три кубика дрва

Денеска на социјалните мрежи ворегионот се шири фотографија на која се разделува татко и неговата ќеркичка , затоа што тој оди во затвор.

Станува збор за Босанецот Фикрет Дедиќ , кој оди на отслужување шестмесечна казна затвор , зашто исекол три кубика дрва од државна шума.

Неговата сопруга Рамиза вели дека тој сечел дрва во шумата зашто немаат пари , а треба да се згрее скромниот дом , каде живеат со три деца . Таа вели дека по објавувањето на фотографијата на Фејсбук , почнале да доаѓаат хумани луѓе за да им нудат помош.

Ни Фикрет ниту Рамиза немаат работа ,а работат сезонски за да го прехранат семејството. Неговиот пријател во објавата на фејсбук објави дека Фикрет не сакал да краде од продавница или од луѓе , туку отишол во државна шума , ги исекол дрвата и ги пренел до дома на грб.

Сите нови автомобили ќе мора да задолжително да имаат пет системи

Земјите-членки на ЕУ конечно се согласија за промени во новите автомобили и комбиња и нивната опрема за безбедност.

Почнувајќи од 2022 година, сите нови возила на продажба во ЕУ, ќе имаат приклучок Алколок, црна кутија, автоматски систем за сопирање и систем за предупредување за менување лента (освен ако не се вклучени индикаторите за вртење).

Исто така, дизајнерите на сите нови автомобили и комбиња ќе треба да понудат форма за предниот дел на возилото, што ќе го намали ризикот од повреди на пешаците и велосипедистите при судир.

Алколок ќе обезбеди опција за оние кои биле казнети поради возење под дејство на алкохол , задолжително да направат алкотњест пред да го стартуваат автомобилот, а во спротивност , се вклучува систем , што не му дозволува на автомобилот да тргне.

Доколку возачот има  недозволено количество алкохол, нема да можат да го стартуваат моторот на возилото.

Што се однесува до црната кутија, таа ќе ги сними податоците за телеметрија пред, за време и по сообраќајна несреќа.

притисни ентер