Во Париз падна ,,Берлинскиот ѕид” од чоколадо (ВИДЕО)

Францускиот скулптор Патрик Роже, кој прави скулптури од чоколадо, денес ја прослави 30-годишнината од уривањето на Берлинскиот ѕид со тоа што удираше чоколадна реплика на злогласната бариера и споделуваше слатки парчиња со воодушевените минувачи.

Роже вели дека е „неверојатно да се споделат вкусот, вредностите и особено ветерот на слободата“.

Исто како што Берлинчаните го пробија бетонскиот ѕид на парчиња, Роже и еден асистент со задоволство ја „срушија“ репликата, пренесува АП.

Ѕидот беше направен од 200 килограми чоколадо, и насликан со зборовите „слобода“ и „Јас сум Берлинец!“ на германски јазик.

Ѕидот потоа беше срушен на тротоарот пред продавницата за чоколади на Роже во Париз на  стотици парчиња.Воодушевените минувачи зедоа парчиња чоколадо, а некои собираа и ги носеа дома.

Фото: Хрватска старлета со раскопчано сако и без градник

Атрактивната старлета и писателка, провокативната Нивес Целзиус повторно ги воодушеви своите фанови на социјалните мрежи.

Сега Нивес на Инстаграм поделила фотографија во одело, но никој од фанови не го забележал стајлингот на старлетата покрај нејзините скоро голи гради.

Имено горниот дел на флуоресцентното одело едвај ги покрива бујните гради на Нивас, атмосферата дополнително е загреана со фактот што старлетата не носи градник.

За само 30 минути фотографијата на Нивес во флуоресцентно одело собрала повеќе од 5000 лајкови.

Најпровокативната Хрватка , како што ја нарекуваат медиумите од Балканот, своите фанови на Инстаграм редовно ги радува со разголени фотки на кои во преден план се нејзините раскошни облини.

Фото: Џенифер Лопез во тесен црн фустан

Светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез уште еднаш покажа дека е „жешка“ Латиноамериканка 

Популарната Џеј Ло без проблем иако е влезена во шестата деценија од животот позира во тесен црн кожен  фустан кој ги оцртува нејзините облини.

Фотката предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи, сите се сложуваат во едно дека Џенифер изгледа подобро од било кога.

Фото: Јане во Обединетите Нации - Мене не ми смета мојата пречка, туку ми сметаат пречките од околината

Јане Велковски, 11-годишен застапник за правата на децата попреченост испрати силна порака до светските лидери во своето обраќање во Обединетите нации. 

Во продолжение целиот говор на Јане Велковски, 11-годишен застапник за правата на децата со попреченост на панел дискусијата – Да не изоставиме ниедно дете: за секое дете, сите права на собирот на високо ниво во Генералното собрание на Обединетите нации "Триесет години од усвојувањето на Конвенцијата за правата на детето и одбележување на Светскиот ден на детето" што се одржа на 20 ноември 2019 во седиштето на Обединетите нации.

"Многу сум среќен што сум денес овде. Јас сум роден со спинална мускулна атрофија, и поради тоа се движам со количка која ја викам Формула. Но моите родители од мал ме учеа дека можам да правам се што можат и другите, само на поинаков начин. Како што растев - тоа стана и мое правило - да правам се и да уживам во животот.

Одам во  училиште и имам многу другари. Учам, шетам, играм, но мојата најголема страст е фудбалот. Јас го засакав фудбалот од мал и играм фудбал секогаш кога можам. Тоа ми дава сила и енергија и ме прави среќен.

Фудбалот ми помогна да се борам за да добијам терапија, ме поврза со многу славни личности и ме направи голем борец за еднаквост во спортот. Јас верувам дека сите на светот можат да играат фудбал без разлика како играат. Битно е да се еднакви и да се почитуваат.

Јас се сметам за еднаков со сите, така и се однесувам, и така треба сите да се однесуваме. Но не е лесно кога си во количка бидејќи има многу пречки на патот.

Мене не ми смета мојата пречка, туку ми сметаат пречките од околината. Ме нервира кога сум спречен да одам негде ако нема рампа или ако нема превоз за мене и родителите мораат да ме носат. До сега бев мал па родителите ми помагаа и ги отстрануваа пречките за мене. Но сакам да пораснам во човек кој ќе биде независен.

Децата како мене сигурно исто се чувствуваат и би сакал да им порачам- да бидат упорни и никогаш да не се откажуваат од својот сон. Треба да ги рушат бариерите каде што ги има, а да прават добри работи каде што ги нема.

А на возрасните сакам да им порачам- треба да направите се за правата на децата, и отстранете ги сите бариери.  Да нема дискриминација!"

притисни ентер