МЗЖСПП : Состојбата во Охис е целосно под контрола и нема место за паника

Министерството за животна средина и просторно планирање согласно последните информации добиени од надлежните инспекциски служби, ја информира јавноста дека состојбата во Охис е целосно под контрола и дека нема место за паника.

Имено, излевање на вода при перење на празна цистерна поради пукање на вентил се случило во бетонска када чија функција е безбедносна токму при вакви случаеви. Во моментов излеаната течност е целосно собрана, а кадата е покриена со пилевина за да се соберат евентуалните остатоци од течноста.

Пилевината ќе биде собрана во текот на утрешниот ден и соодветно, безбедно одстранета во специјални буриња за таква намена.

Надзорот на локацијата ќе продолжи и утре, се анведува во соопштението од Министерството. 

Села: Функционери на ДУИ поседуваат имот во соседна Албанија

Лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села, обелодени дека функционери на ДУИ поседуваат имот во соседна Албанија, поточно во градот Драч кој се наоѓа покрај јадранското крајбрежје.

-Овие имоти се стекнати на сомнителни начини и албанската држава треба да ги истражи овие наводи – рече Села во интервју за „Пресинг ТВ“.

Според него, ДУИ се покажало како полоша опција за Албанците и во споредба со ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

-Иако Заев не успеа да ги реализира своите ветувања, тој беше подобар од Груевски во некои политики, но ние уште ги бараме нашите права. Албанците ме прашуваат кои се полоши, СДСМ или ВМРО, јас им велам дека полоша од нив е ДУИ – изјави Села.

Тој порача дека крајно време е ДУИ да замине во опозиција.

Еднодневна обука за сајбер безбедност за ученици, наставен кадар и родители

Еднодневна обука за сајбер безбедност за ученици, наставен кадар и родители, денеска се одржа во Скопје.

 Обуката е во организација на министерството за информатичко општество и администрација и министерството за образование и наука, мисијата на ОБСЕ во Скопје и фондацијата Метаморфозис.

Стипендии за 315 ученици Роми запишани во прво одделение

Вкупно 315 ученици Роми запишани во прво одделение во учебната 2019/20 година ќе бидат стипендирани во рамки на проектот „Редовно на часови: акција за вклучување на Ромите во основното образование".

Конкурсот е финансиран од Европската унија, а го спроведуваат Фондацијата Отворено општество – Македонија во соработка со здружението Центар за образовна поддршка Дендо вас и фондацијата за образовни и културни иницијативи Чекор по чекор. Целта е да се обезбедат стипендии за вклучување на што поголем број деца Роми во основното образование кои редовно ќе посетуваат настава.

Конкурсот се однесува за период од една учебна година, а стипендијата од 400 евра годишно е наменета за покривање на трошоците за школување, храна, облека, училишен прибор и материјали, спортска и друга опрема за учениците.

Ќе можат да се пријават ученици Роми запишани во прво одделение во учебната 2019/2020 година, чии семејства се приматели на гарантирана минимална помош, но кои не се корисници на друга стипендија обезбедена со финансиски средства од Европската Унија. Притоа, семејствата нема да го изгубат правото на гарантирана минимална помош.

Редовните ученици, како и оние кои успешно ќе поминат во следното одделение, ќе можат да ја задржат стипендијата за тековната година и потенцијално да ја обноват за следните две учебни години.

Крајниот рок за пријавување е 10 декември, а повеќе информации за конкурсот може да се најдат на веб-страницата на Фондација Отворено општество – Македонија, потоа во просториите на Фондацијата Отворено општество, телефонски на бројот  02/2477107 или преку електронска пошта redovnonacasovi@fosm.mk. 

притисни ентер