Петмина загинати , над 120 повредени на протестите во Ирак (ВИДЕО)

Неколкумина маскирани напаѓачи ги нападнаа антивладините демонстранти во градот Басра, јужен Ирак, при што загинаа петмина, а десетици беа повредени во текот на ноќта, соопштија денеска ирачката државна телевизија и медицинските власти.

Пукањето во Басра се случило ноќеска околу полноќ , при што загинале околу 120 луѓе, според медицински лица, пренесува АП.

Десетици илјади излегоа на улиците во главниот град Багдад и  во другите градови од минатиот месец за да бараат големи политички промени во Ирак.

Повеќе од 250 луѓе се убиени од почетокот на немирите што избувнаа на 1 октомври.

Демонстрантите се жалат на распространетата корупција, недостаток на можности за вработување и лоши основни јавни услуги, вклучително и чести прекини на електрична енергија и покрај огромните резерви на нафта во Ирак.

СДСМ: Го враќаме достоинството на здравствените работници, рекордно покачување до 40 отсто на платите на лекарите

Платите на здравствените работници и соработници од февруари 2020 година рекордно ќе се зголемат,  СДСМ, како одговрна партија, останува доследна на своите ветувања да го врати достоинството на здравствените работници.

По постигнатиот договор, платите на лекарите специјалисти се зголемуваат за 25%, а на медицинските сестри за 10%. Кумулативно заедно со сите други зголемувања од 2018-та наваму, основната плата на лекарот специјалист ја зголемивме за 40%, а на медицинските сестри помеѓу 20 и 23%"

 Платата на лекар специјалист наставник или обичен специјалист, во Клиничкиот Центар на Хируршките Клиники и на Интерните Клиники, со новото покачување ќе достигне, но на некои и ќе надмине 100.000 денари.

Просекот на платата на лекар специјалист во општите болници ќе биде некаде помеѓу 85 и 88.000 денари, заедно со дежурствата и согласно бројот на дежурствата, може многу лесно да достигне и до 100.000 денари.

Во текот на следната година предмет на дискусија ќе биде зголемување на болничко-техничкиот персонал и  администрацијата која работи во здравството.

СДСМ со оваа мерка го враќа достоинството на здравствените работници и ќе продолжи и понатаму да работи, не само во однос на зголемувањето на платите, туку и за подобрување на условите во коишто работи здравствениот персонал, затоа што само задоволни и добро стимулирани финансиски здравствени работници, значи задоволни и добро третирани пациенти.

Скопје, 12 ноември 2019

СДСМ

Центар за комуникации со јавноста

Аеродром доделува 10.000 денари за млади талентирани спортисти

Општина Аеродром доделува по 10.000 денари за млади талентирани спортисти.

 Целта на оваа мерка е да им се помогне на младите да ги остварат свoите амбиции и да се поттикне развојот на спортот во Општината, со што директно ќе се вратат парите кај граѓаните.

Мерката е наменета за лица до 28 години, кои не остваруваат приходи од спортот, а се истакнале со досегашните постигнати резултати.

Огласот за пријавување трае 10 дена, заклучно со 21 ноември. 

Во Србија уапсен македонски државјанин заради кражба на документација за производство на муниција

Македонски државјанин, поранешен инженер во фабриката за муниција „Први партизан“ и двајца работници, државјани на Србија, се уапсени под сомнение за злоупотреба и примање мито.

Како што објави српската државна телевизија–РТС, тие се сомничат дека продавале документи од фабриката „Први партизан“ од Ужице, кои се однесуваат на производство на оружје и муниција.

 Според српското обвинителство, апсењето по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, го извршиле Безбедоносно информативаната агенција, Воено-безбедносната агенција и МВР на Србија.

 На осомничените одредена им е мерка притвор 48 часа, поднесена им е кривична пријава и поради сослушувањето ќе бидат изведени пред надлежен обвинител.

 Тие се товарат за злоупотреба на службена должност и примање мито, односно дека при извршување на кривичното дело продавале проекти и друга документација која и припаѓаа на „Први партизан“ од Ужице, а се однесува на производство на оружје и муниција..

притисни ентер