Почна ерупција на вулкан во Јапонија (ВИДЕО)

Јапонскиот вулкан Сакураџима деенска почна да исфрла чад и пепел на неколку километри височина кон  небото, во најголемата ерупција во последните три години.

Според агенцијата Кјодо, вулканот на југот на главниот остров Kјyшју испушта пепел во висина од околу 5,5 километри, формирајќи за прв пат по јули 2016 , голем облак од пепел.

Локалната метеоролошка опсерваторија наведува дека вулканот е „многу активен“, со повеќе од 100 ерупции само оваа година.

Во извештаите засега нема информации за евентуална штета.

Панел дискусија за европските интеграции во перспектива на Вардарскиот регион

Европско движење во Република Македонија (ЕДРМ) во соработка со Општина Кавадарци денеска организираат панел дискусија на тема: „Европските интеграции во перспектива на Вардарскиот регион со посебен осврт на Кавадарци".

Дискусијата е дел од проектот: „Граѓанските организации во служба на демократијата", финансиран од ИПА – 2 механизмот за поддршка на граѓанските здруженија.

Целта на оваа дискусија, информираат организаторите, е да ги афирмира европските инцијативи за потесна соработка на локалните власти со граѓанските здруженија од регионот, но и со другите чинители во развојните процеси на општината (претприемачи, фармери, просветни, културни работници). /МИА

Седници на две собраниски комисии

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за транспорт, врски и екологија и Законодавно-правната комисија.

На денвен ред на Комисијата за транспорт, врски и екологија се предлог законите за изменување и дополнување на Законот градење, и на Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, двата по скратена постапка, поднесени од пратеници од владејачките парти. Членовите на Комисијата ќе ги разгледаат и Предлог законот за изменување на Законот за електронско управување и електронски услуги, по скратена постапка, како и Статутарната одлука за изменување на Статутот на Агенцијата за пошти (II фаза).

Единствена точка на дневниот ред на Законодавно-правната комисија е Предлог законот за изменување на Законот за спортот, по скратена постапка, поднесен од пратиници од владејачкото мнозинство. /МИА

Собранието ќе избира заменик-министер за здравство

Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи 120. седница на која треба да биде избран заменик-министер за здравство.

Владата за нов заменик-министер за здравство го предлага Арменд Арслани, специјализант по урологија на Медицинскиот факултет при УКИМ, кој претходно работел како доктор по општа медина во Специјализираната болница за нефрологија во Струга.

Арслани треба да дојде на местото на Асим Муса, кој поднесе оставка на функцијата по скандалот дека зел мито од пациент од Албанија за да му овозможи операција во Струга. /МИА

притисни ентер