Борис Тунџев: Реформите за професионализација на услугите и намалување на трошоците за граѓаните се на прав пат

СДСМ како одговорна и домаќинска партија продолжува да креира и имплементира мерки и политики кои носат придобивки за граѓаните.

Откако СДСМ е на власт се врши професионализирање на институциите, граѓаните добиваат поефикасни и поевтини услуги.

Една од мерките што Владата предовдена од СДСМ  ги вети и ја исполни, е намалувањето на цените на услугите на Катастарот.

Денес, граѓаните можат да поднесат барања за разни предмети за одделение во друг град, различен од местото на живеење.

 На пример, како што сега може да се извади имотен лист за цела територија на Репубика Македонија од било кое место, така граѓаните можат да поднесат различни барања во врска со сопствените имоти, во било кој град, за некоја друга општина, како на пример барање за промени кои настануват по основа на наследно решение и слично

Исто така вреди да се истакне дека бројот на затекнати нерешени предмети, на почеток на август 2017 година изнесуваше 5.404, денес бројот на нерешени предмети 2043.

Евидентно е целосното и драстично намалување на бројот на нерешени предмети.

Споредбено, бројот на нерешени предмети е намален за 62%.

Во насока на доближување на Агенцијата за катастар и недвижности до граѓаните, aгенцијата отвори нови канцеларии во Општините Чашка и Македонска Каменица.

Покрај интернет опцијата, граѓаните од овие општини можат да добијат имотен лист во овие канцелари.

Исто така, целосно, или делумно се реновирани канцелариите на подрачните одделенија во: Куманово, Кратово, Тетово, Крива Паланка, Струга, Битола, Штип, Прилеп, Крушево, Кочани, Делчево и други.

Реформите за професионализација на услугите и намалување на трошоците за граѓаните се на прав пат.

Преку конкретни мерки се намалуваат трошоците на граѓаните и се повеќе пари завршуваат во нивните семејни буџети.

СДСМ останува посветен да ги исполнува дадените ветувања и да обезбеди подобар живот за сите граѓани.

, Борис Тунџев, член на Комисија за транспорт и врски на СДСМ

СДСМ: Го враќаме достоинството на здравствените работници, рекордно покачување до 40 отсто на платите на лекарите

Платите на здравствените работници и соработници од февруари 2020 година рекордно ќе се зголемат,  СДСМ, како одговрна партија, останува доследна на своите ветувања да го врати достоинството на здравствените работници.

По постигнатиот договор, платите на лекарите специјалисти се зголемуваат за 25%, а на медицинските сестри за 10%. Кумулативно заедно со сите други зголемувања од 2018-та наваму, основната плата на лекарот специјалист ја зголемивме за 40%, а на медицинските сестри помеѓу 20 и 23%"

 Платата на лекар специјалист наставник или обичен специјалист, во Клиничкиот Центар на Хируршките Клиники и на Интерните Клиники, со новото покачување ќе достигне, но на некои и ќе надмине 100.000 денари.

Просекот на платата на лекар специјалист во општите болници ќе биде некаде помеѓу 85 и 88.000 денари, заедно со дежурствата и согласно бројот на дежурствата, може многу лесно да достигне и до 100.000 денари.

Во текот на следната година предмет на дискусија ќе биде зголемување на болничко-техничкиот персонал и  администрацијата која работи во здравството.

СДСМ со оваа мерка го враќа достоинството на здравствените работници и ќе продолжи и понатаму да работи, не само во однос на зголемувањето на платите, туку и за подобрување на условите во коишто работи здравствениот персонал, затоа што само задоволни и добро стимулирани финансиски здравствени работници, значи задоволни и добро третирани пациенти.

Скопје, 12 ноември 2019

СДСМ

Центар за комуникации со јавноста

Аеродром доделува 10.000 денари за млади талентирани спортисти

Општина Аеродром доделува по 10.000 денари за млади талентирани спортисти.

 Целта на оваа мерка е да им се помогне на младите да ги остварат свoите амбиции и да се поттикне развојот на спортот во Општината, со што директно ќе се вратат парите кај граѓаните.

Мерката е наменета за лица до 28 години, кои не остваруваат приходи од спортот, а се истакнале со досегашните постигнати резултати.

Огласот за пријавување трае 10 дена, заклучно со 21 ноември. 

Во Србија уапсен македонски државјанин заради кражба на документација за производство на муниција

Македонски државјанин, поранешен инженер во фабриката за муниција „Први партизан“ и двајца работници, државјани на Србија, се уапсени под сомнение за злоупотреба и примање мито.

Како што објави српската државна телевизија–РТС, тие се сомничат дека продавале документи од фабриката „Први партизан“ од Ужице, кои се однесуваат на производство на оружје и муниција.

 Според српското обвинителство, апсењето по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, го извршиле Безбедоносно информативаната агенција, Воено-безбедносната агенција и МВР на Србија.

 На осомничените одредена им е мерка притвор 48 часа, поднесена им е кривична пријава и поради сослушувањето ќе бидат изведени пред надлежен обвинител.

 Тие се товарат за злоупотреба на службена должност и примање мито, односно дека при извршување на кривичното дело продавале проекти и друга документација која и припаѓаа на „Први партизан“ од Ужице, а се однесува на производство на оружје и муниција..

притисни ентер