Помпео во Берлин остро ги нападна Русија и Кина

Американскиот министер за надворешни работи, Мајк Помпео остро ги критикуваше Кина и Русија за време на говорот по повод одбележувањето на 30-годишнината од падот на Берлинскиот Ѕид.

„Русија, предводена од поранешен офицер на КГБ некогаш стациониран во Дрезден, ги напаѓа соседните земји и ги ликвидира своите политички противници“, рече денеска Мајк Помпео во говорот во Фондацијата Коербер, алудирајќи на поранешната шпионска активност на рускиот претседател Владимир Путин.

Американскиот министер за надворешни работи ја спореди позицијата на Кина и Русија со онаа во поранешна Источна Германија, велејќи дека тоа се „режими за кои падот на Ѕидот е предупредување исполнето со страв, а не причина за славење“.

„Руските власти го окупираа Крим со помош на рации и тортура. Во Чеченија, секој што е прогласен за непожелен од властите, исчезнува“, рече Помпео.

Во исто време, тој повторно предупреди за опасноста од изградба на гасоводот Северен тек II.

„Не сакаме европското снабдување со енергија да зависи од волјата на Владимир Путин“, рече Помпео.

Коментирајќи за Кина, Помпео рече дека властите во Кина вршат притисок врз нивните граѓани, што „шокантно“ наликува на методите  што ги користеше поранешниот ГДР.

„Комунистичката партија на Кина ги вознемирува и ги следи активистите од Ксинџијанг и Хонг Конг кои бегаат во егзил во Европа“, рече Помпео.

Тој исто така предупреди дека кинеската група Huawei нема да смее да учествува во изградбата на мобилната мрежа 5G.

Помпео, по повод одбележување на 30-годишнината од падот на Ѕидот, повика на заедничка борба на САД и партнерите во одбрана на човековите права.

Помпео, кој учествува во одбележување на 30-годишнината од падот на Берлинскиот Ѕид, во текот на денот е предвидено да се сретне и со германската канцеларка Ангела Меркел.

Фон Дер Лајен: Макрон на Русија и ја отвори вратата на западен Балкан

Емануел Макрон на Русија и ја отвори вратата на западен Балкан.

Со блокирањето на пристапните преговори на Македонија и Албанија со Европската унија францускиот претседател Емануел Макрон на Русија и ја отвори вратата на западен Балкан, порача вчера од Берлин новоназначената претседателка на Европската комисија Урсула Фон Дер Лајен.

Таа ги повика европските лидери веднаш да ги почнат пристапните преговори со двете земји, во спротивно, како што рече „Русија и Кина можат да ја пополнат празнината доколку Унијата не го зацврсти своето присуство во регионот“.

Се испитува еко-инцидентот во „ОХИС", опасните хемикалии под надзор

Сите мерки се преземени и сите институции се вклучени за да откријат што се случи во петокот (8 ноември) кога во кругот на фабриката „ОХИС" истече вода од цистерна во која претходно бил складиран метил акрилат мономер, прецизираат надлежните.

Сите мерки се преземени и сите институции се вклучени за да откријат што се случи во петокот (8 ноември) кога во кругот на фабриката „ОХИС" истече вода од цистерна во која претходно бил складиран метил акрилат мономер, прецизираат надлежните, кои според Друштвото за собирање и примарна обработка на отпадоци Екоцентар 97 ДООЕЛ, треба да вршат контроли и ако постапките не се спроведени согласно со законот и елаборатот за заштита на животна средина, ако утврдат пропуст, да бараат одговорност.

При миењето на цистерната попуштил вентил и течноста се излеала во бетонска када која е надвор од објектот поради што се почувствувала непријатна миризба во околината. Истекувањето се случило на локација каде фирма од Скопје препакувала и отстранувала историски отпадни хемикалии во течна состојба кои се неупотребливи и останати од поранешната фабрика, а кои ќе се извезуваат во странство, посочија од Инспекторатот за животна средина.

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини рече дека инспекторите го пишуваат извештајот и сега ги чекаат анализите од лабораторијата за да видат дали има преостанат ризик.  – Нема место за паника. Нема загадување на воздухот, истакна Нуредини и додаде дека нема место за паника и ситуацијата е под контрола.

Државниот инспектор за животна средина Пејо Кировски, кој бил на терен за овој случај, изјави дека се работи за излевање на течност при перење на цистерна која порано содржела метил акрилат мономер.

– При испирањето со вода дошло до протечување на вентилот и течноста е пролеана во танкваната или бетонската када, која служи во случај на инцидент да не дојде до излевање на површината на почвата и да не дојде до загадување на земјата и водата. Како резултат на тоа, од наша страна е дадено задолжение веднаш да се собере таа течност од танкваната, бидејќи се ширеше една миризба која малку ги вознемири граѓаните. Но, вечерта околу 20:30 часот тоа се беше завршено. Препокриена беше кадата со струготини од дрво, пилевина. Тие струготини наредниот ден, на 9 ноември, беа собрани и кадата беше дезинфицирана со варова вода, рече Кировски.

Тој информира дека на 9 ноември бил направен контролен инспекциски надзор од страна на Државниот инспекторат за животна средина.

Одговарајќи на новинарско прашање колкаво количество било ослободено во воздухот, тој рече дека од страна на единица на АРМ било извршено испитување и се уште ги немаат добиено резултатите во Државнииот инспекторат за животна средина, а кога ќе ги добијат ќе кажат какви се концентрациите.

Ана Каранфилова Мазневска, раководител на Сектор за управување со отпад од Министерството за животна средина изјави дека се работи за имот кој не му припаѓа на ресорното Министерство за животна средина, а доверителите распишуваат тендер и одлучуваат.

– Ние учествувавме само во еден дел, кога не консултираа на кој начин треба да се избере компанијата, односно кои се критериумите кои треба да ги задоволи компанија која може да се јави на тој тендер. Немавме никаква одговорност како Министерство за животна средина и просторно планирање во целата постапка, рече Каранфилова Мазневска.

Тие, како што појасни, ги дале насоките на кој начин теба да се избере компанијата, во смисла кои критериуми треба да ги исполнува генерално за да може да се јави на повик, но директно не учествувале во изборот на компанијата.

– Понатаму постапката, по изборот на компанијата, таа се обраќа до нас. Се изготви елаборат за оценка на влијанието врз животната средина, се издаде решение во кое се пропишани сите мерки и активности кои задолжително треба да се преземат од страна на правното лице кое е избрано да ја врши таа постапка. И тука е улогата на Министерството и на Државниот инспекторат за животна средина за да врши редовни контроли во инсталацијата, посочи Каранфилова Мазневска.

Во зависност од типот на дејноста што сакаат да ја вршат правните субјекти, тие се обраќаат до општините, Град Скопје или МЖСПП. Таа информира дека до нив се стигнати неколку барања за издавање одредени дозволи или елаборати за оценка на влијание врз животната средина за одредени компании кои во иднина би сакале да работат во кругот на „ОХИС".

Во меѓувреме, управителот на Друштвото за собирање и примарна обработка на отпадоци  Екоцентар 97 ДООЕЛ Скопје, Владо Момировски истакна дека имаат 24-часовно чување со физичко обезбедување на цистерната со винил хлорид во „ОХИС". Посочи дека обезбедено е постојано ладење, секојдневно мерење и се пишуваат извештаи за да се види дали се случува некаква хаварија кај винил хлоридот.

– Досега се нема случено ништо. Не можам да замислам што ќе се случело минатите 30 години кога немало никаво обезбедување и никаква контрола, посебно последните десетина години кога се растури компанијата АД „ОХИС" и пред да дојде во стечај, рече Момировски.

Склучиле, како што појасни, договор со АД „ОХИС" во стечај, со стечајниот управник, по решение на судот.

– АД „ОХИС" е во стечај и при објавување тендер за продажба на имотот, објавен е и тендер за чистење на 11 заостанати хемикалии во АД „ОХИС". Затоа што купувачот на АД „ОХИС" во стечај треба да купи чист објект, со исчистени хемикалии. Ние конкуриравме со уште една компанија, дадовме најдобри услови и го добивме тендерот. Во тендерот беа пропишани строго условите, дека сите хемикалии предмет на проектот треба да бидат изнесени надвор од Македонија и компанијата што ќе учествува на тендерот да има или лиценци за управување со таков вид опасен отпад или да има склучен договор со меѓународна компанија која има такви соодветни лиценци. Ние ги исполнивме сите тие услови и го добивме тендерот, изјави Момировски.

Тој информира дека имаат склучено договор со македонска лиценцирана консултантска куќа за справување со опасен отпад „Екомозаик" и од прв момент соработуваат со нив. Тие им изработиле елаборат и сите процедури ги спроведуваат по нивни упатства.

Ова е прв ваков проект во Македонија. Никој нема искуство со ваков отпад зошто е прв ваков проект и ние првпат работиме со ваков отпад, рече Момировски. Појасни дека се работи за 11 видови отпад распоредни на повеќе локации кои се оддалечени една од друга повеќе од 1,5 километри. Во тие 11 видови на отпад, како најопасни се хлорот и винил хлоридот.

– Хлорот е веќе отстранет и е надвор од Македонија, а другите девет се спакувани и спремни за извоз, во магацинот, по сите меѓународни прописи. Чекаме да добиеме конечна дозвола за извоз бидејќи дозволата опфаќа седум земји, низ сите земји кај што се поминува. Крајна дестинација е Швајцарија. Во моментот кога ќе ја добиеме дозволата, почнуваме со утовар и со изнесување на тие опасни материи. Досега спакуваните количини се од 65 до 70 тона и останува едно од најопасните жаришта, тоа е цистерната со винил хлорид за која се уште немаме конкретно решение, рече Момировски.

Посочи дека во летниот период кога добиле решение за елаборат од Министерството за животна средина и просторно планирање, на такви високи температури, над 20 степени не е препорачливо и не е законски дозволено, да се оперира со таков вид на опасен отпад, како што е винил хлоридот.

– Ниеден од нашите потецијални партнери, од Германија, Холандија, итн. кои ги контактиравме не сакаше ни да дојде да прави увид, а камо ли да прави преточување. Се додека не се направи увид, преточување во специјални садови и не се знае точна количина не можеме да почнеме постапка за добивање нотификација, т.е. дозвола за извоз и согорување. Само два инсенератори, печки што согоруваат опасни материи во Европа согоруваат винил хлорид. Винил хлоридот е исчистен во Европа пред 30 години и никаде го нема во употреба, дури и инсенераторите не поседуваат специјални филтри за согорување винил хлорид, рече Момировски.

Информира дека се она што е спакувано во специјални буриња, тоа не испарува, безбедни се и можат да стојат со години. Во магацинот има систем на ладење, мерење и мониторинг. Се друго што е надвор, на атмосферско влијание испарува и може да дојде до несакани последици.

Момировски вели дека се друго му било познато, освен проблемот со винил хлорид која, како што рече, е хемикалија која веќе 30 години ја нема никаде во Европа и не знаев со какви проблеми ќе се сретнеме, сега ми е јасно.

– Доста е комплексен проблемот и се надевам дека успешно ќе го решиме. Веќе со две компании имаме сериозни преговори и во наредниот период мислам дека успешно ќе го решиме, рече Момировски, најавувајќи дека јавноста ќе биде навреме информирана за сите активности со винил хлоридот.

Договорот, потенцира, треба да се продолжи на уште неколку месеци за да се реши винил хлоридот, сега е поволно, а не во тек на летото. Со тоа ќе бидат решени сите 11 хемикалии и проектот ќе биде затворен. /МИА

Панел дискусија за европските интеграции во перспектива на Вардарскиот регион

Европско движење во Република Македонија (ЕДРМ) во соработка со Општина Кавадарци денеска организираат панел дискусија на тема: „Европските интеграции во перспектива на Вардарскиот регион со посебен осврт на Кавадарци".

Дискусијата е дел од проектот: „Граѓанските организации во служба на демократијата", финансиран од ИПА – 2 механизмот за поддршка на граѓанските здруженија.

Целта на оваа дискусија, информираат организаторите, е да ги афирмира европските инцијативи за потесна соработка на локалните власти со граѓанските здруженија од регионот, но и со другите чинители во развојните процеси на општината (претприемачи, фармери, просветни, културни работници). /МИА

притисни ентер