Се враќа ли Мицубиши Колт во Европа?

Јапонскиот Мицубиши со службена скица најави рестилизирана верзија од моделот Мираж, кој во Европа е познат под називот Колт.

Челниците на Мицубиши не објавија спецификации за редизајнираниот Мираж, но се очекува дека во понудата ќе бидат неколку мотори со три цилиндри.

Во основната верзија се претпоставува дека ќе биде 1.0 литарски агрегат со 70 коњски сили, а појаката верзија ќе има 1.2 литарски мотор со 80 коњски сили.

Актуелниот Мираж кој во 2013 го наследи моделот Колт не се продаваше во Европа. Ќе видиме дали редизајнираната верзија и под кое име ќе пристигне на „Стариот континент“.

Во Кина се регистрирани 1.807 новозаразени со корона вирус

Бројот на починати од новиот Коронавирус во централната кинеска провинција Хубеи се зголеми од вчера за 93 и сега е 1.789.

Во Хубеи, жариште на вирусот ковид-19, регистрирани се 1.807 нови случаи, со што вкупниот број достигна 59.989.

Најновите информации беа објавени на веб-страницата на здравствената комисија на таа провинција во Кина. Меѓу лицата кои ги загубија животите во Вухан е и директорот на болницата. Речиси 90 отсто од новите случаи се во главниот град на провинцијата, каде живеат околу 11 милиони луѓе.

Кројачите нема кој да ги замени, а наместо штоф новата облека сè повеќе е синтетика

 Еден од тетовските занаетчии кројачи е Сотир Калков кој, иако има 78 години, секојдневно работи во својата кројачка работилница во Ајдучко Маало во Тетово.

Тој вели дека сите оние што го работат овој занает се повозрасни луѓе над 50 години и дека со децении во кројачкиот занает не се појавил млад човек да биде чирак – да го изучува занаетот при мајстор. Како и голем број занаети, и овој е во опасност од изумирање затоа што нема кој да ги наследи мајсторите.

– Јас кога ќе одлучам дека нема да работам, нели со оглед на години, ќе ги продадам сите машини и ќе се затвори работилницата. Такви примери веќе има многу низ Тетово, нема да бидам прв, но и сите други занаетчии ќе го направат истото верувам, нема кој да го продолжи занаетот. Младите не се заинтересирани за ваков вид работа. Никој не ни прашува дали сакаш да дојдам да научам. Не постои такво нешто.

Кројачкиот занает воедно пропаѓа и поради промените во светот кога станува збор за изработка на облека, смета тетовскиот кројач.

– Измислуваат нови материјали со кои еден кројач или шивач не ни може да работи. Тие ниту се шијат, ниту се пеглаат. Ни пареа прима кога се пегла, ни на суво може. Иако работам од мојата 15-та година, сега се соочувам со ситуации да не знам што да направам поради материјалот. Така е поради тоа што облеката е претежно од синтетика и кога ќе ја ставам пеглата, се гори материјалот, замислете исчезнува, се „топи" штофот, вели тој.

Објаснува дека во материјалот за шиење и кроење изостануваат волна, памук, лен, кендер и јута. Од друга страна, вештачки создадените материјали и кај луѓето создаваат проблеми.

Тие синтетики ги запаруваат телата, па се јавуваат алергии кај луѓе од материјалите. Мојот занает ми стана чуден, раскажува нашиот соговорник.

Чичко Сотир, како што милуваат да го викаат помладите што доаѓаат да направат капути или костуми, сè уште работи со машините со кои започнал да ја работи оваа занаетчиска дејност. Неговата работилница воедно ја нарекува мини музеј на антиквитети што се во фунционална состојба и тој работи секојдневно со нив.

– Имам ФАФ германска машина за шиење стара 80 години, постара од мене. Но не би ја менувал бидејќи старите машини се далеку поквалитетни од новите. Имам и други машини стари по 50-тина години како бернина и адлер-овер. Исто така, има пегла стара 60-тина години, тешка 10-тина килограми, ја донесов од Унгарија, објаснува Сотир, кој таму живеел до 1970 година како дете бегалец од егејскиот дел на Македонија.

Кога дошол тука се вработил во Комбинатот „Тетекс". Иако таму во најдобрите времиња имало 8 000 работници и значително позитивно влијание врз целата индустрија, па и кај занаетите, сега Тетово е далеку од таа состојба.

– Јас работев во конфекција. Таму се обучуваа ученици од текстилно училиште, кои веднаш по неговото завршување започнувале со работа во фабриката. Многу работници и квалитетен кадар се создаваше, над 500 лица само јас сум обучил. Но, сега некако како да го убија овој занает. Замислете, толкава индустрија, а сега ги нема ни луѓето, ни вештините што таму се стекнуваа. Чудна работа, „Тетекс" извезуваше на сите континенти, се потсетува Сотир.

Тој во Унгарија го научил занаетот. Почнал како чирак уште во 1957 година, а во 1960 завршил средно стручно училиште за профил машки кројач. Така веќе брои 63 години како го работи овој занает.

Од овој занает некогаш можело добро да се живее, а љубовта и умешноста биле силната потпора да не дозволи да ги однесе бранот на новото време, вели на заминување кројачот. Останува во работилницата, силно посветен со постојаното трагање кон совршенство во изработката на моделите, која му донела многу редовни муштерии./МИА.

Дневен хороскоп за 18. февруари 2020 година

Дневен хороскоп за вторник , 18. февруари 2020 година. 

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Нервозата и напнатоста поради недоразбирања во личните односи може да ги отстраните со чиста љубов без многу зборови и само со помош на нежност.

Кариера

Можни се мали мнесдоразбирања со соработниците или при вербалните договарања. Со фантазија ќе успеете да стигнете до решение.

Здравје и совет

Не зборувајте премногу.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Поради преодна отуѓеност во личните односи , вашата љубовна самодоверба ќе опаѓа. Ќе помогне излегување и добра забава.

Кариера

На работното емсто ќе се занимавате со многу специфични теми , за кои некои можеби само сонуваат. Треба да се вклучи истражување и креативност.

Здравје и совет

Бидете поотворени кон луѓето .

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ќе имате многу оригинални идеи како да развиете одреден однос. Ќе влијаете на таа личност , но таа сепак ќе ве критикува.

Кариера

Се што е тајно , неистражено , заплеткано или скриено , денеска ќе ви доаѓа на дневен ред на работното место. Некои ќе станата вистински детективи.

Здравје и совет

Ќе имате визии во боја преку соништата.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Со својата остроумност , фантазија и интуиција би можеле да ги импресионирате сите околу себе. Ќе ве запаметат.

Кариера

Денеска на работите ќе влијаете од сенка. Ќе бидете невидливи , па сепак ќе ги влечете конците на суптилен начин.

Здравје и совет

И натаму ве мачи замор.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Оние во стабилни врски ќе увидат дека е најдиобро да се сака без премногу зборови. Само нека зборуваат помалку , а чувствата нека ги покажуваат преку дела.

Кариера

Соработката со другите ќе ве заморува и ќе ве прави нервозни , зашто ќе имате чувство дека нешто постојано мора да се објаснувате.

Здравје и совет

Одете порано на спиење.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Денеска во љубовта ќе жарите и палите со сто на час.Малкумина ќе може да ви одолеат. Ќе има страст, еротика ,задоволство.

Кариера

Тајните кои постојат на вашето работно место ќе ги откриете со леснотија. Ќе има интересни откритија.

Здравје и совет

Размислувате за нов спорт.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Потребата да споделите се што ќе ви се случи ќе биде силна , но партнерот ќе бисде резервиран кон вас. Одредете до каде може да одите.

Кариера

Сите работи во кои може да дојдат до израз вашите квалификации и знаењето денеска се добро поставени.

Здравје и совет

Некои ги откриваат своите нови таленти.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ќе имате многу специфични , но добри идеи со кои ќе успеете да ја совладате дистанцата во лилчните односи.

Кариера

Ќе добиете посебни знаења . Некои ќе се изненадат кога ќе увидат дека добиваат поголеми погледи во реалноста.

Здравје и совет

Следете ја својата интуиција.

.Вага 24.9.- 23.10. 

Љубов

Ги имате сите адути во своите раце. Потребно е само да се зборува за се она што ви лежи на срцето.

Кариера

Пред вас е исклучителено интересен деловен ден. Конечно на дневен ред ќе дојдат теми кои ви се посебно значајни.

Здравје и совет

Излезете и фатете некој зрак сонце.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Неврзано дружење со кафе би можело да се претвори во нешто повеќе. Ќе бидете пријатно изненадени со оваа можност.

Кариера

Денеска на работното место би можеле да се покажете како вистински финансиски волшебник , зашто ќе се сетите на нешто што на другите не им паднало на памет.

Здравје и совет

Поработете на истражување на деталите.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Пред вас се многубројни љубовни можности , а некои од нив ве очекуваат на патување. Ќе ви биде убаво.

Кариера

За да стигнете до својата цел , ќе мора да истражите некои суоптилни детали што многумина ги буткаат под тепих.

Здравје и совет

Немојте да го губите компасот.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Отворени сте за сите љубовни можности , кои нема да недостигаат . Истовремено во вас се раѓаат посебни сексуални барања.

Кариера

Нема  потреба нештата да ги правите на сила , зашто со малку трпение се ќе се отвори како што треба.

Здравје и совет

Држете се понастрана од мрачни луѓе.

притисни ентер