СОНК и МОН се договорија: Десет проценти за наставниците од први јануари

Синдикатот на образование и министерот за образование Арбер Адеми конечно постигнаа договор.

Платите на вработените во основното, средното и високото образование ќе се зголемат за 10% веќе од први јануари.

Министерот Адеми, по средбата изјави дека ова е историски ден.

Средбата меѓу МОН и СОНК ја следеше  Лука Андреев.

Дали овој договор значи дека нема да се одржи најавениот штрајк на просветните работници?

Целиот извештај погледнете го во видеото.

Во Куманово вчера беше прегазено 10 - годишно дете

Во Куманово вчера беше прегазено 10- годишно дете и со тешки повреди било префрлено во болница.

Настанот се случил вчера во 17 часот и 25 минути кога на улица „Доне Божинов“ во Куманово патничко возило „фолксваген шаран“, со австриски национални ознаки, управувано од лице на .47 годишна возраст  од Куманово удрило во 10-годишен пешак од Куманово.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобило детето , по што било  пренесено во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош.

Констатирано е дека детето  имало повреди на градниот кош и потоа е  пренесено на Детска хирургија во Скопје

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа на СВР Куманово. 

Пуштен е во употреба билетот за едно возење, чини 50 денари

Пуштен е во употреба билетот за едно возење,може да се купи во сите возила на ЈСП Скопје и во билетарниците на јавното претпријатие.

 Билетот чини 50 денари, согласно одлуката на Советот на град Скопје за изменување и дополнување на одлуката за интегриран тарифен систем во линискиот превоз на патници во градот Скопје.

Билетот е наменет за еднократна употреба, изработен е од хартија и е со вграден безконтактен чип, изработен со највисоки безбедносни стандард. Цената на останатите видови билети останува непроменета.

И натаму, пакетот билети за 10 возења чини 250 денари, билет преку електронски паричник чини 35 денари, и плаќање со мобилен телефон е 40 денари.

.

Денеска продолжува судењето за случајот „Рекет“

Денеска ќе може да се слушнат разговори помеѓу првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски и осудениот Зоран Милевски Кичеец.

 Откако вчера шефицата на обвинителството за борба против организираниот криминал и корупција, Вилма Рускоска, се согласи да се презентираат и снимките кои минатата недела беа прикажани на судење затворено за јавноста, заради заштита на приватноста.

Јовановски бараше и на  минатото рочиште бараше да се прикажат  сите докази пред новинарите од УСБ-то на Кичеец, велејќи дека на тој начин ќе се отвори Пандорината кутија во судскиот процес, а се согласи новинарите да ги слушнат и неговите приватни разговори со Кичеец затоа што така ќе дознаело како Милевски манипулирал со него.

И поранешна специјална јавна обвинителка Јанева бараше јавно да се прикажат сите снимки според кои ќе се видело кој нуди поткуп, а кој рекетира.

притисни ентер