Технички дефект и непријатна миризба во „ОХИС“

Технички дефект при постапката за чистењето на резервоар полн со етил акрилат мономер предизвика непријатна миризба во околината на фабриката ОХИС.

Таму е Јана Јосифоска, што точно се случува во ОХИС?

Многу граѓани се жалат за непријатна миризба и печење во очите?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

ВМРО-ДПМНЕ: Три години власта ништо не направи на полето на енергетиката

Зоран Заев и СДСМ ги уништуваат и така малите енергетски капацитети кои ги има Македонија. Наместо инвестиции во нови капацитети, власта едвај ги одржува старите.

Нема месец, а да не испаѓа од употреба некој од блоковите во РЕК Битола. Загубите се нижат, а никаде ги нема најавените инвестиции во термоелектраните. Нема филтри, механизација, ниту нови јагленокопи. Термоелектраните се оставени сами на себе.

Власта вети многу, а не реализираше ништо. Нивото на реализација на програмата на СДСМ изнесува само 2%.

Власта најави и дека ќе ги изгради и хидроакумулациите Чебрен и Галиште. Три години како се на власт, немаат отпочнато ниту со изготвување проектна документација.

Три години власта ништо не направи на полето на енергетиката. Три години трпиме само загуби.

Време е СДСМ да си замине. По 12 април следува обнова на Македонија со ВМРО-ДПМНЕ.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНE

Без струја утре ќе бидат корисниците од општините Сарај и Аеродром

 Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без напојување со електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Сарај и Аеродром, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

Во период од 09:00 до 10:00 часот без струја ќе останат корисниците од село Ласкарци, село Арнакија и селата Семениште, Буковиќ и Чајлане во Општина Сарај.

Во период од 12:00 до 15:30 часот без напојување со  електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од ул. „23 Октомври" до број 25, Општина Аеродром.

Во период  од 08:30 до 11:30 часот без струја ќе останат корисниците од ул. „Јован Кукузел", ул. „Гаврил Константиновиќ", дел од ул.„Ернест Телман" и ул. „Благоја Мучето", Општина Аеродром. 

Мексико му го одобри барањето за азил на Ево Моралес

Мексико му го одобри барањето за азил на поранешниот претседател на Боливија Ево Моралес , изјави синоќа мексиканскиот министер за надворешни работи Марсело Ебрард.

„Веднаш ќе го информираме министерството за надворешни работи на Боливија дека, според меѓународното право, мора да му овозможи на Моралес слободно да излезе од земјата“, порача Ебрард.

Ево Моралес кој ноќта ја мина спиејќи во импровизиран шатор на отворено небо е првиот домородец претседател на Боливија, тој поднесе оставка откако на тоа го повика војската по повеќенеделни протести поради спорните резултати на претседателските избори.

притисни ентер