Пендаровски ги намалува очекувањата од средбата со Макрон

Претседателот Пендаровски не очекува пресврт или драстична промена на позицијата од средбата со неговиот француски колега Емануел Макрон идниот вторник. 

Вели дека не треба да се има преголеми очекувања, бидејќи станува збор за држава кој е меѓу најмоќните во Европа, но средбата според него ќе биде исклучителна прилика за да се соочат аргументите со Макрон и да се нагласи до сега постигнатото за членство во ЕУ од македонска страна.

Макрон пред два дена предизвика силни реакции во меѓународната јавност со интервјуто дадено за Економист, каде порача дека НАТО е на смртна постела, а Европа на работа на провалија. Со реакции се јавија и американскиот државен секретар Помпео и германскиот шеф на дипломатијата Хајко Мас, кои застанаа во одбрана на Алијансата.

-Мислам дека НАТО останува важна, клучна и историски мислам нај клучно стратегиско партнерство во целокупната досегашна историја. Токму затоа и претседателот Трамп говори да се осигуриме дека секоја нација треба да го носи својот товар, и да соработува, вели американскиот државен секретар Помпео.

„Не, не верувам дека НАТО е во мозочна смрт, целосно верувам во меѓународната соработка. Најнапред затоа што се соочуваме со предизвици од глобален карактер, а НАТО е сојузот каде соработуваме за безбедносни прашања“, изјави германскиот шеф на дипломатијата Хајко Мас.

Коментарите на францускиот претседател за НАТО, сепак наидоа на позитивни реакции во Русија. Портпаролката на руското МНР зборовите на францускиот претседател ги нарече златни, а со став се јави и нејзиниот шеф Сергеј Лавров.

-Доколку Претседателот Макрон чувствува дека таа дијагноза е реална, има секакво право да го изрази неговото мислење. Сепак, францускиот претседател го познава НАТО далеку подобро од мене, бидејќи Франција е еден од лидерите во Алијансата. Ние би сакале нормален дијалог со НАТО, кој гарантира еднаква и взаемна соработка,истакна Сергеј Лавров.

Интервјуто на Макрон за Економист доаѓа на неполн месец од самитот на НАТО во Лондон, а неговите коментари се на иста линија со тие на американскиот претседател Доналд Трамп, кој во повеќе наврати порача дека според него, НАТО е застарено наследство од студената војна.

Мексико му го одобри барањето за азил на Ево Моралес

Мексико му го одобри барањето за азил на поранешниот претседател на Боливија Ево Моралес , изјави синоќа мексиканскиот министер за надворешни работи Марсело Ебрард.

„Веднаш ќе го информираме министерството за надворешни работи на Боливија дека, според меѓународното право, мора да му овозможи на Моралес слободно да излезе од земјата“, порача Ебрард.

Ево Моралес кој ноќта ја мина спиејќи во импровизиран шатор на отворено небо е првиот домородец претседател на Боливија, тој поднесе оставка откако на тоа го повика војската по повеќенеделни протести поради спорните резултати на претседателските избори.

СДСМ: Го враќаме достоинството на здравствените работници, рекордно покачување до 40 отсто на платите на лекарите

Платите на здравствените работници и соработници од февруари 2020 година рекордно ќе се зголемат,  СДСМ, како одговрна партија, останува доследна на своите ветувања да го врати достоинството на здравствените работници.

По постигнатиот договор, платите на лекарите специјалисти се зголемуваат за 25%, а на медицинските сестри за 10%. Кумулативно заедно со сите други зголемувања од 2018-та наваму, основната плата на лекарот специјалист ја зголемивме за 40%, а на медицинските сестри помеѓу 20 и 23%"

 Платата на лекар специјалист наставник или обичен специјалист, во Клиничкиот Центар на Хируршките Клиники и на Интерните Клиники, со новото покачување ќе достигне, но на некои и ќе надмине 100.000 денари.

Просекот на платата на лекар специјалист во општите болници ќе биде некаде помеѓу 85 и 88.000 денари, заедно со дежурствата и согласно бројот на дежурствата, може многу лесно да достигне и до 100.000 денари.

Во текот на следната година предмет на дискусија ќе биде зголемување на болничко-техничкиот персонал и  администрацијата која работи во здравството.

СДСМ со оваа мерка го враќа достоинството на здравствените работници и ќе продолжи и понатаму да работи, не само во однос на зголемувањето на платите, туку и за подобрување на условите во коишто работи здравствениот персонал, затоа што само задоволни и добро стимулирани финансиски здравствени работници, значи задоволни и добро третирани пациенти.

Скопје, 12 ноември 2019

СДСМ

Центар за комуникации со јавноста

Аеродром доделува 10.000 денари за млади талентирани спортисти

Општина Аеродром доделува по 10.000 денари за млади талентирани спортисти.

 Целта на оваа мерка е да им се помогне на младите да ги остварат свoите амбиции и да се поттикне развојот на спортот во Општината, со што директно ќе се вратат парите кај граѓаните.

Мерката е наменета за лица до 28 години, кои не остваруваат приходи од спортот, а се истакнале со досегашните постигнати резултати.

Огласот за пријавување трае 10 дена, заклучно со 21 ноември. 

притисни ентер