Шаховскиот Клуб АЛКАЛОИД повторно на Европскиот Клупски Куп 2019

Шаховскиот Клуб АЛКАЛОИД, продолжува со настапите на Европскиот Клупски Куп, што оваа година се одржува од 10 до 16 Ноември во Улцињ, Црна Гора.

Во 2016 година ШК Алкалоид го освои Европскиот Клупски Куп и ја понесе титулата Европски Шампион! со 12 бодови во седум мечеви (пет победи и два нерешени меча, без пораз!). Европското клупско злато е освоено во годината кога клубот одбележа 40 години од своето формирање. Во 2017 година ШК Алкалоид продолжи со успешен настап на Европскиот Клупски Куп и во Анталија, Турција 07-15.10.2017 година, го освои второто место, со освоени 11 бода (пет победи, еден нерешен меч и еден пораз). Со идентичен скор во 2018 година (11 меч бодови), екипата се најде на делба од трето до шесто место, а по дополнителен критериум шесто место во конечниот пласман.

Во 2019 година клубот се подготвува за настап со осетно изменет состав, без 4 играчи од претходна година.

Но, оваа година во составот на екипата е еден од најсилните светски шахисти, велемајсторот од Азербејџан, Shakhriyar Mamadyarov, кој настапуваше за Алкалоид во 2007, 2008 и 2009 година.

Боите на Алкалоид продолжуваат да ги бранат и стандардните членови велемајсторите Dmitry Andreikin (Русија), кој ја предводеше репрезентацијата на Русија до злато на тукушто завршеното Европско Екипно Првенство, како и Yuriy Kryvoruchko (Украина).

Прв пат за Алкалоид ќе настапи шампионот на САД за 2018 година, велемајсторот Sam Shankland, стандарден репрезентативец на својата држава и носител на златен олимписки медал од 2018 година.

Втор повратник во екипата е велемајсторот од Русија, Ernesto Inarkiev, Европски Првак од 2016 година.

Составот на екипата е комплетиран со двајцата најдобри македонски играчи: Трајко Недев и Филип Панчевски. Капитен на екипата е Драгољуб Јаќимовиќ. Со освежен состав, но воедно играчи кои биле дел од овој одличен спортски колектив, Алкалоид ќе продолжи повторно да се бори за Европскиот врв. Редоследот на играчите со конкретен распоред по табли официјално се објавува на самиот почеток на натпреварите.

На Европскиот Клупски Куп оваа година се пријавени досега најголем број учесници и тоа 67 екипи во машка и 14 во женска конкуренција, Вообичаено, конкуренцијата е многу силна: Mednyi Vsadnik St. Petersburg (минатогодишните шампиони), AVE Novy Bor – Чешка (второпласирани 2018 година), Obietivo Risarcimento Padova, стандардно при врвот. Директни конкуренти за медал или т.н. “црвена група” се 4 тимови, но сигурно во борбата ќе се вмешаат првите 10 најдобро рангирани. Се очекува рамноправна и до крај неизвесна борба, со оглед дека турнирот е релативно краток, само 7 кола.

Ѓоргиевски: Од Македонија се бара поврат на 2,2 милиони евра на ЕК злоупотребени преку Еразмус+

Европската канцеларија за борба против измами –ОЛАФ, бара  поврат на 2,2 милиони евра од Македонија злоупотребени преку програмата Еразмус+ во периодот 2016-2018 година.

Европската канцеларија за борба против измами –ОЛАФ, бара поврат на 2,2 милиони евра од Македонија злоупотребени преку програмата Еразмус+ во периодот 2016-2018 година, соопшти на прес-конференција, директорот на националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Марко Ѓоргиевски.

Тој вели дека предметот е кај Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, но поради предистражната постапка не може да соопшти повеќе детали..

Тошковски учествуваше во превентевните активности „Стави појас, вози безбедно“

Тошковски учествуваше во превентевните активности „Стави појас, вози безбедно“ и „Стоп за возење под дејство на алкохол“.

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски денеска, во рамките на посетата на СВР Струмица, учествуваше во превентивните активности „Стави појас, вози безбедно“ и „Стоп за возење под дејство на алкохол“, кои се реализираа во општинскиот центар Босилово.

Според Тошковски, со вакви превентивни акции може да се делува на намалување на несреќите.

-Се надевам дека во иднина ќе имаме помалку несреќи и барем ќе се воздржуваме од управување на моторно возило под дејство на алкохол и ќе го управуваме возилото според сите правила и стандарди за користење на истото, рече техничкиот министер за внатрешни работи.

Во одговор на новинарско прашање за обвинувањата од СДСМ дека во изминатите два месеци се зголемени кражбите и има пораст на криминалитетот и дека со неговото доаѓање на чело на МВР работите не одат на подобро, Тошковски одговори дека вакви изјави не заслужуваат сериозен одговор, бидејќи овие изјави се несериозни и тој не сака да ги коментира.

-Да видиме дали ќе бидат доблесни да се нормализира комуникацијата со јавноста или ќе се продолжи со вакви бесрамни потези, кадешто буквално македонскиот народ се смее на тоа што го терат долго време како приказна.Дајте да завршиме со вакви паушални обвинувања. Дајте да завршиме со фрлање на пердуви насекаде без никаква основа и да се фатиме за работа и да направиме држава каква што треба. Доста е веќе со голи политики и политаканство и со лажење на народот, рече Тошковски.

Тој денеска го посети и пунктот за издавање на лични документи во Полициското одделение во Ново Село.

Национална конвенција за ЕУ: Министерството за правда веднаш да иницира нови измени на КЗ

Министерството за правда веднаш да иницира нови измени на Кривичниот законик, препорачуваат од Националната конвенција за ЕУ во Македонија. 

Експресните измени донесени со европско знаменце од лани не се на иста линија со политиките на ЕУ, велат оттаму, со оглед на тоа што предлог директивата од Брисел предвидувала повисоки казни за кривичните дела поврзани со корупција. Препорачуваат и враќање на избришаниот став за злоупотреби при јавните набавки.

-Со оглед на тоа што е дел од таа минимална листа не треба да имаме дилеми дека тоа ќе опстојува и во иднина. И во поглед на предложените казни во однос на нивната висина тие се многу повисоки од оние што ние ги имаме во актуелниот КЗ особено тие се намалија кај делото злоупотреба на службената положба и овластување со измените на КЗ од септември 2023 година,- изјави – Александра Деаноска – Трендафилова – Универзитетски професор.

Иако работна група во МП подготвува целосно нов Кривичен законик во кој ќе биде вратен избришаниот став, од Националната конвенција сметаат дека оваа процедура ќе се одолговлече. Во меѓувреме Македонија не треба да губи време на својот евроинтегративен пат, вели главниот преговарач во тимот на Хрватска споделувајќи го хравтското искуство во процесот на пристапување кон Унијата.

-Ако Македонија се инспирира од она што ние (Хрватска) позитивно го сработивме може да го фати забрзаниот пат. За мене клучни се визијата, политичката одлучност на политичките елити во Македонија, консензус на клучните чинители дека тоа навистина се сака како би се навистина спровеле тешки реформи а тука доаѓаме до тоа да се биде способен да се донесат тешки одлуки, односно да не се избегнува носењето на одлуките,- изјави – Кристиан Туркаљ – Правен експерт за Западен Балкан, Р. Хрватска.

Со измените на КЗ лани во септември пратениците ги намалија пропишаните казни за неколку кривични дела, и воведоа горна граница на максималната казна, што заедно со избришаниот став доведе до застарување на неколку дела. Веднаш потоа и Извештајот на ЕК за напредокот на земјава нотираше загриженост околу овие измени но и посочи на несоодветна употреба на европското знаменце.

притисни ентер