Ибрахимовиќ се враќа во Калчо!?

Ѕвездата на светскиот фудбал Златан Ибрахимовиќ има нов клуб? Шведскиот ас е подготвен за враќање во италијанското Калчо, открива првиот човек на американската МЛС лига Дон Гербер.

-Златан е интересен карактер, кој предизвикува внимание секогаш. Потребни ни се такви ликови во МЛС лигата. Како што некогаш беше Бекам. Иако Ибрахимовиќ има 38 години, сега повторно потпиша за Милан, кој е еден од најголемите клубови на светот. Кај нас за две години ги собори скоро сите рекорди. Се надевам дека еден дена повторно ќе се врати во МЛС лигата, но се зависи од ЛА Галакси. Среќен сум што беше кај нас, ми се допаднаа сите негови настапи. Посебно кога за себе зборуваше во трето лице, изјавил Габер.  

Засега нема потврда за овој трансфер од Италија. Но, едно е сигурно ако се врати во Милан, популарниот Ибра иако има 38 години повторно ќе биде еден од најдобрите фудбалери во Италија.  

Млади фудбалери од повеќе од 40 националности се натпреваруваа на меѓународен турнир во Скопје

Меѓународен фудбалски турнир на кој учествуваа младинци од нашата земја како и од Полска, Австрија, Русија и Унгарија се одржа од седми до деветти ноември на теренот на академијата „Вардар" во Градскиот парк во Скопје.

Домаќин на овој интернационален настан беше меѓународното училиште „Нова", а тимот составен од средношколци од оваа образовна институција се пласираа на второто место. Натпреварите се дел од спортските активности кои се организираат во рамки на Асоцијацијата на училишта од Централна и Источна Европа (CEESA) чиј член е и „Нова". Покрај редовните турнири во фудбал, се одржуваат и натпревари по кошарка, крос кантри, трчање, одбојка, пливање, тенис и софтбол.

„Нова" со свои тимови учествува на овие фудбалските турнири за средношколци од октомври 2009 година и за овие десет години има освоено шест први и две трети места.

- За време на оддржување на овие турнири најчесто имаме ученици од повеќе од 40 националности со оглед дека учествуваат меѓународни образовни институции. Досегашното искуство е дека учениците кои како гости се задоволни од начинот на кој ги организираме овие турнири. Воодушевени се од гостопримството на нашите семејства кои ги отвораат своите домови за да ги сместат гостите за неколку ноќи и ја ценат дадената можност да го запознаат Скопје и да се дружат со своите врсници од „Нова". Токму комбинацијата од запознавање на нова култура, дружење со свои врсници од друго училиште и играњето на омилениот спорт е нешто што создава сеќавања кои долго траат – објаснува Александар Ристовски, координатор на спортската програма во „Нова".

Училиштата кои учествуваат на овие CEESA турнири се едни од најреномираните во Европа по повеќе параметри.

- Имаат импресивни училишни кампуси кои дозволуваат да се одвива едукативен процес соодветен за 21-виот век, со буџети на кои би позавиделе некои од нашите поголеми македонски компании. Дополнително ги имаат имплементирано најдобрите едукативни програми, исто како и „Нова", и регруритаат квалитетен кадар од целиот свет, којшто има долгогодишно искуство во меѓународното образование – објаснува Ристовски.

Тој посочува дека во „Нова" постои значителен интерес за програмата за фудбал која не е резервирана само за момчињата и секоја година повеќе од 30 средношколци (машки и девојчиња) се регистрираат како членови на фудбалските тимови. Тие тренираат заeдно вo текот на сезоната (од почеток на септември до средина на ноември) и на крајот на сезоната учествуваат на вакви меѓународни турнири.

Ѓоковиќ за еден час игра го победи младиот Беретини и му се приближи на Надал на тронот

Во Лондон почна завршниот АТП турнир на сезоната , а во првиот меч Новак Ѓоковиќ славеше против Италијанецот Матео Беретини до 6-2,6-1 за еден час игра.

Ѓоковиќ се бори со Рафа Надал за првото место на ранг-листата на АТП, при што Беретнини го имаше својот прв настап во финалето на АТП. Во оваа група вечерва играат Роџер Федерер и Доминик Тием, додека во другата група се Надал, Русинот Данил Медведев, Гркот Стефанос Циципас и Германецот Александар Зверев.

Надал има 640 бода предност пред Ѓоковиќ, а во финалето на АТП секоја победа во групата е вредна 200 бода, во полуфиналето 400, а триумфот во финалето носи 500 поени.

15- годишниот турски фудбалер , најмлад голгетер во историјата на Европа

Младиот фудбалер Емре Демир ја испишува историјата на турскиот фудбал.

Младиот турски фудбалер, член на првотимецот Кајзериспор го постигна својот прв сениорски гол на три години пред да стане полнолетен.

Неговиот клуб беше поразен на гостувањето во Анкара од Генчербирлиги со 1: 2, но Демир постигна гол што дефинитивно ќе биде запаметен некое време. Тој не само што е најмладиот стрелец во Турција, туку и низ цела Европа.

Демир, кој има 15 години и девет месеци, го направи своето деби за сениорскиот тим на Кајзериспор во второто полувреме и постигна гол во 71. минута.

Рекордот на најмладиот стрелец на турската супер лига досега му припаѓаше на Енес Унал, кој постигна гол против Галатасарај во дресот на Бурсаспор на 25.08.2013 година. Тој во тоа време имаше 16 години.

Рекордот за најмлад стрелец во  Европа од септември го чуваше  Мејсон Гринвуд, напаѓачот на Манчестер Јунајтед, кој постигна гол на 17-годишна возраст.

притисни ентер