ПСК „Голак" ја заврши маркацијата на планинарската патека „Средна"

 Планинарскиот-спортски клуб „Голак” Делчево ги постави сите патокази на планинарската патека „Средна”, со што целата патека е комплетирана и е ставена на располагање во туристичката понуда на Општина Делчево. 

Како што информираше Љупчо Чучуковски, претседател на ПСК „Голак”, кој заедно со уште неколку членови ја маркираа патеката, истата е во должина од 12 километри и се простира на потегот од село Нов Истевник до село Разловци.

-Патеката почнува од село Нов Истевник (Балабанска Маала), продолжува преку Истевнички Кукуље на 880 метри надморска висина, врвот Бејаз Тепе (Бела Планина), се до село Разловци кое се наоѓа на 690 метри надморска висина. Една интересна патека во вкупна должина од 12 километри, која е препорачлива за сите планинари, авантуристи, вљубеници во природата, собирачи на печурки и чаеви, вели Чучуковски.

Како што додаде, проектот е комплетно финансиран од Општина Делчево.

-Во наредниот период ќе се уредува туристичкиот локалитет Истевнички Кукуље. За реализација на овој проект за кој имаме финансиска поддршка од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, предвидено е подготвување потребна инфраструктура за една ваква атракција и тоа во форма на придружни објекти (фото-летниковци, маси, клупи, канти за отпад и др.), како и инфо табли со основните податоци од локалитетот, додаде Чучуковски.

За промоција на „Истевнички кукуље” согласно со проектот предвидено е изготвување на печатена брошура за туристичкиот локалитет, како и негово ставање во програмите на туристичките субјекти, како готов туристички производ на општина Делчево.

Руски воен авион се урна во близина на Крим

Руски воен авион денеска се урна во морето во близина на кримското пристаниште Севастопол, изјави гувернерот на регионот назначен од Русија.

„Пилотот безбедно се катапултирал и бил спасен. Цивилни објекти не се оштетени“, изјави гувернерот на Севастопол, Михаил Развозаев, пренесува Ројтерс.

Претходно руските канали Телеграм објавија дека руски борбен авион Су-35 се урнал во близина на Севастопол.

Не е јасно како дошло до инцидентот.

Таравари на панел дискусијата за интеграција на лицата со попреченост

Претседателот на Алијансата за Албанците и кандидат за претседател од коалицијата ВРЕДИ, Арбен Таравари, заедно со претседателот на Движењето Беса, Билал Касами, учествуваа на важна панел дискусија .

Претседателот на Алијансата за Албанците и кандидат за претседател од коалицијата ВРЕДИ, Арбен Таравари, заедно со претседателот на Движењето Беса, Билал Касами, учествуваа на важна панел дискусија за интеграцијата на лицата со попреченост во општеството.

На панел дискусијата се разговараше за потребите и барањата на оваа значајна категорија.

Темата за интеграција на лицата со попреченост во општеството е многу важно прашање за кое е важно да се има широка свест и соработка на општествено и политичко ниво, а учеството на Таравари на овој панел ја покажува неговата посветеност да се справи со проблемите со кои се соочуваат оваа категорија лица и да се промовира поинклузивно и еднакво општество за сите.

Покрај дискусијата за потребите и барањата на лицата со попреченост, важно е оваа дискусија да води кон конкретни акции и политики ориентирани кон нивна поддршка, се наведува во соопштението.

Јапонската сонда, иако немаше добар старт, ги надмина сите очекувања-преживеа втора лунарна ноќ

Јапонската сонда SLIM немаше одлично слетување на Месечината - слета на нос и брзо остана без струја.

Сепак, таа ги надмина овие проблеми, успеа да оживее, а сега да ја преживее втората лунарна ноќ и да испрати нови слики на Земјата.

- Синоќа добивме порака од СЛИМ, која потврди дека леталото по втор пат ја преживеа лунарната ноќ. Откако изгреа сонцето, сè уште беше високо, а опремата премногу жешка, па направивме само неколку снимки од необичниот пејзаж со навигациската камера - објави JAXA, јапонската вселенска агенција, на Икс (Твитер), додавајќи:

- Според собраните податоци, некои температурни сензори и неискористени ќелии на батерии почнуваат да откажуваат, но повеќето од функциите што ја преживеаја првата лунарна ноќ успеаја да преживеат и по втората лунарна ноќ.

На 19 јануари SLIM успешно слета на Месечината, со што Јапонија стана петта земја (по СССР, САД, Кина и Индија) која успешно изврши таканаречено меко слетување. Иако ја постигна целта и слета на само 55 метри од целта, сондата слета на нејзиниот нос, предизвикувајќи проблеми со напојувањето поради што таа се исклучи по помалку од половина час работа на површината на Месечината. Повторно беше вклучен по околу една недела, но беше исклучен на 1 февруари поради почетокот на лунарната ноќ.

На SLIM неодамна му се придружи американското вселенско летало Одисеја, прво испратено на површината на Месечината од 1972 година, но не успеа да ја преживее лунарната ноќ. Дури и индиското вселенско летало Викрам, кое слета во август, но престана да работи откако ќе се стемни, не можеше да ги преживее екстремно ниските температури во текот на лунарната ноќ.

притисни ентер