Лепа Брена откри како успеала да изгуби речиси 17 килограми и што јадела

Лепа Брена владее со музичката сцена во регионот веќе 35 години , а освен по песните , позната е и по добриот изглед , пишуваат српските медиуми.

Пејачката откри дека изгубила дури 17 килограми, и призна дека една од причините што ја мотивирала да ослабне е коментар на келнер во хотелот каде што настапувала.

„Очекував да дојде пејачка , а не да дојде трафостаница“, коментирал келнерот пред бендот на Брена.

Брена го слушнала и признала дека ја погодило.

"Секако, тоа ме повреди, многу сериозно. Исто така, ме охрабри Кога изгубив 10, 12, 13 килограми, тогаш решив навистина да го доведам моето тело до совршенство", изјави пејачката.

Таа откри и што јаде.

"Во утринските часови, обично јадев едно или две јајца. Гледав да бидат органски јајца. За ручек, обично многу посна супа без маснотии, без тестенини, всушност малку вода во која  само ќе се обареше зеленчукот, а не да се вари зашто тогаш не добивате никакви витамини. И секогаш имаше некое месо на  скара или варено, бидејќи тоа е многу полесно да се свари во желудникот“, вели Брена.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Moj TIM ❤️👍🍷💪The best one🗽🗽🗽🗽

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa) on

Таа истакна дека е многу важно последниот оброк да биде во 6 или 7 навечер.

„Мора да биде нешто многу, многу лесно. Може да ги бидат истите јајца, парче пилешко, парче риба, се разбира со салата“, рече таа.

Брена открила дека за шест месеци од 84 килограми стигнала на 67 со оваа диета.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Vidimo se 20.10. Stark Arena💪💋❤️@karim_fatal Jamajca

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa) on

"Бев воодушевен од себе. Беше прекрасен стимул, нова енергија. Тогаш си реков дека никогаш повеќе нема да го дозволам тоа. Треба да бидете искрени со себе, да застанете пред огледало без облека и да си признаете себеси. Затоа што треба да бидете убави за себе, тоа е поентата. Јадете храна што нема да ве направи дебели, консултирајте се со експерти.Сите мора да разберат дека одличните резултати сепак се постигнуваат преку одлична работа и откажувања. Верувајте во себе. “, советува Брена.

Избрани петте естетски најуспешни автомобили на деценијата

Кога станува збор за естетиката , не може да се донесе прецизна оценка , се додека не се употреби и науката.

Токму тоа го направи британскиот Carwow , кој одлучи да го примени златното правило за естетика врз автомобилите. Математички базираниот структурен термин се користи во уметноста со векови, и едноставно кажано, тоа е начин да се одреди естетска вредност со делител од приближно 1,6 што е златниот број на убавина.

Доколку се примени овој закон, во кој помалиот дел кон  поголемиот се однесува како поголемиот према целината, се добива неочекувана листа. Најубавиот автомобил во изминатата деценија е малиот Смарт, бидејќи златното правило за убавина го исполни со 98,83%.

Во топ 5 се рангирани и  Volkswagen Up! (98,62%), Opel Mokka (98,57%), Тоyota Corolla (98,56%) и Nisan Micra (98,55%). Ако се прашувате каде се супер автомобилите на Lamborghini, знајте дека се на дното, некаде околу 500-тo место . Најгрдиот автомобил на ова тестирање е Ford Fiesta ST на 626.  место со само 34,31% поклопување со  древното правило за убавина .

Разделба на ќерката од таткото , осуден на затвор поради три кубика дрва

Денеска на социјалните мрежи ворегионот се шири фотографија на која се разделува татко и неговата ќеркичка , затоа што тој оди во затвор.

Станува збор за Босанецот Фикрет Дедиќ , кој оди на отслужување шестмесечна казна затвор , зашто исекол три кубика дрва од државна шума.

Неговата сопруга Рамиза вели дека тој сечел дрва во шумата зашто немаат пари , а треба да се згрее скромниот дом , каде живеат со три деца . Таа вели дека по објавувањето на фотографијата на Фејсбук , почнале да доаѓаат хумани луѓе за да им нудат помош.

Ни Фикрет ниту Рамиза немаат работа ,а работат сезонски за да го прехранат семејството. Неговиот пријател во објавата на фејсбук објави дека Фикрет не сакал да краде од продавница или од луѓе , туку отишол во државна шума , ги исекол дрвата и ги пренел до дома на грб.

Сите нови автомобили ќе мора да задолжително да имаат пет системи

Земјите-членки на ЕУ конечно се согласија за промени во новите автомобили и комбиња и нивната опрема за безбедност.

Почнувајќи од 2022 година, сите нови возила на продажба во ЕУ, ќе имаат приклучок Алколок, црна кутија, автоматски систем за сопирање и систем за предупредување за менување лента (освен ако не се вклучени индикаторите за вртење).

Исто така, дизајнерите на сите нови автомобили и комбиња ќе треба да понудат форма за предниот дел на возилото, што ќе го намали ризикот од повреди на пешаците и велосипедистите при судир.

Алколок ќе обезбеди опција за оние кои биле казнети поради возење под дејство на алкохол , задолжително да направат алкотњест пред да го стартуваат автомобилот, а во спротивност , се вклучува систем , што не му дозволува на автомобилот да тргне.

Доколку возачот има  недозволено количество алкохол, нема да можат да го стартуваат моторот на возилото.

Што се однесува до црната кутија, таа ќе ги сними податоците за телеметрија пред, за време и по сообраќајна несреќа.

притисни ентер