Од следната година сите мобилни ќе се полнат со единствен полнач

Комисијата за внатрешен пазар и заштита на потрошувачите на Европскиот Парламент расправаше за обврската да се воведе единствен полнач за сите мобилни и помали електронски уреди.

Потпретседателот на европските социјалисти Билјана Борзан рече дека стандардизацијата на полначите може да започне следната година.

„Ова е многу добра вест за граѓаните! Секој од нас има неколку стари полначи по фиоките и постојано купуваме нови. Некои полначи ја зголемуваат цената на уредот, така што оваа стандардизација, која ќе обезбеди единечен полнач за сите типови мобилни телефони и евентуално други мали електронски уреди, ќе доведе до значителни заштеди за граѓаните “, рече Билјана Борзан.

Ние трошиме за една година колку што природата произведува за 18 месеци. Само количеството на електронски отпад расте од три на пет проценти секоја година низ земјите на ЕУ.

„Мерките преземени досега од Комисијата, кои беа доброволни, не дадоа резултати. Производителите не одговорија затоа што различни полначи го зголемуваат профитот за секоја генерација мобилни телефони. Со стандардизирање на полначите за половина од електронските уреди, потрошувачите ќе заштедат повеќе од половина милијарда евра до 2021 година “, објаснува Борзан.

51.000 тони полначи се фрлаат на годишно ниво во околината. Ова е причината зошто се водат консултации за тоа дека полначите треба да бидат стандардизирани и законските одредби би можеле да бидат донесени уште следната година.

„Сакам да истакнам дека стандардизацијата на полначите треба да биде само еден мал чекор кон поодржлива потрошувачка.“, вели Борзан.

Избрани петте естетски најуспешни автомобили на деценијата

Кога станува збор за естетиката , не може да се донесе прецизна оценка , се додека не се употреби и науката.

Токму тоа го направи британскиот Carwow , кој одлучи да го примени златното правило за естетика врз автомобилите. Математички базираниот структурен термин се користи во уметноста со векови, и едноставно кажано, тоа е начин да се одреди естетска вредност со делител од приближно 1,6 што е златниот број на убавина.

Доколку се примени овој закон, во кој помалиот дел кон  поголемиот се однесува како поголемиот према целината, се добива неочекувана листа. Најубавиот автомобил во изминатата деценија е малиот Смарт, бидејќи златното правило за убавина го исполни со 98,83%.

Во топ 5 се рангирани и  Volkswagen Up! (98,62%), Opel Mokka (98,57%), Тоyota Corolla (98,56%) и Nisan Micra (98,55%). Ако се прашувате каде се супер автомобилите на Lamborghini, знајте дека се на дното, некаде околу 500-тo место . Најгрдиот автомобил на ова тестирање е Ford Fiesta ST на 626.  место со само 34,31% поклопување со  древното правило за убавина .

Разделба на ќерката од таткото , осуден на затвор поради три кубика дрва

Денеска на социјалните мрежи ворегионот се шири фотографија на која се разделува татко и неговата ќеркичка , затоа што тој оди во затвор.

Станува збор за Босанецот Фикрет Дедиќ , кој оди на отслужување шестмесечна казна затвор , зашто исекол три кубика дрва од државна шума.

Неговата сопруга Рамиза вели дека тој сечел дрва во шумата зашто немаат пари , а треба да се згрее скромниот дом , каде живеат со три деца . Таа вели дека по објавувањето на фотографијата на Фејсбук , почнале да доаѓаат хумани луѓе за да им нудат помош.

Ни Фикрет ниту Рамиза немаат работа ,а работат сезонски за да го прехранат семејството. Неговиот пријател во објавата на фејсбук објави дека Фикрет не сакал да краде од продавница или од луѓе , туку отишол во државна шума , ги исекол дрвата и ги пренел до дома на грб.

Сите нови автомобили ќе мора да задолжително да имаат пет системи

Земјите-членки на ЕУ конечно се согласија за промени во новите автомобили и комбиња и нивната опрема за безбедност.

Почнувајќи од 2022 година, сите нови возила на продажба во ЕУ, ќе имаат приклучок Алколок, црна кутија, автоматски систем за сопирање и систем за предупредување за менување лента (освен ако не се вклучени индикаторите за вртење).

Исто така, дизајнерите на сите нови автомобили и комбиња ќе треба да понудат форма за предниот дел на возилото, што ќе го намали ризикот од повреди на пешаците и велосипедистите при судир.

Алколок ќе обезбеди опција за оние кои биле казнети поради возење под дејство на алкохол , задолжително да направат алкотњест пред да го стартуваат автомобилот, а во спротивност , се вклучува систем , што не му дозволува на автомобилот да тргне.

Доколку возачот има  недозволено количество алкохол, нема да можат да го стартуваат моторот на возилото.

Што се однесува до црната кутија, таа ќе ги сними податоците за телеметрија пред, за време и по сообраќајна несреќа.

притисни ентер