Потребни состојки : 4 модри патлиџани, 3 домати, 250 гр. мелено месо, 1 главица кромид, брашно по потреба, масло по потреба, 5 јајца, 500 мл. млеко, зачин од сув зеленчук, малку магдонос, сол и бибер по желба.
Постапка:
Модрите патлиџани се сечат и се зачинуваат со сол.
Се валкаат во јајца и брашно и се пропржуваат во тава со загреано масло.
Во друга тава со загреано масло се пропржува сечканиот кромид.
Се додаваат сечкани домати и се продожува со пржењето.
Се додава мелено месо и се продолжува со пржењето уште 10 - тина минути.
Се зачинува со: зачин од сув зеленчук, бибер и магдонос по желба.
Во земјена тава се реди модар патлиџан и се додава мелено месо.
Истата постапка се повторува и со останатите модри патлиџани и меленото месо.
Одозгора, последни се редат модрите патлиџани.
Се полеваат со смеса од матени јајца и млеко.
Се пече во загреана рерна околу 25 минути на 250 степени.