Вчерашниот прв дел од сослушувањето заврши тензично, откако претседателката на судот го заврши рочиштето и следеа слогани и дофрлања меѓу поддржувачите на „Златна Зора“ и семејството и пријателите на убиениот музичар Павлос Фисас, а меѓу двете страни се најдоа фоторепортери и силно полициско обезбедување.
Мајката на убиениот Павлос Фисас, негови роднини и пријатели извикуваа „убиец“ кон Михалољакос, по што поддржувачите на Златна Зора го скандираа нивниот партиски слоган „Крв, Чест, Златна Зора“, за веднаш да добијат одговор од другата страна „Павлос е жив, уништете ги нацистите“.
Специјалните полициски единици формираа два коридори, за двете страни да не дојдат во директен контакт и за да се избегнат инциденти./МИА.