Се продава најлуксузниот Мерцедес од 80 –тите , целосно ,,нов” (ФОТО)

Вистинска временска капсула се појави во германските огласи.

Серијата „Мерцедес 500“ е една од најуспешните Мерцедеси, заедно со нејзините помали браќа, но исто така и наследникот, легендарниот геншер. И меѓу нив, 560 СЕЛ има посебно место и статус на легенда. Со безвременски дизајн, кралска удобност и 299 КС на моќниот 5,5 V8 мотор, овој автомобил е сè уште поим.

Една таква лимузина е на продажба на mobile.de. Она што го прави посебен е тоа што по 33 години од производството, тој поминал ни повеќе ни помалку, туку само 46 км. И бидејќи  никогаш не бил регистриран, Мерцедесот се евидентира како нов.

Иако сопственикот го фали како нераспакуван примерок , фотографиите докажуваат дека навистина е така. Сè е на своето место, како да е сега 1986 година кога би произведен .

Точно, кабината ги покажува годините во некои детали, но затоа седиштата изгледаат како никој да не седнал на нив сите овие години.

Позната е и цената. Продавачот бара за овој Мерцедес 150.000 евра, забележувајќи дека е „тешко да се пресмета вистинската вредност на автомобилот“.

Почина пејачката на групата Роксет

Шведската пејачка Мари Фредриксон од поп-дуото Роксет почина на 62-годишна возраст, пренесува BBC.

Мари долго време се бореше со тумор на мозокот, објави нејзиниот менаџер. Во изјавата се вели дека таа починала во вторникот, 9 декември, „по 17-годишна битка со ракот“ и дека ќе биде погребана во кругот на најблиското семејство.

Пејачката открила во 2002 година дека имала тумор на мозокот. Лекарите тогаш и дале само 20 проценти шанса да се подобри, но по долгата и агресивна терапија, туморот се повлекол. Поради хемотерапија, таа остана без вид на  едното око и со оштетен слух. Имаше проблеми и да зборува со месеци по хемо терапијата.

Таа зад себе го остави сопругот Микаел Болиос и двете деца, 26-годишната ќерка Инез Јозефин и 23-годишниот син Оскар.

"Времето лета навистина брзо. Не толку одамна, поминувавме денови и ноќи во еден мал стан, споделувајќи невозможни соништа. И каков сон што конечно го добивме за да го споделиме! Чест ми е што го сретнав твојот талент и дарежливост. Цела моја љубов ја испраќам до тебе и твоето семејство „Работите веќе нема да бидат исти“, објави Пер Гесл од Роксет.

Мари Фредриксон, е родена на 30.05.1958 година. Таа беше шведска поп-пејачка, текстописец, пијанистка и сликарка, најпозната како дел од поп-рок дуото Роксет, кое го основаше во 1986 година со Питер Гесл.

Дуото постигна меѓународен успех кон крајот на 1980-тите и почетокот на 90-тите години со Look Sharp! (1988) и Joyride (1991).

Меѓу најпознатите песни на групата Roxette се The Look, Joyride и It Must Have Been Love. Тие го издадоа својот последен заеднички албум во 2013 година.

Скопјанец останал без вид на едното око по операција, две години се обидува да ја исправи лекарската грешка

Од оперирано перде на десното око останал без вид на окото. Славољуб Манев од Скопје две години ја бара правдата, но и лекот за неговиот вид.

 Тој пред две години бил  опериран во градската општа болница „8-ми септември“ , но наместо на подобро одело на полошо.

Тој стапил во контакт со докторот и добил ветување и договор со приватна очна болница во Скопје, каде дел од интервенцијата ја платил докторот и тука завршила комуникацијата со докторот. Славољуб заминал и во Бугарија, каде му рекле дека има голем пропуст и единствена шанса му е интервенција во Русија.

Од раководството на болницата за канал 5 рекоа дека за овој случај има судски процес и дотогаш не може да дадат никаков коментар. Докторот во телефонски разговор објасни дека е запознаен со случајот и објаснување ќе даде утре.

По ерупцијата на вулканот, Нов Зеланд го стресе силен земјотрес

Неколку часа по смртоносната ерупција на вулканот на новозеландскиот Бел остров, Нов Зеланд го погоди и земјотрес.

Потресот е со јачина од 5,3 степени според Рихтерова скала, а епицентарот е лоциран на северниот остров.

Засега нема информации за евентуални жртви, ниту за предизвикана материјална штета. Епицентарот на умерениот удар бил на релативно мала длабочина од 25 километри, а регистриран е во близина на местото Гибсорн, на околу 150 километри од вулканот, што вчера имаше силна ерупција. При вулканската ерупција загинаа најмалку пет лица, а исчезнаа и неколку други.

Белиот остров е ненаселен и сите загинати, исчезнати и повредени биле туристи.

притисни ентер